ALFA ROMEO STELVIO
Безвременска убавина за безвременски емоции
ТЕХНОЛОГИЈА
Alfa Romeo Stelvio те одржува во контакт со вистинското значење на задоволство при возењето, благодарение на совршената распределба на тежината, одличниот сооднос тежина/моќ, агилноста и леснотијата.
ДНК функциите се дизајнирани за да ги подобрат ефикасноста и перформансите на Alfa Romeo Stelvio.
D: Dynamic mode, за спортско возење. Моторот и менувачот присвојуваат спортско мапирање, додатен погон при свиоци и чувствителност на педалот за гас кога се зголемува забрзувањето.
N: Natural mode, со стандарден мотор и одговор на менувачот, и уште поголема удобност од поставеното потпирање.
A: Advanced Efficiency – дизајниран да ја максимизира ефикасноста и да ги намали издувните емисии.
Комплетно алуминиумското потпирање Alfa™ Link, овозможува единствено возење: однапред, системот за потпирање го оптимизира ефектот на придушување и овозможува брза и точна стабилизација при високи странични забрзувања. Задниот дел, системот Multilink со четири и пол алуминиумски вилушки претставува најдобра комбинација на страничен влез во свиоци и ниво на удобност дури и на нерамни површини на патот.
Системот Alfa™ Active Suspension го прилагодува динамичниот начин на одговор на потпирањето на возилото врз основа на начинот на возење избран преку селекторот Alfa™ DNA: помека поставеност на амортизерите, за секој што претпочита удобно возење, или пак потврдо за оној што бара прецизност и спортски начин на возење.
*На располагање само кај специјалната серија Competizione.
Совршената рамнотежа на тежината помеѓу двете оски, најдобриот сооднос на управувачот во класата и малата вкупна тежина на Аlfa Romeo STELVIO се резултат на ултра-лесната структура на возилото и погонското вратило од карбонски влакна. Првиот SUV на ALFA ROMEO е создаден за да одговори и на најистенчените очекувања и барања на страстните возачи.
Системот Q2, со диференцијал со ограничено пролизгување за погон на задните тркала (RWD)*, гарантира висока стабилност и контрола на возилото во сите услови на пат, така што го распределува го вртежниот момент и погонот дури и при излегување од свиоци, при големи брзини и при забрзување.
*На располагање само на верзијата Veloce.
Погонот на сите тркала Alfa Romeo гарантира одговор, ефикасност и максимални перформанси, за неспоредливо уживање во возењето на каков било пат.
Alfa Romeo Stelvio е опремен со дигитален сертификат Non-Fungible Token. Врз основа на технологијата Blockchain, NFT може да регистрира податоци за возилото и на тој начин, генерира единствена, доверлива и нефалсификувана евиденција за животниот век на возилото. Овој запис може да гарантира дека автомобилот е правилно одржуван и може да има позитивно влијание врз остаточната вредност на твојот Alfa Romeo Stelvio во случај на препродажба. Всушност, на претходно означениот автомобил, NFT сертификатот претставува дополнителен извор на кредибилитет за сопствениците и продавачите.
Alfa Romeo ја усоврши рамнотежата помеѓу страста и најнапредните системи за автономно возење од ниво 2. Со технологија којашто согледува сè околу себе, Stelvio гарантира врвно задоволство и контрола при возењето.
Благодарение на комбинацијата на функциите за Активен темпомат – Active Cruise Control со логика за одржување на возилото во средина на коловозната лента, Traffic Jam Assist, автономно раководи со брзината со која се движи автомобилот, врз основа на растојанието од возилото кое се движи однапред, и интервенира за да го одржи автомобилот во коловозна лента, како во град, така и на автопат.
За да се избегнат странични судири со возила кои доаѓаат од паралелните коловозни ленти, Active Blind Spot Assist интервенира како поддршка на возачот на два начина: преку визуелна сигнализација и со преземање активна контрола врз воланот.
Lane Keeping Assist – го предупредува возачот на Alfa Romeo Stelvio кога возилото несакано излегува од коловозната лента и автоматски интервенира за корекција на движењето на возилото, насочувајќи го да се врати во коловозната лента.
Active Cruise Control – му овозможува на возачот да ја одржува постојана брзината на движење, без потреба од дополнително притискање на педалот за гас и истовремено ја прилагодува оддалеченоста од возилото кое се движи однапред.
Stelvio е опремен со врвното дело на технологијата, Traffic Sign Recognition и интелигентно го предупредува возачот доколку ја надмине дозволената брзина. Доколку системот Active Cruise Control е активиран, брзината автоматски се подесува со допир на командите на воланот.
Driver Attention Assist го надгледува однесувањето/движењата на автомобилот во текот на возењето и доколку забележи несакани промени го предупредува возачот преку звучен сигнал и сијаличка во форма на филџан за кафе која се појавува на екранот.
ИНФОРМИРАЊЕ И ЗАБАВА
Системот за информирање и забава на Alfa Romeo Stelvio е опремен со екран на допир Multi-Touch од 8,8″. Направи се што ќе посакаш со само еден допир: лесно и интуитивно.
Благодарение на Android оперативниот систем, твојот смартфон комплетно се интегрира со системот за Информирање и забава на твојот автомобил Stelvio.
Со Apple CarPlay, можеш да ги користиш функциите и апликациите на твојот iPhone преку системот за Информирање и забава на Alfa Romeo Stelvio.
Поврзи го твојот смартфон преку Bluetooth и лесно, преку гласовни команди, управувај со повици, читање и диктирање текстуални пораки, без одвлекување на вниманието од патот пред тебе.
Интерактивните виџети на системот за Информирање и забава на Alfa Romeo Stelvio овозможуваат поедноставна и моментна интеракција помеѓу возачот и возилото.
Со подобрен интерфејс и зголемена леснотија на користење, навигаторот ќе ти помогне лесно да дојдеш до саканата дестинација.
Фотографиите и податоците не се обврзувачки. Поради технички или комерцијални потреби, го задржуваме правото на измена во било кој момент без претходна најава. За конкретна понуда и детален опис на стандардна и на дополнителна опрема и на техничките карактеристики, ве молиме контактирајте го најблискиот овластен салон на Alfa Romeo.