4C Дополнителна опрема - Alfa Romeo Makedonija

4C

 Alfa Romeo Makedonija

4C

accessories block 1 full width image

Alfa Romeo 4C на располагање нуди различни можности за персонализација, како во естетски поглед, така и во делот на потенцирање на неговиот спортски карактер, кој му овозможува на возилото да ги задоволи барањата на сите персонализирани видови. На располагање се 6 бои за надворешноста на Alfa Romeo 4C: три пастелни (црна, бела и алфа-црвена), една металик (Basalto сива) и две три-слојни (Madreperla бела и Competizione црвена).

Рабовите на располагање, во зависност од различните големини и дизајни Ви овозможуваат да изберете помеѓу следниве бои: боја на челик или полиран изглед, кој дава дополнителен спортски изглед на автомобилот. Moжете да ја изберете дури и бојата на кочницата. Alfa Romeo 4C на располагање нуди 4 опции: сива (стандардна опција), црвена, жолта и црна.

Што се однесува до внатрешноста, Sabelt седиштата обвиткани со карбонски влакна, кои се пример за спортски седишта на пазарот, се нудат на располагање во 4 различни тапацирани бои: Како надополнување на стандардната црна ткаенина со црвено зашивање,можете да изберете црна или црвена кожа, или пак најврвната класа на кожа во својот опсег со микрофибер и црвени опшивки. Како надополнување на приказната, бојата која ја чини внатрешноста-црната стандардна-може да биде модифицирана со дво-тонски црвени додатоци, кои на внатрешноста и даваат дополнителен спортски и ексклузивен изглед.
Карбонските обвивки на предните светла и навлаката на контролната табла се две дополнителни опции на располагање кои додаваат карбонски влакна на целината, материјал со водечка улога во автомобилот и впечатлив уште од самата внатрешност, благодарејќи на видливо интегрирана структура на шасијата со телото на автомобилот, која се пренесува и на другите елементи од истиот.

Тркачкиот двојно-испуштачки ауспух, тркачкото подесување и AR тркачките гуми од друга страна како дополнителни, на Alfa Romeo 4C и даваат дополнително спортско чувство. Како надополнување на овие опции за автомобилот, на купувачите на Alfa Romeo 4C им е овозможена и цела серија од ексклузивни дополнителни алатки, како на пример 4C црвена покривка за автомобилот и Alfa Romeo 4C куфер на тркала.