STELVIO
НАЈСИЛНИТЕ ЧУВСТВА СЕ КОГА ГО ВОЗИШПерформанси, сестраност, удобност, технологија: Неспоредливо возачко доживување.
БЕЗБЕДНОСТ
D, Dynamic mode, за спортско возење. Моторот и менувачот се прилагодени за спортско менување на брзините, а се зголемува и погонот на кривини и реакцијата на педалот за гас при забрзувањето.
N, Natural mode, со стандарден мотор и менувач кој одговара ефикасно, со поудобно потпирање, за комфор при возењето.
A, Advanced Efficiency. За приликите кога сакате да ја зголемите ефикасноста без да инсистирате на перформансите.
Alfa Romeo Stelvio е опремен со систем за потпирање AlfaTM ™ Link, со решение на мултилинк од четири и пол алуминиумски вилушки, што овозможува врвно ракување и одлична удобност. Предното четириаголно потпирање е висока со полувиртуелна оска, со што, управувачот му овозможува на возачот брзо и прецизно управување, благодарение на исклучителното држење на патот и високото чувство за контрола. Alfa ™ Active System динамично ја прилагодува реакцијата на потпирањето во согласност со условите за возење и режимот избран со избирачот Alfa DNA.
Alfa Romeo Stelvio се истакнува со својата совршена дистрибуција на тежината на оските, најдобриот агол на вртење во класата и малата вкупна тежина. Тие се резултат на иновативни решенија за дизајн и избор на најдобри материјали, како што е ултра лесната платформа изработена од карбонски влакна на погонското вратило. Првиот теренец на Alfa Romeo е направен да ги исполнува барањата на најсложените и најстраствени возачи.
Системот за контрола за спуштање по стрмнини овозможува да се одржува безбедна и постојана брзина при спуштање по стрмен терен. Системот се вклучува независно од сопирачките: стабилноста и безбедноста се обезбедени, дури и на многу стрмни патишта.
Интегрираниот погон со технологијата на погон на сите тркала Alfa Romeo Q4 обединува максимална безбедност и врвни перформанси, со идеална дистрибуција на предната и задната оска во реално време, сето тоа како одговор на реалните услови на патот и командите на возачот.
Alfa Romeo Stelvio ќе ви помогне да останете смирени и сконцентрирани при секаков вид на возење благодарение на Traffic Jam & Highway Assist. Преку камерата монтирана на задниот браник и повеќе сензори, системот помага да останете на коловозната лента, да одржите растојание од возилото пред вас.
За да избегнете странични судири со автомобили во соседните ленти, Active Blind Spot Assist ќе ви даде визуелно предупредување на ретровизорот и активно ќе ја преземе контролата над тркалото.
Благодарение на Lane Keeping Assist, Stelvio останува на коловозната лента. Ако автомобилот тежнее да излезе од лентата , системот се активира и интервенира на воланот за да го врати на коловозната лента.
Active Cruise Control ви овозможува вашето Alfa Romeo Stelvio да ја одржи поставената брзина и без притискање на педалата за гас и да се одржи растојанието помеѓу вашето и возилото пред вас.
Stelvio во зависност од земјата во која се користи, може да биде опремено со системот за препознавање на сообраќајните знаци и со интелигентното предупредување за ненадминување на препорачаната максимална брзина. Доколку е активиран Active Cruise Control брзината е автоматски поставена со самото допирање на воланот.
Driver Attention Assist открива замор кај лицето зад воланот на Alfa Romeo Stelvio, следејќи го неговиот стил на возење и должината на патувањето и го предупредува преку сигнали на екранот на допир дека треба да застане.
ИНФОРМИРАЊЕ И ЗАБАВА
Најкорисната апликација за вашиот Android паметен телефон, директно на екранот на допир. Да ве одржува поврзани без да го тргнете погледот од патот.
Со Apple CarPlay, може да ги користите функциите и апликациите на вашиот iPhone преку системот за информирање и забава на Alfa Romeo Stelvio. Без воопшто да ги тргнете рацете од воланот.
Поврзете го вашиот мобилен телефон преку Bluetooth за лесно вршење на телефонски повици, репродукција на дојдовни текстуални пораки или диктирајте пораки за испраќање, и сето тоа додека возите, а без да ги тргнете рацете од воланот.
Alfa Romeo Stelvio има нов систем за информирање и забава со интерактивни додатоци кои се специјално дизајнирани за да бидат едноставни и непосредни за употреба.
Со својот оптимизиран интерфејс и зголемената леснотија на употреба, новиот навигатор овозможува единствено возење.
Гама на ефикасни мотори со високи перформанси целосно изработени од алуминиум, во комбинација со ZF 8-брзински автоматски менувач за максимална ефикасност во однос на флуидноста, перформансите и удобноста.
Со MY NAVIGATION, следното патување со Alfa Romeo Stelvio ќе започне пред да седнете во автомобилот. Од вашиот мобилен телефон можете да испратите избрани дестинации и точки на интерес до системот за навигација. И во текот на патувањето ќе добиете информации во реално време за сообраќајот, временските услови и камерите за брзина на вашата маршута.
Со My Wi-Fi, сега можете да ја споделувате вашата безжична интернет врска со останатите патници во вашиот Alfa Romeo Stelvio.