ALFA ROMEO STELVIO
Безвременска убавина за безвременски емоции
Alfa Romeo Stelvio гарантира возвишено доживување во возењето во чист стил Alfa Romeo, благодарение на гамата од три перформансни мотори, целосно изработени од алуминиум.
Alfa Romeo Stelvio е опремен со 4-циндричен, 2.2-литарски турбодизел мотор: кој испорачува 160 КС и 450 Nm максимален вртежен момент и на кој е прилагоден ексклузивен 8-брзински автоматски менувач со двојна спојка. Агилен, со брз одговор, автомобилот постигнува забрзување од 0-100 km/h за само 8.8 секунди и достигнува максимална брзина од 198 km/h.
Alfa Romeo Stelvio верзија со 4-цилиндричен дизел мотор од 2.2-литри и 210 КС, на кој е прилагоден 8-брзински автоматски менувач и 470 Nm максимален вртежен момент. Автомобилот постигнува забрзување од 100 km/h за само 6.6 секунди, со максимална брзина од 215 km/h.
Најмоќната верзија на Alfa Romeo Stelvio кога станува збор за перформанси и одговор. Овој автомобил е опремен со 4-цилиндричен 2.0-литарски турбобензински мотор кој испорачува 280 КС со 8-брзински автоматски менувач и 400 Nm максимален вртежен момент. Alfa Romeo Stelvio достигнува забрзување од 0-100 km/h за само 5.7 секунди, со максимална брзина од 230 km/h.
Фотографиите и податоците не се обврзувачки. Поради технички или комерцијални потреби, го задржуваме правото на измена во било кој момент без претходна најава. За конкретна понуда и детален опис на стандардна и на дополнителна опрема и на техничките карактеристики, ве молиме контактирајте го најблискиот овластен салон на Alfa Romeo.