TONALE
Почеток на новата ера на ALFA ROMEO ОТКРИЈ ЈА EDIZIONE SPECIALE
Дизајн кој стилските елементи на Alfa Romeo, реинтерпретирани во име на модерноста и функционалноста, ги комбинира со карактеристиките на италијанскиот дизајн.
Страничната линија, инспирирана од Аlfa Romeo GT, ги соединува сензуалноста и динамичноста во силуетата на автомобилот.
Иконската предна маска заедно со предните светла 3+3 Full LED Аdaptive Matrix создаваат уникатен потпис, верен на најчистата Аlfa Romeo ДНК.
20” „Teledial“ алуминиумски тркала со дизајн кој на модерен начин го реинтерпретира стилот на „телефонски бројчаник“ од ’60-те години, ерата на легендарните автомобили, како што е 33 Stradale.
Задните светла формираат синусна линија која го претставува недвосмислениот и единствен потпис на Tonale.
Најдобриот начин да му се покажат на светот корените на Tonale? Тробојното италијанско знаме на задниот средишен дел од страничните ретровизори.
Проектиран и дизајниран за центарот на нештата да биде токму возачот, во секаква ситуација, Tonale ги соединува висококвалитетните материјали со ексклузивни обработки и им ги нуди на своите патници тајните на италијанското гостопримство.
Телескопската инструмент-табла, класика Alfa Romeo, со димензии 12.3“, е целосно дигитална и може да се конфигурира со различни опции за прикажување. На екранот може да бидат прикажани сите информации за автомобилот и параметрите кои се однесуваат на технологиите за автономно возење или пак да се консултира мапата за сателитска навигација.
Избери го стилот што најмногу ти се допаѓа:
• Heritage, инспириран од графиката на инструмент-таблата на иконските модели на марката
• Evolved, co современ и динамичен стил
• Relax, за удобност, максимална безбедност и слобода на конфигурација
Секој од нив дава единствен допир и покажува што значи да се доживее патот низ објективот на Аlfa Romeo.
Беспрекорно поставените LED светла во неколку бои создаваат атмосфера, која секое патување го прави пријатно и удобно.
Изберете и одржувајте две независни поставки на температурата со двозонскиот клима-уред. Дури и ако надворешните услови се променат, системот автоматски ја регулира температурата, затоа што вашата удобност е постојан приоритет.
Авангарден систем за информирање и забава со екран на допир од 10.25’’и со wireless mirroring благодарение на Apple CarPlay и на Android Auto™.
Tonale е опремен со мултитаскинг интерфејс кој лесно може да се персонализира. Користи интуитивен систем “drag and drop” (повлечи и пушти) за интеракција: исто како да користиш паметен телефон. Избери како ќе ги користиш менијата и управувај со радиото, навигацијата, системите ADAS и многу други функции.
Патувањето е твое: направи го по твоја мерка.
Аудио систем Harman Kardon co 14 звучници.
Почувствувај ги звуците и вибрациите на аудио-системот осмислен од еден од лидерите во секторот.