Alfa Romeo Logo

Модели

Дизајн

BLOCK-1
ПРОЦЕС НА СОЗДАВАЊЕ

Создавањето на логото како заштитен знак и симбол на Alfa Romeo датира од 1910, годината кога Alfa беше создадена во Милано. Двата добро-познати симболи го вклучуваат црвениот крст од општинскиот грб и змијата на Visconti, кои станаа заштитен знак на Ломбардискиот производител на автомобили. Со почеток од раните години во рамките на 20от век, логото ја задржа својата автентичност и беше проследен со неколку промени.

ОБЕЛЕЖЈА ЗА РАСПОЗНАВАЊЕ

Првото лого датира од периодот од 1910 па сé до 1915. Името A.L.F.A. кое е кратенка за Anonima Lombarda Fabbrica Automobili, се провлекуваше од самиот почеток, опколено со хералдички симболи на домаќинството Visconti во заоблена форма. Кругот поделен на два дела содржи црвен крст на бела позадина на левата страна, додека десната страна содржи змија-змеј на семејството кое го проголтнува својот непријател. Зборовите Alfa и Milano беа одделени со савојски јазли, кои логото ги интегрираше сé до падот на Италијанската монархија.

МОДИФИКАЦИИ

Оригиналното лого Alfa Romeo ги претрпе првите промени во 1915, кога инженерот Nicola Romeo ја превзема компанијата и на тој начин неговото презиме беше додадено во логото, проследувајќи го како “Alfa Romeo”.
Во меѓувреме, победата однесена на P2 и првата светска титула додадоа нов елемент на заштитниот знак: ловорова круна во сребрено-метална позадина вдолж целиот раб. Ригорозниот режим кој следеше веднаш по завршувањето на војната, проследен со уништувањето на првобитниот оригинален облик, водеше кон поедноставен, единечен по боја, заштитен знак. Со прогласувањето на Италијанската Република, двата савојски јазли исчезнаа од заобленото поле и штит, соодветно заменувајќи ги со брановидни линии. Во 1950те, заштитниот знак беше вратен назад кон неговата претходнo-обоена слава, додека во 1972 беше донесена одлука да се отстрани зборот Милано од логото, како резултат на отвoрањето на новата погонска единица Alfa Sud близу Наполи.

РЕСТИЛИЗИРАЊЕ ОД ПОНОВО ВРЕМЕ

Најновите рестилизирања датираат од 1980те, кога логото го зголеми својот дијаметар и ловоровата круна беше остранета. За обожавателите на Alfa ширум целиот свет, логото на Alfa Romeo секогаш претставувал симбиоза на страст и спортски дух; симбол на вистински и оригинални вредности, бескрајна љубовна врска.

BLOCK-3

ПРЕДЕН ДЕЛ

Препознатливо обележје на автомобилот, предниот дел го прави моделот и автомобилот препознатлив на прв поглед. Ова е вистинската приказна за Alfa Romeo, традиционален спортски бренд каде што предниот дел е и атрактивен и агресивен,
следејќи ги квалитетот и софистицираноста на врвното инженерство.

ПОТЕКЛО

На 24 HP во 1910, големиот исправен радијатор беше опколен со двострани фенери кои испуштаат гасови. 20 години подоцна, позицијата на предниот дел веќе стана повпечатлива и озборувана, со додадената заштитна решетка. Со напредокот на новите машински процеси, формите стануваа помеки и подинамични: веќе стана невозможно да не се забележи – на почетокот кај 8C 2900 B Lungo, подоцна на Villa d’Este -форма на логото со дополнителни процепи.

“TRILOBO”

Доаѓањето на добро-познатиот троделен trilobo мотив со централен штит и иконските странични бакенбарди придружени со округли предни светла, беше најавенo по лансирањето на Giulietta. За време на модерната “рационална” ера, целокупната ширина на предниот дел беше завземенa со интегриран довод на воздух, спојувајќи ги штитот и предните светла. 
Токму овие карактеристики беа најподложни на варијации: предните светла беа округли кај GTA, правоаголни кај Alfasud и трапезоидни кај Alfa 75. Кај моделот 164 и GTV/Spider, логото ја врати претходната позиција лоцирана на
хаубата, подоцна кај моделот 156, повторно си ја поврати доминантната позиција на предниот дел, поместувајќи ја таблицата на автомобилот на страна. Во последните години, автомобилите на Alfa Romeo повторно се вратија кон епскиот ‘trilobo’ мотив– на пример моделот 147 или пак 8C Competizione – како означување на новите врски во рамките на семејството со моделот Brera.

МОДЕРНИЗАЦИЈА

Предниот дел е сеуште елемент на распознавање, дури и кај најновите модели на Alfa Romeo. Тоа посебно се истакнува кај предниот дел кај Alfa Mito која располага со значително ниво на потребен довод на воздух со цел да ѝ овозможи на единицата за постигнување на моќност да дише, стилизирана верзија на класична решетка и заштитен знак сместен на хаубата. Предниот дел на новата Giulietta од друга страна се развива околу формата на класично лого, есенцијален елемент кој е поместен во сосема нова позиција која се наоѓа помеѓу доводите на воздух.

BLOCK-5

ТРКАЛАТА

Префинетите тркалата на автомобилите на Alfa Romeo се непогрешливи кога станува збор за хармонија и елеганција. Овој белег на препозналивост е резултат на долгогодишната тенденција кон врвни форми и материјали.

ТРАДИЦИЈА

Тркалата на првиот автомобил Alfa со 24 HP, преку своите 12 по број масивни дрвени краци скроени по мерка, ја креираа стартната основа за почеток на патешествието со Alfa Romeo, во насока на креирање на тркалата како што се креираат и денес. Големата тежина на тркалата од скоро доведе до потреба за развивање на полесна категорија.
Во некои случаи, тркалата беа покриени со обилни хемисферични алуминиумски капсули: еден таков пример е прекрасната Villa d’Este, победник на натпреварот за стил кој го превзема името токму од неа. Масовното производство што започна по крајот на втората светска војна, бараше пресирани челични рабови со дупки и покривки од хром. Примероци од овој тип се вклучени во автомобилот Giulietta создаден во 1954 и кај верзијата Giulia saloon во 1962. Да не се заборави и моделот 6C CM кој вклучува допирни рабови и надвиснати предни рабови, дизајнирани со цел да го прифатат остатокот од шарките (зглобовите) на дисковите за кочење.

ИНОВАЦИЈА

Желбата за креирање на побрзи тркачки автомобили доведе до потребата за создавање на лесни алуминиумски тркала: како оние аплицирани на TZ, на TZ2 па сé до 33 Stradale. Конкавната подлога на последниот модел е навистина вредна да се истакне. Овие тркала се следствено имплементирани на врвни специјални верзии во стандардното производство на автомобили, како на пример кај 156 (Тркала во форма на звезди со заоблени вдлабнатини) и кај 147 GTA.
Тркалата произведени за Alfa Mito, од друга страна, поседуваа поширок канал. Овој избор овозможи евидентен напредок во справувањето со перформанси, како резултат на поголемиот отпечаток на гумите на земја. Дизајнот на вдлабнатината, во поинакви интерпретации, беше последователно репризиран кај новата Giulietta, сé до Quadrifoglio Verde верзиите.
Развојниот процес продолжува, како во поглед на навраќање на старите дизајни, така и во пронаоѓање на нови неоткриени области.

BLOCK-7

РАЧКА

Овој детал се развивал најмногу досега во историјата на Alfa Romeo. На многу наврати, направени се обиди да се создаде и интегрира за време на фазата на дизајн, во други наврати тој станал дел од самиот дизајн.

ПРВИЧНИ МОДЕЛИ

Во првите модели, рачката изгледала како адаптирана верзија на нормални влезни рачки на врати или пак биле применети рачки кои биле постоечки во други контексти: рачката кај 24 HP е реминисценција на рачка од орман, додека кај верзиите 20-30 интегрирана е рачка слична како оние кои и ден денес можат да се сретнат во куќи и домови со одреден стандард.

КЛАСИЧНИ РАЧКИ

Во годините што следеа, по интегрирањето на светот на моторите, рачките почнаа да наликуваат како оние на автомобилите (рачките на 2000 Sportiva беа штотуку создадени), иако поседуваа привремен изглед сé до годините после втората светска војна. Рачките кои денес се нарекуваат класични, се всушност оние што се дизајнирани во периодот од 1950те до 1960те: хромирани, ергономични и со отворање со помош на копче. Истите вакви рачки се интегрирани во Giulietta Sprint и Giulia.

СЈАЈНИ РАЧКИ

За време на трите декади во 60тите, 70тите и 80тите, внимателно изработениот дизајн доведе до вдлабнати рачки кои делуваат како една целина со телото на возилото и не се истакнати. Три примери го прикажуваат овој момент: Giulia GT, Alfetta GTV и Alfa 164.

НАВРАЌАЊЕ НАНАЗАД

Во 90тите, рачката стана предмет на истражување и развој: Прилично тешки и масивни, со хромирани елементи во предниот дел, кои претставуваат идеална точка на поврзување на двата странични панели, додека задната рачка беше потопена во рамките на дрвениот столб, давајќи му на автомобилот спортски купе изглед и форма. Истото решение беше репризирано кај моделите 147, GT и Mito, додека кај моделите од новото семејство на 159 беа апллицирани рачки со хромирана триаголна плоча-ова беше посебно видливо на страничниот панел, правејќи го овој веќе созреан автомобил уште попредизвикувачки. Различните обележја на поранешните интегрирани рачки се појавуваат повторно дури и кај новите скорешни модели: елегантен финиш на задните рачки кој беше применет во дизајнот на новата Giulietta.

BLOCK-9

МАТЕРИЈАЛИ

Материјалите во себе интегрираат огледала, како дел од напредното автомобилско инженерство. Потребата за сила, светлина и перформанси наназад во историјата на Alfa Romeo придонесе секоја компонента да биде развиена и создадена користејќи различни материјали.

МЕТАЛИ

Едно од основните обележја на првиот автомобил кој датира од дамнешната 1910 година беше токму металот, користен не само за покривање туку и за самата структура на автомобилот. Уште еден материјал кој беше користен во поголема или помала мера низ различни периоди во минатото беше челикот: еден добар пример за тоа е користењето во изобилство на челикот за производство на AR51, позната уште и како “Matta”. Титаниумот од друга страна беше користен при структурни обележја кај шасиите на тркачките коли, како и кај системите за суспензија на моделите F1 179 F кои датираат од 1982. Како што времето одминуваше, алуминиумот и мешавини од алуминиумот беа се повеќе и повеќе користени и за механички компоненти, структурни компонентни, но и за самото тело на автомобилот. Ова е илустрирано кај моделот GTA кој датира од 1965та. Најновите изданија на гамата на Alfa Romeo користат алуминиум, високо-отпорен челик и магнезиум, на тој начин намалувајќи ја тежината на компонентите за 35%.

КОМПОЗИТИ

Вистинските неверојатни резултати започнаа да бидат видливи дури откако композитите првично користени за каросеријата, а подоцна и за целокупното тело на тркачките автомобили, не го зедоа својот замав. Ова беше случајот кај моделот 33 SC 12 (1977), кој користеше плексиглас, или пак кај моделот Gruppo C (1986), прототип изработен најмногу од кевлар. Овој процес е однесен до многу напредна фаза евидентна за време на натпреварот 8C Competizione, каде што јаглеродни елементи го правеа автомобилот едноставно уникатен, истото важеше и за Alfa MiTo со неговите инсертации од алуминиум и карбонски влакна.

ПЛАСТИЧНИ МАТЕРИЈАЛИ

Низ времето, пластичните материјали претставуваа ефтина варијанта исто како металот, дрвото и кожата. Во денешно време пластиката се смета за важен инструмент во процесот на дизајн: технологијата овозможи да се добиваат материјали кои се пријатни и на око и на допир: пластични материјали кои се меки и матирани. Нивниот дизајн, обработка и финиш им овозможуваат да бидат лесно комбинирани со други материјали и да се користат за внатрешно опремување дури и кај врвни класи на автомобили. Денес надворешните делови изработени од пластика се обоени и воопшто не се разликуваат ниту пак отскокнуваат во споредба со металните делови, исто така овозможувајќи заштеда во поглед на тежината и трошоците.

КОНТРОЛНА ТАБЛА

Како и кај секој друг автомобил, можеби со посебен акцент кај моделите на Alfa Romeo, контролната табла е несомнено еден од елементите по кои таа се разликува од останатите брендови. Контролната табла го отсликува развојниот процес на автомобилот, како и растот низ годините.

РАЗВОЈНИ ЗБИДНУВАЊА

Во 1910 година, беше сосема доволно да се поседуваат само неколку инструменти вдлабнати на едноставна дрвена штица, со цел да се создаде тогашната контролна табла. Како што нови модели доаѓаа и ја напуштаа сцената, контролната табла
добиваше покомплициран изглед. Бројот на инструментите растеше, а дрвото беше заменето со панелна табла, првично рамна, подоцна во помоделирана форма. По завршетокот на втората светска војма, стана типичен процесот на користење на синтетички материјали, како што се бакелит и перспекс, и тоа за копчињата и панелите: ова е посебно евидентно кај моделот Villa d’Este како и кај Giulia T.I.
На овој начин, постепено дојдовме до класичната заоблена форма на инструменталната позадина која е типична за сите контролни табли во рамките на гамата на Alfa Romeo, со RPM калкулатор и брзинометар кој се наоѓа во делот пред самиот возач. Кај тркачките и спортските автомобили како што се на пример TZ2 и 33 Stradale – брзинометарот беше поместен на една страна, пред самиот патник. Овие главни инструментални механизми беа надополнети со секундарни инструменти (гориво, масло и вода), со помал дијаметар и лоцирани во централниот дел на контролната табла: вакви примери се среќаваат кај моделите Duetto од 1966, Alfa 156 и за време на одвивањето на 8C Competizione.

СОВРЕМЕНИ СЛУЧУВАЊА

Скорешниот процес на развој доведе до креирање на контролна табла, која е овојпат повеќе од било кога досега ориентирана кон потребите на возачот. Чувството за возачот се идентификува со совршена контрола над возилото, како и безбеден и заштитен патнички дел во којшто се е на дофат на рака. Чувството на контрола од страна на возачот е надополнето со безбедност и удобност за патниците. Најновите форми на развој присутни кај контролната табла припаѓаат на најновата технолошка генерација на гамата на Alfa: силна контролна табла со интуитивен контролен дел и графика развиени специјално за возачот на Alfa Romeo Mito; хоризонтална контролна табла за новата Alfa Romeo Giulietta, обрнувајќи внимание кон затегнатите и светли линии на историската Giulietta од 1950те и дополнителните контролни функции во центарот.

Ви треба информација? Разговарајте со нас