GIULIA
НАЈСИЛНИТЕ ЧУВСТВА СЕ КОГА ЈА ВОЗИШСеднете зад воланот за најсовршено возачко доживување.
ПЕРФОРМАНСИ
D, Dynamic mode, за спортско возење. Моторот и менувачот се прилагодени за спортско менување на брзините, а се зголемува и погонот на кривини и реакцијата на педалот за гас при забрзувањето.
N, Natural mode, со стандарден мотор и менувач кој одговара ефикасно, поудобни потпирања, за комфор при возењето.
A, Advanced Efficiency. За приликите кога сакате да ја зголемите ефикасноста без да инсистирате на перформансите.
Алуминиумскиот систем за потпирање Alfa ™ Link обезбедува одлична динамика на возење и совршено ракување. Предното потпирање се состои од систем со двојни вилушки поврзани со предните оски кои ги одржуваат тркалата совршено прилепени на тлото дури и во најтешките кривини. Системот Multilink со четири и пол системи на потпирање, гарантира и удобност и брзина на нерамни површини.
Alfa ™ Active Suspension го прилагодува однесувањето на возилото според режимот избран на Alfa ™ ДНК селекторот: помека поставка за поудобно возење и потешка за спортскa.
Alfa Romeo Giulia има одлични возни перформанси, што е резултат на специфични решенија за дизајн. Меѓу нив, се издвојува надолжно поставениот мотор кој е поврзан со задната оска, што овозможува совршена дистрибуција на тежината.
Сè за дополнително задоволство при возењето.
Благодарение на постојаниот развој на аеродинамиката и специјалното тестирање во тунелот за проби, Giulia е опремена со вграден дифузер за воздух, специјално дизајниран за подобрување на протокот на воздух под возилото и за олеснување на контролата при влечење на задниот дел. Затоа резултатот СХ на Giulia e 0.26.
Интегрираниот погон со технологијата на погон на сите тркала Аlfa Romeo Q4 обединува максимална безбедност и врвни перформанси, со идеална дистрибуција на предната и задната оска во реално време, сето тоа како одговор на реалните услови на патот и командите на возачот.
БЕЗБЕДНОСТ
Благодарение на комбинацијата со функцијата Adaptive Cruise control, Traffic Jam Assist не само што автономно управува со брзината на автомобилот за да ве држи на безбедно растојание од возилото пред него, туку исто така помага да бидете во коловозната лента, и на градските улици и на автопат.
За да избегнете странични судири со автомобили во соседните ленти, Active Blind Spot Assist ќе ви даде визуелно предупредување и активно ќе ја преземе контролата над тркалото.
Благодарение на Lane Keeping Assist, Alfa Romeo Giulia помага автомобилот да остане на коловозната лента. Ако автомобилот тежнее да излезе од лентата, системот се активира и интервенира на воланот за да го врати на коловозната лента.
Active Cruise Control овозможува да се одржи поставената брзина и без притискање на педалата за гас и да се одржи растојанието помеѓу вашето и возилото пред вас
Giulia, во зависност од земјата во која се користи, може да биде опремена со системот за препознавање на сообраќајните знаци и со интелигентното предупредување за ненадминување на препорачаната максимална брзина.
Доколку е активиран Active Cruise Control брзината е автоматски поставена со самото допирање на воланот.
Driver Attention Assist открива замор кај лицето зад воланот на Аlfa Romeo Giulia, следејќи го неговиот стил на возење и должината на патувањето и го предупредува преку сигнали на екранот на допир дека треба да застане.
ИНФОРМИРАЊЕ И ЗАБАВА
ANDROID AUTO
Најкорисната апликација за вашиот Android паметен телефон, директно на екранот на допир.
Да ве одржува поврзани без да го тргнете погледот од патот.
Со Apple CarPlay, може да ги користите функциите и апликациите на вашиот iPhone преку системот за информирање и забава на Alfa Romeo Giulia. Без воопшто да ги тргнете рацете од воланот.
Поврзете го вашиот мобилен телефон преку Bluetooth за лесно вршење на телефонски повици, репродукција на дојдовни текстуални пораки или диктирајте пораки за испраќање, и сето тоа додека возите, а без да ги тргнете рацете од воланот.
Нов систем за информирање и забава со интерактивни додатоци кои се специјално дизајнирани за да бидат едноставни за употреба.
Со својот оптимизиран интерфејс и зголемената леснотија на употреба, новиот навигатор овозможува единствено возење.
Со My Navigation, уживањето во возењето на Аlfa Romeo Giulia е уште покомплетно, благодарение на информациите добиени во реално време кои се однесуваат на сообраќајот, временските услови, условите на патот..
Со My Wi-Fi, сега можете да ја споделувате вашата безжична интернет врска со останатите патници во вашата Alfa Romeo Giulia.