Giulia Quadrifoglio

Моќта на довербата

ДИНАМИЧНОСТ

Целосното распределување на тежината 50:50 на предната и задната оска, овозможува извонредна работа на задните погонски тркала со мотор поставен напред.

ALFA ™ LINK ПОТПИРАЊЕ

Новиот патентиран систем за суспензија го оптимизира ефектот на придушување и овозможува брза и точна стабилизација при високи странични забрзувања. Задниот дел, системот Multilink со четири и пол алуминиумски вилушки претставува најдобра комбинација на страничен влез во свиоци и ниво на удобност дури и на нерамни површини на патот.

ACTIVE TORQUE DIRECTION SYSTEM

Иновативен систем кој обезбедува оптимална дистрибуција на вртежниот момент помеѓу двете задни тркала благодарение на две електронски контролирани механички спојки. Овозможува најдобар влез и контрола дури и при големи брзини и на сите видови површини на патот.

ПРЕДНИ ЛИЗГАЧКИ СПЛИТЕРИ ACTIVE AERO SPLITTER

Единствената лимузина во светот со лизгачки сплитери, Active Aero Splitter, додаток од јаглеродни влакна монтиран под предниот браник. Се отвора со брзина поголема од 100 км на час со помош на два активирачи контролирани од системот Alpha™ CDC (Chassis Domain Control). Ова обезбедува одлична аеродинамика и стабилност на возилото, што е најважно во брзите свиоци.

ALPHA SYSTEM ™ DNA PRO

Новиот систем Alfa ™ DNA Pro работи заедно со системот CDC и го прилагодува одговорот на возилото во зависност од избраниот начин на возење:
R, тркачки режим, ја активира целата моќност на моторот и го засилува звукот на издувниот систем за тркачко чувство.
D, Динамичен режим, за спортско возење. Моторот и менувачот оставаат доволно простор за уживање во спортско возење, зголемен погон во свиоците и чувствителност на педалот за гас за време на забрзувањето.
N, природен режим, со стандардна реакција на моторот и менувачот и поудобно прилагодување на потпирањето. Овој режим е совршен за возење по градски улици и автопати.
И, Advanced Efficiency mode, режим за напредна ефикасност. За сите оние прилики кога сакате да дадете приоритет на ефикасноста пред перформансите. Овој режим ви овозможува максимална заштеда на енергија и помали емисии.

VEHICLE MAINTENANCE SYSTEM - СИСТЕМ ЗА ОДРУВАЊЕ НА ВОЗИЛОТО

Благодарение на системот за одржување во коловозна лента, Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio ви помага да бидете на вистинскиот пат. Ако вашиот автомобил ненамерно се приближи до работ на лентата, системот активно интервенира за да ве задржи во вашата лента.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СЛЕПИ АГЛИ

За да избегнете страничен судир со автомобили во соседните ленти, системот за предупредување за слепи агли ќе ве предупреди со визуелен знак и активно ќе ја преземе контролата врз воланот.

ROAD STOP ASSISTANCE SYSTEM AND HIGHWAY ASSISTANCE SYSTEM

Благодарение на комбинацијата на активниот темпомат – Аctive cruise control (ACC), и Асистенцијата при градски метеж и на автопат Traffic Jam Assist and Highway Assist – не само што автономно си ја вршат функцијата за контрола на возилото, туку и помагаат да се остане на коловозната лента, и во градскиот метеж и на автопат.

INTELLIGENT SPEED CONTROL - ИНТЕЛИГЕНТНА КОНТРОЛА НА БРЗИНАТА

Intelligent speed control – интелигентната контрола на брзината дејствува во комбинација со активниот темпомат – Аctive cruise control (ACC) и препознавање на сообраќајните знаци. Му сугерира на возачот да ја прилагоди брзината согласно состојбата на патот.

TRAFFIC SIGN RECOGNITION SYSTEM – ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ

Giulia Quadrifoglio е опремена со врвна технологија, меѓу која и препознавање на сообраќајните знаци и со интелигентното предупредување за ненадминување на препорачаната максимална брзина.

DRIVER FATIGUE DETECTION SYSTEM – СИСТЕМ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ЗАМОР КАЈ ВОЗАЧОТ

Открива замор кај лицето зад воланот на Giulia Quadrifoglio, следејќи го неговиот стил на возење и должината на патувањето и го предупредува преку сигнали на екранот на допир дека треба да застане.

ANDROID AUTO

Продолжение на вашиот мобилен телефон со мобилен оперативен систем Аndroid, кој е целосно интегриран во системот за информирање и забава на Giulia Quadrifoglio.

APPLE CARPLAY

Со Apple Car Play, може да ги користите функциите и апликациите на вашиот iPhone преку системот за информирање и забава на Giulia Quadrifoglio без да ги тргнете рацете од воланот.

SMARTPHONE

Поврзете го вашиот мобилен телефон преку Bluetooth за лесно вршење на телефонски повици, репродукција на дојдовни текстуални пораки или диктирајте пораки за испраќање, и сето тоа додека возите, а без да ги тргнете рацете од воланот.

ACCESSORIES / HOME PAGE

Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio има нов систем за информирање и забава со интерактивни додатоци кои се специјално дизајнирани за да бидат едноставни и непосредни за употреба.

NAVIGATION SYSTEM

Со својот оптимизиран интерфејс и зголемената леснотија на употреба, новиот навигатор на Giulia Quadrifoglio овозможува единствено возење.

MY WI-FI

Со My Wi-Fi кое е дел од Alfa Connect Service , сега можете безжично да споделувате интернет-поврзување со останатите патници во вашата Giulia.

MY NAVIGATION

Со MY NAVIGATION, следното патување со Giulia Quadrifoglio ќе започне пред да седнете во автомобилот. Од вашиот мобилен телефон можете да испратите избрани дестинации и точки на интерес до системот за навигација. И во текот на патувањето ќе добиете информации во реално време за сообраќајот, временските услови и камерите за брзина на вашата маршута.

Ви треба информација? Разговарајте со нас