Alfa Romeo Logo

Модели

Бренд

BLOCK-1ЕМОЦИЈА КОЈА ВНЕСУВА ИНОВАЦИИ

Јавноста ѝ посака добредојде на првата Alfa Romeo со голем аплауз и одушевување во поглед на перформансите. Стануваше збор за успех кој допрва се наоѓаше пред предизвикот да се докаже низ времето кое доаѓа: за автомобилските ентузијасти ширум светот, симболот на Alfa Romeo денес, повеќе од било кога досега, е олицетворение на бескрајна иновација и чисто задоволство при возењето.

ЕМОЦИЈАТА Е СТРАСТ

Во 30тите, легендарните победи на P2 ја пoзиционираа Alfa Romeo на врвот на листата на производители на автомобили. Денес, исто како и досега, возилата на Alfa Romeo се создадени со цел да ги постигнат најдобрите технички перформанси и да го максимизираат искуството на возачот за време на возењето: ние не создаваме коли, ние креираме автомобили во секоја смисла на зборот.

ЕМОЦИЈАТА Е УБАВИНА

Карактерот на Alfa Romeo се поврзува со различни ери и модели: почнувајќи од епскиот модел 6C 2500 “Freccia d’Oro” , па сé до поновите верзии и модели. Вечна убавина, која не зависи од актуелните диктирани трендови, секогаш способна да воодушеви сечие око и да допре до сечие срце. Во било која верзија и модел на Alfa Romeo, заедничко е следново: моќта е во убавината и убавината е во моќта.


ЕМОЦИЈАТА Е ВО УПОТРЕБЛИВОСТА

Во 1954, Alfa Romeo Giulietta докажа дека добриот дизајн и удобност можат одлично да бидат усогласени во едно возило и да бидат доживеани од секого. Истата визија, фокусирана кон корисникот, е препознатлива и ден денес во паметните и чувствителни решенија, ориентирани кон самиот возач.

 

Ви треба информација? Разговарајте со нас