4C Дизајн - Alfa Romeo Makedonija

4C

 Alfa Romeo Makedonija

4C

ВО ГЕНЕЗАТА НА СОНОТ

Нема простор за отстапки од сопствениот стил, дилеми околу удобноста или простор за изненадувања. Основата на Alfa Romeo 4C е сосема едноставна: чисти и врвни перформанси. Секој најмал детал во поглед на дизајнот е создаван имајќи го на ум токму ова.
Срцето на вистински звер, лоцирано во централно-поставениот мотор,   станува евидентно и видливо уште од задниот прозорец.
Секој понатамошен елемент на овој автомобил тргнува оттука. Заоблените кластери на задните светла се мешаат со силните задни крила, кои во себе ги интегрираат воздушните протоци од внатрешниот разладувач.  Енергичните и динамични странични делови се стеснуваат во совршен преден профил на предните светла, во чијашто внатрешност се наоѓаат две линии во V облик, кои се нурнуваат во решетка во форма на штит, која воедно претставува симбол на Alfa Romeo.
Финалниот резултат е автомобил кој го пренесува духот на мото-спортот. Секој структурен елемент е создаден во насока да надополни специфична аеродинамична функција и да помогне во создавањето на  брзина која е под влијание на аеродинамичниот дизајн, неопходна за максимална стабилност и цврстина на возилото при брзи свиоци.

МОТО СПОРТ

Влегувањето во Alfa Romeo 4C значи влегување во светот на мото-спортот.  4C го елиминира сето она што е проценето како непотребно и го задржува само основното, сè во функција на супериорни возачки перформанси.

Како за почеток, уникатниот состав на телото на возилото се состои од испразнети карбонски влакна. Во внатрешноста,  седиштата кои се подготвени за натпревар гарантираат удобност, но и правилно тркачко држење.  Седиштата се надополнети со зајакната структура на состав и посебен тип на полнење со сосема мала тежина. Тапацирањето е направено или со технички ткаенини или со кожа.
Во автомобилот 4C, секој најмал детал го одразува тркачкиот дух на Alfa Romeo. Воланот е  обликуван на самото дно. Контролната табла е направена од  термо-формирана кора, која ја поседуваат само супер- автомобили и тоа во лимитирај број. Контролните функции се ориентирани кон самиот возач, со цел да му понудат целосна контрола над атвмобилот. Графиката на инструменталниот панел поседува високо-професионален визуелен изглед и е видливо инспирирана од спортски возила и автомобили за трки. Алуминиумските педали и потпирачи за петици се последните детали во низата на еден навистина спортски карактер.

СОЗДАДЕНA ВО ИТАЛИЈА

Alfa Romeo ја донесе одлуката да го произведува 4C моделот во Модена и понатамошно да постави специјално-наменска единица во рамките на  Maserati. Сосема нова напредна технологија со врвен квалитет.

Во поглед на столбот и успехот кој стои позади 4C, луѓето се тие што ја прават разликата. Цела армија на технички експерти се посветени на производството на оваа нова  Alfa Romeo, експерти кои поминале 500 часа во специјални едукативни тренинзи и внимателно ги следеле развивањата и напредувањата на последните технолошки откритија во изминатите 10 месеци. Сите тие поседуваат високо ниво на длабинско познавање во сферата на техничките науки. Голем број на технички лица ја следат секоја фаза од процесот индивидуално, а на крајот и на секоја линија и фаза, притоа спроведувајќи ригорозни тестови за контрола на квалитетот. Финалната верзија на автомобилот е понатамошно предадена на експерти во делот на пробното возење, со цел спроведување на тестирање на динамичките перформанси под широк опсег на околности. Дури по завршувањето на оваа фаза, новата Alfa Romeo 4C може официјално да се оцени како подготвена за своето патешествие.

ИТАЛИЈАНСКО СОВРШЕНСТВО

Alfa Romeo 4C е дизајнирана од страна на  Alfa Romeo, додека производството е реализирано во рамките на погонот на  Maserati во Модена, но сепак, италијанското совршенство се забележува во секој поединечен елемент.

Најголемите италијански имиња во секторот, тековни снабдувачи на гигантски производители на супер-автомобили, имаа улога во создавањето на Alfa Romeo 4C:

  • Adler групација: Производител на карбонски автомобилски структури со итегрирана шасија во самиот автомобил
  • Emarc: Производител на заштитната шипка, на кутиите користени при удари и сите алуминиумски полици.
  • IMR: Производител на телото на автомобилот со композитни материјали.

Токму затоа Alfa Romeo 4C претставува синоним за совршено-произведен италијански дизајн во автомобилската индустрија.