4C Технологија - Alfa Romeo Makedonija

4C

 Alfa Romeo Makedonija

4C

BLOCK 1

Функционалната логика на сите електронски системи е оптимизирана, во насока на овозможување на егзактното ливо на перформанси за соодветните услови при возење. Можете да го промените карактерот на Вашиот 4C со едноставен допир на прстот: неодилив и претпазлив (All weather), балансиран но спортски (Natural) или пак брз и агресивен (Dynamic). DNA селекторот на Alfa Romeo од 2008 па наваму, нуди на располагање три стила на возење. Во рамките на Alfa Romeo 4C, системот е темелно ревидиран со цел да одговори на потребите на еден супер-автомобил со врвни перформанси
Трите постоечки начини на возење се понатамошно збогатени со четврт:  Alfa Race.

Alfa Race
Alfa Race стилот на управување е на располагање со најекстремни перформанси и е достапен со поместување на селекторот на нивото на динамичка позиција (Dynamic position) и држење на селекторот неколку секунди.  Alfa Race стилот Ви овозможува целосна контрола врз автомобилот, и тоа со тркачки перформанси. Преку минимизирање на интервенциите на електронскиот систем, Ви дава слобода за целосна контрола врз функциите.
При Alfa Race стилот на возење,  ESC контролата на стабилност е деактивирана и интервенира само во случај кога е потребно да се спречи губење на контролата при нагло кочење. ASR уредот е исто така деактивиран при забрзување и кочење, препуштајќи Ви ја контролата на влечење само со помош на педалата за забрзување. Од друга страна, Q2 диференцијалниот контролен систем на Alfa останува активен, со оглед на фактот дека е неопходен за овозможување на брзи излези од кривини.

Dynamic
Динамичкиот стил на управување го конфигурира автомобилот со дел да испорача одлични перформанси. Параметрите за контрола на моторот се конфигурирани во насока на овозможување на навремена реакција на влезните податоци за забрзување, додека Alfa TCT уредот за промена на брзини селектира програм со брза реакција, со цел да го намали бројот на промена на брзини сè до 25%. ESC системот дозволува одреден агол на свртување и интервенира само доколку се процени дека позицијата на воланот и аголот на вртење можат да го доведат автомобилот во опасна ситуација.

Natural
Natural  стилот на управување е дизајниран за секојдневна употреба. Параметрите на менувачот на брзини се конфигурирани во насока на обезбедување на максимална удобност и урамнотежено возење. При управувањето со рачен маневар,  Alfa TCT трансмисијата надополнува и се активира во случај на губење на концентрација кај возачот.  Auto-Up функцијата ја поместува брзината на следно ниво кога брзината на моторот се доближува до дозволената брзина, додека Auto-Down функцијата поместува надолу, веднаш штом брзината на моторот паѓа под 1000 rpm. На крајот, Alfa Q2 диференцијалот работи на мирно оптимизирано ниво и реагира само доколку една од задните гуми претрпи значителна загуба на стабилност за време на управувањето.

All weather
All Weather стилот на управување е на располагање за оние возачи кои бараат максимална безбедност при секакви неповолни временски услови.
Додека возилото се наоѓа во All Weather стилот, истото реагира на влезните податоци од акцелераторот сосема лесно и благо. ASR системот селектира и програмира посебна логика на најоптимална поврзаност помеѓу мотор и системот за кочење и во случај на губење на стабилност над возилото, ја модифицира моќноста со цел да одговара на брзината на патот и да избегне лизгање, кое на друг начин би било речиси невозможно да се контролира.

ALFA TCT

Моќноста сама по себе не би можела да испорача такви одлични перформанси какви што ги поседува Alfa Romeo 4C. Потребен е напреден систем за трансмисија со цел да може да го контролира процесот.

4C е опремен со Alfa TCT трансмисија со 6 брзини сo помош на спојка која не содржи течности/гасови и дава дополнителна брзина, опција која ја комбинира инстантата моќност при секое наредно вртење со сите погодности што ги нуди еден автоматик. Овој систем работи како два менувачи на брзини во паралелен од, секој со своја посебна спојка. Наредната брзина е селектирана додека првата е сеуште во процес, притоа елиминирајќи ја можноста од прекин на преносот на моќноста.
Alfa TCT спојката е специјално и наменски модифицирана за потребите на  Alfa Romeo 4C. Спојката во рамките на 4C располага со ново-имплементиран софтвер за контрола, кој овозможува најбрза можна промена на брзината, и тоа во секакви околности. Промените на брзини се многу поагресивни кај перформансите на спортските стилови на возилото, пришто возачите можат јасно да ја почувстуваат промената на брзината, како што е случајот кај тркачките коли.  Од друга страна, промените на брзини на кривини се ефектуираат на најоптималниот и сталожен начин, со цел да се спречи нарушување на стабилноста. Автомобилот 4C е исто така опремен со  Launch Control функцијата за високи перформанси уште од стартна положба. Launch Control механизмот се активира преку притискање на педалата за кочење, додека педалата за забрзување се потиснува целосно надолу, истиснувајќи ја педалата на левата страна од воланот. Веднаш штом се отпушти кочницата, системот автоматски ја превзема контролата врз менувачот на брзини, како и врз влечењето и моќноста за максимизирање на забрзувањето.

Напредната технологија на исфрлање на гасови од цилиндерот на моторот го максимизира бројот на вртежи при мала брзина и испорачува поголема моќност како одговор на влезните наредби на возачот. Контролната единица ги одредува временските интервали на преклопување на вентилите и фаќа агол со огромна прецизност, со цел да создаде проток на воздух од колекторот со многукратниот проток  кон колекторот за многукратното испуштање. Преки подобрување на процесот на исфрлање на гасови од цилиндерот при согорување.

ТУРБО-ПОЛНАЧ

Со цел да се надополни технологијата на исфрлање на гасови, моторот е опремен со новата генерација на турбо-чарџер и со конверторот на сигнали за многукратно испуштање. Колекторот и турбината се изработени од microcast тип на челик и дизајнирани во насока да функционираат при многу високи температури (преку 1000°) – како предуслов.

BLOCK 7

Како и сите натпреварувачки автомобили, 4C користи автоматски систем за ладење, со цел да го заштити  турбо-полначот. Исклучувањето на моторот во нормални околности би предизвикало моментален прекин на циркулацијата на масло, овозможувајќи му на истото да опстојува во турбо-полначот и при многу високи температури.  Термалниот стрес претрпен на маслото на овој начин предизвикува загуба на капацитетот на подмачкување, исто така водејќи кон создавање на остатоци кои можат да го оштетат моторот. Со цел да го спречи тоа, Alfa Romeo интегрираше пумпа за пост-проточниот процес. Оваа електрична пумпа е автоматски контролирана преку ECU уредот и му овозможува на маслото непрекината циркулација низ турбо-полначот, се додека не се олади доволно.