Giulia
Перформанси во секој детаљ.
Giulia нуди дизел 2.2 мотор опремен со турбокомпресор и направен од алуминиум, во комбинација со неспоредливи перформанси и ефикасност.
Овој мотор е достапен со 136 КС, 150 КС или 180 КС, со мануелен менувач со 6 брзини или со автоматски пренос со 8 брзини. За поголема респонсивност без латентност, турбополначот се активира при мали брзини за зголемување на вртежниот момент.
Кај верзијата QUADRIFOGLIO е достапен 2.9 V6 bi-turbo бензински мотор со 510 КС и автоматски пренос со 8 брзини.
ЗАДОВОЛСТВО ПРИ ВОЗЕЊЕТО БЕЗ КОМПРОМИС
Создавање на вистински Alfa Romeo е да се создаде автомобил без компромис, кој му овозможува возачко искуство на интуитивен и безбеден начин.
РАМНОТЕЖА НА СТРАСТ И ДИНАМИЧНОСТ
Враќањето кон погонот на задни тркала во комбинација со прецизно и директно управување, претставува врвна синтеза на спортски дух, удобност и чисто задоволство во возењето.
ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАСТ ИМАЈЌИ ЦЕЛОСНА КОНТРОЛА
Giulia е опремен со новиот патентиран систем за потпирање AlfaLink ™. Двојниот триаглоник на потпирање напред со управувачката летва ги држат тркалата напред совршено нормално на земјата.
КОМБИНИРАЈТЕ НОВИ ЕМОЦИИ
Уживањето во возењето и комфорот се прилагодуваат на потребите на најпребирливите клиенти и тоа благодарение на ALFA ™ DNA селекторот со три set-up функции (Dynamic, Natural и Advanced Efficiency) уред кој го прилагодува однесувањето на возилото во зависност од условите на патот и од стиловите на возење
” Dynamic ” овозможува попрециезен / по респонзивен одговор на сопирачките и управување за спортско возење на патот.
” Natural ” го поставува поптпирањето во режим на удобност за совршена рамнотежа при патувањето.
” Advanced Efficiency “ ja оптимизира потрошувачката на гориво и динамичната ефикасност.
ИНОВАЦИЈАТА ВОДИ ДО ИНЗВОНРЕДНИ ПЕРФОРМАНСИ
Благодарение на карбонските влакна кај системот за пренос и алуминиумот кај капакот на моторот, вратите, Giulia има оптимална распределба на тежината.
ДИЗАЈНИРАНА ОД ВЕТРОТ
Giulia достигна Cx од 0,25 со посебно внимание посветено кај аеродинамичниот развој во воздушниот тунел. Особено, долната заштитата го подобрува протокот на воздухот под автомобилот и гарантира помалку турбуленции и динамична ефикасност.