TONALE
Почеток на новата ера на ALFA ROMEO ОТКРИЈ ЈА EDIZIONE SPECIALE
ВРЕМЕ Е ДА СЕ ДОЖИВЕЕ НОВАТА ЕРА НА АLFA ROMEO
Новиот Аlfa Romeo Tonale го бележи своето деби на патиштата со неверојатното специјално издание EDIZIONE SPECIALE. Со досега невидени, најнапредни технолошки иновации, Alfa Romeo го реосмислува спортскиот дух за да го направи уште подобро возачкото доживување.
Единствен италијански стил кој е исклучително верен на концептот кој го носи од создавањето. Alfa Romeo Tonale нуди препознатлив, сензуален и напреден дизајн, кој ги истакнува новите стилски канони кои ќе останат постојани точки во развојот на гамата на Alfa Romeo.
Парадигмата на Alfa Romeo: електрификацијата е во служба на марката и нејзиниот генетски код, со мисија повторно да се измисли спортскиот дух за дваесет и првиот век. Две нивоа на електрификација, Hybrid и Plug-in Hybrid Q4, развиени од Alfa Romeo за да гарантираат перформанси „најдобри во класата“.
Како ексклузивитет на светско ниво, технологијата NFT (Non-Fungible-Token – незаменлив токен), апсолутна новина во автомобилскиот сектор, дебитира на Tonale. Alfa Romeo е всушност првиот производител кој го поврзал автомобилот со дигитален сертификат NFT. Технологијата се заснова на концептот на „blockchain card“, таен и непроменлив дигитален регистар во кој се наведени главните информации за секој автомобил поединечно.
Сликите се само за илустративни и индикативни цели.