Giulia
Перформанси во секој детаљ.
ДА СЕ ОЖИВЕЕ ПЛАМЕНОТ НА ЖЕЛБАТА
Во Alfa Romeo се нарекува “неопходна убавина”. Секој детал на Giulia е извајан во функција на перформансите, да се создаде дизајн со мускулни форми и да се подобри нејзината аеродинамика.
НЕПОГРЕШЛИВО ALFA ROMEO
Новата Giulia е резултат на 106 години посветени на создавање на автомобилски ремек-дела. Надворешноста е еволуцијата на иконски дизајн, во смисол на технологијата и стил.
Кокпитот кај Giulia е дизајниран да го стави возачот во центарот на сите ергономски функционалности. Една невидлива хармонична линија овозможува целосна контрола на инструмент таблата, километражата, менувачот и управувачот.
ДИЗАЈНИРАНА И ПРОИЗВЕДЕНА ВО ИТАЛИЈА
Италијанскиот пристап кон дизајнот комбинира едноставност, квалитетни материјали и занаетчиска посветеност. Првото нешто што возачот ќе го добие е чувство на првокласност создадена во комбинација на материјали: цврсто дрво, површини од брусен алуминиум, кожа “Pieno Фиоре” и технички штофови. Управувачот кој е покриен со многу тенка кожа има еден детал: копче “Start”, предизвикувајќи страст за Giulia при секоје патување.