TONALE
Почеток на новата ера на ALFA ROMEO ОТКРИЈ ЈА EDIZIONE SPECIALE
Благодарение на нејзината софтверска архитектура од најновата генерација, Tonale нуди комплетна серија на технолошки иновации.
Тоа е првиот автомобил воопшто со сертификат за blockchain NFT. Екосистем на интегрирани дигитални услуги за да се гарантира најдоброто возење зад управувачот и не само тоа.
Како светска ексклузива, технологијата NFT (Non-Fungible-Token – незаменлив токен), апсолутна новина во автомобилскиот сектор, дебитира на Tonale. Аlfa Romeo е всушност првиот производител кој го поврзал автомобилот со дигитален сертификат NFT. Технологијата се заснова на концептот на „blockchain card“, таен и непроменлив дигитален регистар во кој се наведени главните информации за секој автомобил поединечно.
На пазарот на користени возила, NFT сертификатот всушност ќе претставува дополнителен извор на кредибилитет на кој може да смета сопственикот /продавачот, додека купувачот ќе биде уверен во изборот на автомобилот.
Благодарение на My Navigation, добивај информации во реално време за сообраќајот, временските услови и камерите за брзина во текот на секое твое патување. Овој пакет вклучува и функција за пребарување на паркинг или бензински пумпи, а со мапата за преостаната автономија секогаш можеш да бидеш сигурен дека имаш доволно гориво за да стигнеш до твојата дестинација. Сите мапи автоматски ќе се ажурираат во режимот “over the air”.
Искористи го максимумот од онлајн доживувањето благодарение на опционалот UBIGI My Wi-Fi. Откако ќе се активира Wi-FI Hotspot, можеш да поврзеш до 8 различни уреди со 4G LTE Wi-Fi hotspot.
Природно и инстинктивно, прецизно и директно, Tonale го поставува реперот меѓу компактните SUV возила со најдиректен сооднос на управувањето (13,6:1). Во комбинација со системи за потпирање специјално калибрирани за предните тркала, тој го редефинира начинот на кој SUV треба да се однесува на патот.
Tonale покажува уште еден елемент, типичен за Аlfa Romeo: алуминиумски педали за менување на брзината поставени на управувачот, изработени моноблок, за уште поспортско возење.
Одличната рамнотежа на тежината помеѓу предната и задната оска, типична за традицијата на производство на Аlfa Romeo, обезбедува неспоредливо уживање во возењето. Поточно, верзиите Tonale опремени со погон на предните тркала ја користат одличната рамнотежа на масата за да ја оптимизираат испораката на вртежниот момент до тлото и маневрирањето на кривини; второто е дополнително нагласено во верзијата со погон на сите тркала Q4 благодарение на вртежниот момент достапен на подлогата за секоја оска.
Alfa Romeo Tonale е опремен со иновативниот систем „Brake-by-wire“, познат и како IBS. Иновациите и перформансите, механиката и електрониката, се во функција за да се подобри реакцијата при кочење и чувството на кочење, без оглед на температурата или условите на асфалтот, што го олеснува возењето на автомобилот. Понатаму, овој систем овозможува максимизирање на обновувањето на енергијата, со нула вибрации и скратено растојание на кочење.
Кочењето е оптимизирано со примена на Brembo шепи на кочниците со четири клипа, предни самовентилирачки дискови и цврсти задни дискови.
Системот „Dual Stage Valve“ се прилагодува во милисекунди на состојбата на патот и стилот на возење на возачот. Електронското потпирање „Dual Stage Valve“ дозволува да се избере однесување кое е насочено повеќе кон перформансите или пак кон удобноста. Електронските амортизери се карактеризираат со посебен вентил во внатрешноста на амортизерот кој обезбедува независни криви на амортизација.
Достапни се два режима: Comfort или Sport. Првиот е калибрацијата која обезбедува најдобри перформанси при лизгање на нерамни патишта. Вториот режим Sport ги намалува движењата на телото и ја зголемува вертикалната крутост за да ја воспостави најдобрата динамика на возилото на кривини.
На верзиите Hybrid со 130 и 160 КС, со погон на предните тркала, стандарден е електронскиот самоблокирачки диференцијал Аlfa Romeo. Тој гарантира совршен погон за непречено возење, нагласувајќи ја агилноста и спортскиот карактер на Tonale, со позитивни ефекти врз безбедноста. Интегриран во селекторот DNA, системот го искористува ефектот на системот за кочење, во комбинација со независното предно потпирање MacPherson со технологија FSD (Frequency Selective Damping), обезбедува спортска и ефикасна динамика на возење преку контрола на стабилноста на возилото, пренасочување на моќноста кон тркалата при забрзување во кривина. Системот нуди и поголема контрола на лизгавите површини, како и значително намалување на подуправувањето, пренесувајќи го вртежниот момент од внатрешното кон надворешното тркало за подобро држење на патот.
Целта на Tonale е да ја подигне синергијата помеѓу човекот и автомобилот на нови височини, за навистина невидено возачко доживување со напредните системи за помош во возењето ( ADAS). Благодарение на автономното возење ниво 2, кое овозможува самостојно да се управува со забрзувањето, кочењето и одржувањето на коловозната лента, се гарантира максимална безбедност при возењето оставајќи го недопрено задоволството да се седи зад воланот.
Аlfa Romeo Tonale може да се пофали со ниво 2 на автономно возење, благодарение на системот за телекамери, кој заедно со Intelligent Adaptive Cruise Control (IACC) -Интелигентен адаптивен темпомат, Lane Centering (LC) – одржување во коловозна лента и Traffic Jam Assist (TJA) – асистент при застој во сообраќајот , овозможува надолжна и странична контрола на автомобилот, намалувајќи ги интервенциите на возачот на минимум, без промена на уживањето во возењето типично за Аlfa Romeo, а во исто време гарантира и максимална безбедност.
Blind Spot Detection – системот за откривање на возила кои се во слепите агли го предупредува возачот преку надворешните ретровизори кога друго возило се наоѓа надвор од видното поле на возачот. Од друга страна, Rear Cross Path Detection (RCP) – откривање на возило кое се приближува од задниот дел, се активира за време на маневри при движење наназад и го предупредува возачот доколку некој предмет се приближи накосо до возилото.
Благодарение на комбинацијата предна телекамера и софтвер за препознавање на слики, системот Traffic Sign Recognition – препознавање на сообраќајните знаци, ги препознава и ги проектира на екранот на инструмент-таблата со што го известува возачот за ограничувањето на брзината. Системот Intelligent Speed Control (ISC) – интелигентна контрола на брзината, му предлага на возачот прилагодување на брзината според одредената од системот: доколку возачот прифати, брзината автоматски се прилагодува.
Автономното кочење во итни случаи со ранливи учесници во сообраќајот е систем кој ги користи предните камери на Tonale за да го предупреди возачот за опасност од можен судир и го сопира возилото додека не застане, за да го избегне или ублажи ударот препознавајќи присуство на пешак или велосипедист.
Овој систем ги контролира движењата на возилото за да го открие можниот замор на возачот. Откако ќе се надмине одреден праг, системот емитува звучни и/или визуелни сигнали кои го повикуваат возачот да застане и да одмори.
Системот може да открие присуство на предмет кој преку задната врата е поставен на задното седиште. Кога се гаси моторот, уредот сигнализира и го потсетува возачот за присуството на предметот.
Со користење на четири камери и 12 сензори, возачот може да ужива во целосен поглед од 360° околу возилото прикажан на екранот на допир од 10,25“. Дополнително, при возење наназад, мрежата со динамични линии ќе ги направи маневрите за паркирање едноставни и безбедни.
Lane Control – контролата во коловозна лента е еволуција со повеќекратни системи за безбедност: Lane Departure Warning – предупредување за преминување на белата линија, која го предупредува возачот штом возилото почне да излегува од коловозната лента без претходно да се вклучи трепкачот за менување на правецот на движење и Lane Keeping Assist – помош за одржување во коловозна лента која е во состојба да изврши автоматска корекција на вртењето и да го одржува возилото во коловозна лента. Системот е во серија на сите верзии.