4C Мотори - Alfa Romeo Makedonija

4C

 Alfa Romeo Makedonija

4C

ФОКУС КОН ЕФИКАСНОСТА

Долга нешто помалку од 4m, широка 2m и висока 118 cm. Опциите за дизајнот на Alfa Romeo 4C се идентично смели како и нејзините димензии. Наместо користење на екстремна моќност, беше донесена одлука за минимизирање на тежината. Овој предизвик ја подвлекува секоја компонента на автомобилот.

Резултатот е зачудувачки: ненатоварена верзија под 900 kg пропелирана преку 240 HP, давајќи тежина на моќниот сооднос кој е понизок од 4 kg/HP. Бројка која ветува оригинален супер-ватомобил со совршена агилност и перформанси. Импресивно малата тежина е постигната преку користење на ултра-лесни материјали како што се на пример карбонските влакна, алуминиум и мешавини од алуминиум, избрани во насока на постигнување на максимална динамична ефикасност. Брз, моќен и ефикасен. Новиот автомобил  4C, ги комбинира напредните материјали со иновативните процеси и вредности на  Alfa Romeo, кои создаваат една целина со висока концентрација на ефикасноста.

СИЛА ПРИ НИСКА ТЕЖИНА

Истите нудат широк спектар на предности во поглед на конвенционалните материјали, кои се “изотропични”, односно ги поседуваат истите карактеристики на сила за сите насоки на движење.

Карбонските влакна нудат широк спектар на предности во поглед на конвенционалните материјали, кои се “изотропични”, односно ги поседуваат истите карактеристики на сила за сите насоки.  Кај еднонасочните карбонски влакна, како резултат на истонасоченоста на сите влакна, деловите што се изработени од нив поседуваат сила која е зголемена дури за 5 пати.
Алуминиумот, како силен но исклучително лесен по тежина материјал, е користен за изработка на трупот на моторот, на самиот мотор, како и на предните и задни делови кои го штитат патничкиот дел од удари.
Во делот позади возачот, поставена е шипка од високо-цврст челик, со цел да спречат деформации во случај на тркалање. Напредни композитни материјали, кои претходно се сметаше дека е комплицирано да се аплицираат на производствениот модел, се интегрирани во рамките на иновативната структура на автомобилот. Во рамките на Alfa Romeo 4C, за надворешноста на телото на автомобилот користени се составни делови со ниска густина, со оглед на тоа дека истите гарантираат поголема стабилност од алуминиумот и 20% намалена тежина во споредба со рамниот челик.

Турбо моќната единица од 1750 cc кај 4C моделот е базирана на  state-of-the-art технологија за мотори. Инженерите на Alfa Romeo ја направија оваа технологија уште поагресивна и поефикасна.

4 цилиндри, алуминиумски труп на возилото и структура, сосема нова генерација на автомобили со турбо мотор, ултра-висок притисок, директно вбризгување на гориво, две континуирано варијабилни временски единици на работењето на вентилите, висока технологија на замена и дотур на свежо гориво преку цилиндерот, како и двојната спојка, му овозможуваат на овој  мотор со моќност од 1750 cc/единица да испорача досега невидени спортски перформанси.
Број на вртежи и специфична моќност кои достигнуваат нов рекорд во оваа големина и категорија на мотори. Максималната моќност од 240 HP е постигната со 6,000 rpm, потврдувајќи ја извонредната еластичност и динамичност на единиците. Произведува извонредни резултати и кога се подигнува и стартува, но и кога забрзува. Автомобилот Alfa Romeo 4C достигнува 100 km/h за само 4.5 секунди и развива максимална брзина од 258 km/h. И тоа не е се: ова импресивно ниво на перформанси е постигнато со минимално штетно влијание врз околината. Благодарејќи на  многукратната контрола на вбризгувањето и напредната технологија против триење, како и системите за намалување на загубата на енергијата, емисијата на штетни материи на  Alfa Romeo 4C се наоѓа во рамките на ограничувањата на категоријата Euro 6.

ПОГОН НА ЗАДНИ ТРКАЛА

Возачкото задоволство е резултат на внимателно балансираниот дизајн. Погон на задни тркала и централно поставен мотор: архитектурата на Alfa Romeo 4C е типична за автомобил за тркачки натпревари, во чијашто рамка совршената распределба на тежината е примарна цел.

Alfa Romeo 4C поседува погон на задни тркала, со цел да ги исползува во целост динамичките предности овозможени преку оваа конфигурација. Погонот на задните тркала овозможува подобра цврстина при забрзување, кога моторот ја исфрла тежината кон задниот дел на автомобилот. Погонот на задни тркала исто така овозможува справување со кривини при високи брзини, испорачувајќи многу поинтензивно искуство при возењето.
Алуминиумскиот мотор е централно поставен. На тој начин значително е намалена тежината, притоа елиминирајќи ја потребата од пропелерска оска и овозможувајќи оптимизирана распределбата на тежината  преку концентрација на масата блиску до централниот дел,  сè во насока на поцврсто справување и управување.