TONALE
Почеток на новата ера на ALFA ROMEO ОТКРИЈ ЈА EDIZIONE SPECIALE
Влези во светот на електрификацијата со хибридното доживување со Аlfa Romeo. Гамата на хибридни верзии се состои од мотори со 130 КС и 160 КС, и 275 КС Plug-in Hybrid со врвни технички решенија дизајнирани да бидат во служба на генетскиот код на марката.
Аlfa Romeo Tonale дебитира со верзијата Hybrid 130 КС, со погон на предните тркала, опремен со сосема нов 1,5 турбо бензински мотор со четири цилиндри, 130 КС и 240 Nm вртежен момент во комбинација со ексклузивниот седум-брзински автоматски менувач со двојна спојка, во кој вграден е електричен мотор „P2“ 15 kW и 55 Nm максимален вртежен момент. Двата мотори се изведени така да работат заедно и да ја оптимизираат потрошувачката. Возачкото доживување е навистина разноврсно и релаксирачко поради многуте достапни функции, вклучувајќи:
• Silent start – тивок старт кој му овозможува на автомобилот да тргне без да го користи традиционалниот бензински мотор.
• Energy recovery – благодарение на регенеративната сопирачка и технологијата e-coasting, Tonale Hybrid може да се полни во движење, со што се елиминира употребата на кабелот за полнење.
• E-Boosting – го зголемува вртежниот момент на тркалата со електромоторот што го поддржува бензинскиот мотор; дополнително, со калибрирање на вртежниот момент (погонски или сопирачки) што го дава електричниот мотор, можно е да се оптимизира работната точка на бензинскиот мотор.
• Electric drive – Возење со мала брзина без да се активира моторот со внатрешно согорување, се користи само електричниот мотор .
Tonale ќe биде достапен и во верзијата Hybrid 160, опремен со мотор од 160 КС, дизајниран специјално за Аlfa Romeo, со 4 цилиндри, 1,5 литар турбо бензинец. Неговиот погон го комплетира менувачот со 7 брзини и двојна спојка, во кој е интегриран електромоторот „P2“ од 48V, со моќност од 15 kW и максимален вртежен момент од 55 Nm.
За време на возењето, овој погон обезбедува перформанси на бензински мотор со брилијантно забрзување, со ефикасност што традиционално се поврзува со дизел мотор, благодарение на VGT (турбо со променлива геометрија) специфичен за Аlfa Romeo, способен да пренесува погон на тркалата, дури и кога моторот со внатрешно согорување е згаснат.
Најмоќната верзија на гамата во однос на перформансите и нивото на електрификација ќе биде опремена со Plug-in Hybrid Q4 со 275 КС. Напредниот хибриден систем го комбинира бензинскиот турбомотор од 1,3 литар MultiAir, за да се обезбеди погон на предните тркала, со електричниот мотор, на кој се поврзани задните тркала.
Системот има батерија од 15,5 kWh и обезбедува вкупна моќност од 275 КС и забрзување од 0 до 100 km/h за само 6,2 секунди. Plug-in Hybrid верзијата ќе биде опремена со Q4 погон на сите тркала за неспоредливо ниво на безбедност и уживање во возењето.
Tonale Q4 ќе биде најефикасниот C-SUV Plug-in Hybrid , со автономија на движење во електричен режим до 80 km во градски циклус и над 60 km во комбиниран циклус и време на целосно полнење од 2,5 часа кога се користи брз полнач од 7,4 kW.
Правни забелешки
Потрошувачка на гориво Tonale 130 КС Hybrid (l / 100 km): 5,9 – 6,1; Емисија на CO2 (g / km): 135-140. Вредностите се одобрени врз основа на комбинираниот циклус на WLTP, ажурирани на 17.03.2022 година и наменети за споредбени цели.
Потрошувачка на гориво Tonale 160 КС Hybrid (l / 100 km): 5,9 – 6,1; Емисија на CO2 (g / km): 135-140. Вредностите се одобрени врз основа на комбинираниот циклус на WLTP, ажурирани на 17.03.2022 година и наменети за споредбени цели. Вредностите на потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 ги мери производителот на тестови за претходно одобрување, според процедурата WLTP (Регулатива на ЕУ 2018/1832), и може да подлежат на модификации во зависност од конечната хомологација.