STELVIO QUADRIFOGLIO
Моќта на довербата
Целосното распределување на тежината 50:50 на предната и задната оска, овозможува извонредна работа на задните погонски тркала со мотор поставен напред.
Новиот патентиран систем за потпирање го оптимизира ефектот на придушување и овозможува брза и точна стабилизација при високи странични забрзувања. Задниот дел, системот Multilink со четири и пол алуминиумски вилушки претставува најдобра комбинација на страничен влез во свиоци и ниво на удобност дури и на нерамни површини на патот.
Софистицираниот дизајн и супериорните материјали на Stelvio Quadrifoglio овозможуваат совршена дистрибуција на тежината помеѓу двете оски, сооднос на управувачот во најдобрата класа и мала вкупна тежина. Сето ова благодарение на ултра-лесната структура на возилото и погонското вратило од карбонски влакна.
Иновативен систем кој обезбедува оптимална дистрибуција на вртежниот момент помеѓу двете задни тркала благодарение на две електронски контролирани механички спојки. Овозможува најдобар влез и контрола дури и при големи брзини и на сите видови површини на патот.
Q4 технологијата со погон на четири тркала комбинира максимална безбедност со високи перформанси со дистрибуција на вртежен момент помеѓу предната и задната оска во реално време според реалните услови на патот и командите на возачот.
Системот за одржување во коловозна лента го предупредува возачот ако Stelvio Quadrifoglio ненамерно се приближи до работ на лентата и му помага да остане во лентата.
За да избегнете страничен судир со автомобили во соседните ленти, системот за предупредување за слепи агли ќе ве предупреди со визуелен знак и активно ќе ја преземе контролата врз воланот.
Благодарение на комбинацијата на активниот темпомат – Аctive cruise control (ACC), и Асистенцијата при градски метеж и на автопат Traffic Jam Assist and Highway Assist – не само што автономно си ја вршат функцијата за контрола на возилото, туку и помагаат да се остане на коловозната лента, и во градскиот метеж и на автопат.
Intelligent speed control – интелигентната контрола на брзината дејствува во комбинација со активниот темпомат – Аctive cruise control (ACC) и препознавање на сообраќајните знаци. Му сугерира на возачот да ја прилагоди брзината согласно определената на патот.
Stelvio Quadrifoglio е опремено со врвна технологија, меѓу која и препознавање на сообраќајните знаци и со интелигентното предупредување за ненадминување на препорачаната максимална брзина.
Oткрива замор кај лицето зад воланот на Stelvio Quadrifoglio, следејќи го неговиот стил на возење и должината на патувањето и го предупредува преку сигнали на екранот на допир дека треба да застане преку сигнал на екранот на допир.
Поврзување на вашиот паметен телефон со мобилен оперативен систем Android, кој е целосно интегриран во системот за информирање и забава Stelvio Quadrifoglio.
Со системот Apple CarPlay, можете да ги користите сите функции и апликации на вашиот iPhone со системот за информирање и забава на Stelvio Quadrifoglio.
Поврзете го вашиот мобилен телефон преку Bluetooth за лесно вршење на телефонски повици, репродукција на дојдовни текстуални пораки или диктирајте пораки за испраќање, и сето тоа додека возите, а без да ги тргнете рацете од воланот.
Stelvio Quadrifoglio има нов систем за информирање и забава со интерактивни додатоци кои се специјално дизајнирани за да бидат едноставни и непосредни за употреба.
Со својот оптимизиран интерфејс и зголемената леснотија на употреба, новиот навигатор на Stelvio Quadrifoglio овозможува лесно и јасно прегледување на мапите и насоките.
Со My Wi-Fi кое е дел од Alfa Connect service , сега можете безжично да споделувате интернет-поврзување со останатите патници во вашето Stelvio Quadrifoglio.
Со MY NAVIGATION, следното патување со Stelvio Quadrifoglio ќе започне пред дури и да седнете во автомобилот. Од вашиот мобилен телефон можете да испратите избрани дестинации и точки на интерес до системот за навигација. И во текот на патувањето ќе добиете информации во реално време за сообраќајот, временските услови и камерите за брзина на вашата маршрута.