Stelvio

Повеќе од SUV, Alfa Romeo.

Alfa Romeo_Stelvio_Ti (1)

ВОЗБУДАТА ОД ГОЛЕМО ДЕБИ

Од своето основање Alfa Romeo создаде возила прилагодливи на начинот на кој ние возиме и сакаме автомобили: уникатни ремек-дела на дизајн и технологија на кои да се восхитуваме и кои се имитираат. Денес брендот поставува нова пресвртница, по повеќе од 106 години историја.
Моќни алуминиумски мотори кои достигнуваат забрзување најдобро во својата класа, погонскиот систем Q4 на сите тркала, совршен баланс на тежината од 50/50, светска премиерна технологија и системи за безбедност, радиус на воланот најдобар во класата и коленесто вратило од карбонски влакна: Stelvio е овде да ги исполни највисоките очекувањата на секој вљубеник и возач за неверојатно задоволство при возењето. Тоа е комбинација од сета удобност и флексибилност на SUV со нескротливиот спортски дух кој само вистинскиот Alfa Romeo може да го понуди.

ПРВИОТ ALFA ROMEO SUV

Уште од создавањето на марката Alfa Romeo креира модели кои имаат капацитет да понудат понаков начин на возење и љубов кон нејзините возила : оригинални ремек дела со воодушевувачки дизајн и технологија. По 107 години од нејзиното создавање марката направи пресвртница.

НЕПРИКОСНОВЕНИ ЧУВСТВА

Дали еден SUV може да гарантира исти емоции како и еден спортски седан ? Stelvio е креиран како одговор на Alfa Romeo за да понуди оптимално уживање во возењето. Чувството кое го имате зад управувачот на Stelvio е навистина оригинално во светот на SUV.

БЕСКОМПРОМИСЕН

Екстремно мала тежина, одличен серво управувач и оптимален динамичен баланс во една нова форма. Со иновативна платформа, Stelvio одлично го соединува држењето на патот на еден спортски автомобил со комфорот на еден традиоционален SUV.

ИНСПИРИРАН ОД ИКОНСКИОТ ДИЗАЈН НА ALFA ROMEO

Карактеристична емоција

Иконскиот дизајн на Alfa Romeo дава облик на досега невиден SUV, кој се одликува со уникатни и суштински карактеристики од постоењето на брендот, имајќи стилска конзистентност со новата Giulia. Пристапот кон дизајнот, инспириран од наследството, е и извонреден и со цел во еднаква мерка. Сè е извајано, како костум прилагоден на телото на спортистот. Секој детал е замислен да ја подобри аеродинамиката и да ги нагласи перформансите на Stelvio, без драма. Во Alfa Romeo, ние го нарекуваме тоа „Осмислена убавина“.

stel

Ви треба информација? Разговарајте со нас