Giulia Quadrifoglio
Моќта на довербата
Маска во V-форма изработена од карбонски влакна со црна сјајна обработка Miron.
Целосно новата зелена боја Montreal green е омаж на славното минато на Alfa Romeo.
Деталите и инсертите од карбонски влакна се составен дел од лесниот и спортски Giulia Quadrifoglio модел.
Издувниот систем е со четири цевки, по две од секоја страна, што го прави автомобилот уште похрабар и попривлечен во режимот на Race.
Нови 21-инчни тркала од лесна легура со шепи на кочници во различни бои.
Седишта во кожа Alcantara во контраст со опшивките во црвена боја. И сигурносните појаси може да се добијат во црвена или пак зелена боја.
Централната конзола е комплетно редизајнирана, изработена од квалитетни материјали и со инсерти од карбонски влакна.
Нов спортски волан обложен со кожа, со грејач и командни копчиња, како и алуминиумски рачки за менувач.
Премиум носач на звук Harman Kardon содржи 13 звучници и сабвуфер, со моќност од 900 W.
Многу повеќе простор за предмети, безжичен полнач за вашиот мобилен телефон.
Sparco – спортски седишта кои овозможуваат највисоко ниво на удобност и контрола. Структурата на школката на седиштата е изработена од карбонски влакна, а е обложена со кожа и Alcantara®, со што обезбедува автентично спортско возење.