STELVIO B-TECH
Бескомпромисен стил и напредна технологија.
ПРЕГЛЕД НА ОПРЕМАСистемот континуирано ги детектира и следи условите на патот за да обезбеди идеална дистрибуција на вртежниот момент во секоја ситуација, притоа исполнувајќи ги најголемите очекувања во однос на перформансите, агилноста и задоволството при возење. Системот Q4 AWD обезбедува максимална брзина на реакција при дистрибуција на вртежниот момент, експлотира високо механичко над-лизгање (до 2,5%) помеѓу двете оски, нудејќи невидени, досега, погон и стабилност.
ACT
Active Transfer Case (ATC) е уред кој е проектиран за да понуди динамични перформанси и ефикасна потрошувачка.
ACTIVE CLUTCH
Благодарение на неговата напредна технологија Active Clutch, системот Q4 на идеален начин (до 50%) ја распределува моќноста на погонските тркала.
• Lane Departure Warning (LDW) – Предупредување за излегување од лента – препознава ленти на патот и го предупредува возачот со аудио и видео сигнали во случај на нагло излегување на лентата.
• Forward Collision Warning (FCW) – Предупредување за судир напред, со акустични и визуелни сигнали, го предупредува возачот доколку постои ризик од фронтален судир, однапред да го активира системот за сопирање.
• Adaptive Cruise Control – Активен темпомат, во стандардна опрема на Stelvio B-Tech, го одржува возилото со постојана брзина на возење, следејќи го патот и помагајќи секогаш да останете на безбедно растојание.
Ненадминливиот управувач на Аlfa Romeo пристигнува за прв пат и на SUV, со Stelvio B-Tech.
Уникатно искуство во кое возачот може директно да комуницира со динамичките перформанси на Stelvio B-Tech благодарение на иновативниот систем Alfa™ DNA, кој делува на параметрите на вртежниот момент на моторот, на одговорот на сопирачката со уредот Pre-Fill, на еластичност на менувачот, на електронската контрола на стабилност ESC и на контролата на погонот ASR.
∙Dynamic: ја зголемува чувствителноста на системот за сопирање и воланот, за поодговорен и спортски погон.
∙Natural: фаворизира поудобен сет на суспензијата, тркалата и поставеноста на управувачот за да се обезбеди пофлуидно возење во град.
∙Advanced Efficiency: ја подобрува динамичката ефикасност со намалување на одговорот на вртежниот момент и ја намалува потрошувачката на гориво.
Ексклузивен изум на дизајнерите на Аlfa Romeo, кои благодарение на овој систем дозволија држење и управливост на пат, на врвот во својата класа, дури и при странично забрзување. Благодарение на употребата на алуминиум и специјални композитни материјали за преднoто и задното потпирање, тежината на возилото е значително намалена, а ефикасноста и перформансите се зачудувачки зголемени.
• Системот AlfaLink на предната оска со двоен четиризабец со полувиртуелна оска на управувањето, ви овозможува да ги одржувате тркалата совршено нормално на патот, дури и кога вртите со голема брзина. Ова се претвора во повеќе држење и помалку подуправување, што ви овозможува да уживате во чувството на апсолутна прецизност зад воланот.
• На задната оска, системот AlfaLink со четири и пол краци гарантира најдобро ракување во класата и извонредна удобност за сите патници.
Stelvio B-Tech е опремен со ексклузивни безбедносни системи развиени од Alfa Romeo. На него е вграден интегрираниот систем за сопирање (IBS), во комбинација со системот за стабилност и контрола на сопирањето во еден електромеханички уред. Извонредна иновација која нуди непосреден и прецизен одговор на педалот за сопирачката, што гарантира максимална безбедност во секое време.
Благодарение на богатата опрема на Stelvio B-Tech и додека возите останувате поврзани со се она што ви е важно.
Stelvio B-Tech со систем за информирање и забава, Alfa Connect 3D Nav со 8,4” HD екран, DAB радио, Apple CarPlayTM и Android AutoTM.
Се одликува со својата технолошка опрема која во стандардна опрема вклучува и 7” табла со инструменти со екран на допир.
Apple CarPlay и Android Auto му овозможуваат на возачот максимална компатибилност и врска со мобилниот телефон.