TONALE

Почеток на новата ера на ALFA ROMEO







ОТКРИЈ ЈА EDIZIONE SPECIALE

Tonale Edizione Speciale Hybrid со 130 КС е достапен за нарачки во салоните на Alfa Romeo. Продажбата на Tonale Edizione Speciale Hybrid со 160 КС ќе биде најавена дополнително.

ALFA ROMEO TONALE EDIZIONE SPECIALE

Почеток на новата ера на ALFA ROMEO.

НЕ ЈА ПРОПУШТАЈ ШАНСАТА, БИДИ ПРВ ПРЕД СИТЕ

Со најнапредни, невидени досега технолошки иновации, Alfa Romeo го реосмислува спортскиот дух за да го направи уште подобро возачкото доживување: БИДИ ПРВ, ВОЗИ EDIZIONE SPECIALE!

Сликите се само за илустративни и индикативни цели. Tonale Edizione Speciale Hybrid со 130 КС е достапен за нарачки во салоните на Alfa Romeo. Продажбата на Tonale Edizione Speciale Hybrid со 160 КС ќе биде најавена дополнително.

НАЈНАПРЕДНА АLFA ROMEO ТЕХНОЛОГИЈА

Alfa Romeo Tonale EDIZIONE SPECIALE е опремен со aвангарден систем за информирање и забава со екран на допир од 10.25’’, full-digital 12.3″ телескопска инструмент-табла, полица за безжично полнење, предни и задни сензори за паркирање, 360° птичји поглед со 4 камери сместени околу автомобилот, гласовен асистент Alexa, напредно поврзување, NFT технологија за дигитален сертификат и многу повеќе.

ВИСТИНСКО ALFA ROMEO ДОЖИВУВАЊЕ

Електрификација без компромиси: оваа ограничена специјална серија, на располагање со хибрид 48V P2 со две нивоа на моќност, со 130 КС и со 160 КС со турбо варијабилна технологија, нуди ефикасно и автентично Аlfa Romeo уживање во возењето.

Сликите се само за илустративни и индикативни цели. Tonale Edizione Speciale Hybrid со 130 КС е достапен за нарачки во салоните на Alfa Romeo. Продажбата на Tonale Edizione Speciale Hybrid со 160 КС ќе биде најавена дополнително.

ВООДУШЕВУВАЧКИ ПРВ ВПЕЧАТОК

Сите легендарни карактеристики на дизајнот на Alfa Romeo се инкорпорирани за да се привлече внимание. Темниот комплет за каросеријата со мат инсерти во V изрез на решетката, Matrix Full LED предните светла и затемнетите стакла претставуваат совршен изглед за секое патување.

EDIZIONE SPECIALE: УБАВИНА ВО ДЕТАЛИТЕ

Аlfa Romeo Tonale Edizione Speciale се карактеризира со ексклузивни детали, како што е беџот “Speciale” на браниците, надополнета со Brembo шепи на кочниците во црвена боја и 20″ алуминиумски тркала.

ГЛАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ:

Радио 10.25” Nav ∙ 12.3” инструмент-табла ∙ Спортски волан обложен со кожа и алуминиумски рачки за менувач ∙ Безжичен полнач ∙ Амбиентално осветлување ∙ Предни и задни сензори за паркирање ∙ Интелигентен адаптивен темпомат ∙ NFT дигитален сертификат и услуги за поврзување ∙ Full LED Smart Matrix предни светла ∙ Темeн кит детали за каросерија и предна решетка во V форма ∙ Matrix предни светла ∙ Затемнети стакла ∙ Спортски педали-алуминиумски ∙ Отклучување без употреба на клуч и отворање на петта врата преку сензор ∙ 20” алуминиумски тркала ∙ Шепи на кочниците во црвена боја

Правни забелешки
Потрошувачка на гориво Tonale 130 КС Hybrid (l / 100 km): 5,9 – 6,1; Емисија на CO2 (g / km): 135-140. Вредностите се одобрени врз основа на комбинираниот циклус на WLTP, ажурирани на 17.03.2022 година и наменети за споредбени цели.
Потрошувачка на гориво Tonale 160 КС Hybrid (l / 100 km): 5,9 – 6,1; Емисија на CO2 (g / km): 135-140. Вредностите се одобрени врз основа на комбинираниот циклус на WLTP, ажурирани на 17.03.2022 година и наменети за споредбени цели. Вредностите на потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 ги мери производителот на тестови за претходно одобрување, според процедурата WLTP (Регулатива на ЕУ 2018/1832), и може да подлежат на модификации во зависност од конечната хомологација.

Ви треба информација? Разговарајте со нас