Alfa Romeo Logo

Модели

Alfa Romeo го обновува партнерството со Заубер Моторспорт за сезоната во Формула 1 во 2021 година


  • Аlfa Romeo и Заубер Моторспорт го обновуваат своето партнерство за Светското првенство во Формула 1 во 2021 година.
  • На трката за Големата награда во Имола во 2020 година, едноседот C39 ќе се појави во славеничко издание создадено од Стилскиот центарот на Аlfa Romeo.

Аlfa Romeo и Заубер Моторспорт ја потврдија соработката за Светското првенство во Формула 1 во 2021 година. Двата бренда, вистински икони во Моторспорт от, го започнаа партнерството во 2018 година, со Аlfa Romeo како главен спонзор. Во трите години соработка, тимот постигна важни резултати освојувајќи го осмото место во изминатите две сезони и со амбиција да го потврди овој резултат и во тековниот шампионат. Верна на натпреварувачкиот дух што секогаш ја издвојувал марката, Аlfa Romeo повторно одговара на предизвикот.

Фредерик Васер, директор на тимот Аlfa Romeo Рејсинг ОРЛЕН и извршен директор на Заубер Моторспорт АГ:

„Обновата на нашата соработка со Аlfa Romeo претставува вистински израз за намерите на двата бренда. Во Заубер, Аlfa Romeo најде партнер, силно фокусиран на перформансите, на кој треба да се потпре и сме почестени што можеме да ги испочитуваме, зедно, наследството и успесите на Аlfa Romeo. Двата бренда ја делат од самиот почеток целта за креирање на долгорочно партнерство, коешто ќе вроди со плод: во последните три сезони изградивме цврсти темели и имаме за цел да ги искористиме придобивките од оваа зделка во 2021 година и понатаму“.

Мајк Манли, извршен директор на FCA:

„Спортските натпревари и перформанси ја претставуваат суштината на Аlfa Romeo. Брендот е практично „роден“ на тркачката писта и денес продолжуваме да се натпреваруваме на највисоко ниво во моторспортот. Благодарение на партнерството со Заубер, нашите клиенти го ползуваат ексклузивното познавање во областа на моторспортот, како што тоа го покажуваат новите Giulia GTA и GTAm, развиени со техничкиот придонес на Заубер Инженеринг, особено кога станува збор за специфичните аеродинамички решенија”.

Посебен изглед за посебниот настан

Брендот ја искажува својата почит кон историското значење на трката за Големата награда на Имола, симболично место и за Аlfa Romeo и за светот на италијанскиот моторспорт, и преку својот нов изглед. Едноседот C39 има ексклузивен изглед на каросеријата, создаден од Стилскиот центар на Аlfa Romeo. Специјалниот изглед ја отсликува италијанската тробојка на горниот дел од капакот на моторот и на задната плоча на задниот спојлер, што завршува со тема која го разликува новиот изглед за 2020 година, наречен „speed pixel“ и се карактеризира со линеарен и динамички графички третман.

Исто така на капакот на моторот, на истакната позиција, е поставено ексклузивното лого за 110-годишнината на Аlfa Romeo, придружено со зборовите „Добредојдовте назад, Имола“ што го истакнува значењето на оваа писта, една од најважните во Италија. Имола беше сцена на незаборавни победи на Алфа Ромео во трите категории Touring, Sport и Formula 1.

Алфа Ромео и Групацијата Заубер: техничко-комерцијално партнерство

Партнерството помеѓу Аlfa Romeo и Групацијата Заубер не е ограничено на спортскиот сектор: соработката овозможува пренесување на техничките вештини на Заубер инженеринг и на автомобилите Алфа Ромео, користејќи го знаењето од техничките и инженерските оддели на Заубер, како и неговата стручност во производството на адитиви и композитни материјали.

Инаку, Аlfa Romeo му го довери на Заубер Инженеринг производството на најголемиот број компоненти од карбонски влакна, кои се користат за конструирањето на Giulia GTA и GTAm, особено оние што влијаат на аеродинамиката. Тука се вклучени новиот преден браник и прилагодливиот преден сплитер, страничните спојлери, екстракторот, GTA спојлерот и аерокрилото на GTAm. Благодарение на рачно прилагодливите предни и задни крила, Giulia GTAm е во состојба да го прилагоди аеродинамичкото оптоварување на кој било вид патека или пат, совршено одговарајќи на барањата и желбите на возачот. Аеродинамичниот развој во аеродинамичниот тунел не беше ограничен само на аерокрилото, туку исто така беше тестирано и подвозјето, што, како и на Giulia Quadrifoglio, е целосно во форма на буквата А. GTA и GTAm се исто така опремени со нов наменски екстрактор способен да го зголеми граунд ефектот на автомобилот (прилепување до тлото) и со тоа да обезбеди одлично држење на патот при голема брзина. Особено, на Giulia GTAm спроведената аеродинамична конфигурација е во состојба да развие двојно од оптоварувањето во споредба со Giulia GTA и тројно во споредба со Giulia Quadrifoglio, која претходно претставуваше референца во својот сегмент.

110 години историја на тркачките патеки низ целиот свет

Една година по основањето, на 24 јуни 1910 година, брендот Аlfa Romeo официјално го направи своето деби во светот на автомобилизмот победувајќи во првата трка со воспоставени правила во Модена. Оттогаш, нејзиното спортско наследство е дополнително збогатено со остварени победи и освоени први места на разни меѓународни првенства. Врската помеѓу Аlfa Romeo и Формула 1 ја напиша историјата на мото-трките: победи на првата трка за Големата награда и на инаугуративното издание на највисоката категорија во 1950 година, со Нино Фарина на Alfa Romeo Gran Premio Tipo 158 „Аlfeta“, триумф кој беше повторен во 1951 година од Хуан Мануел Фанџо со Аlfeta 159.

Обновувањето на оваа заложба е и најдобриот начин да се продолжи со прославата на 110-годишнината на брендот.

Car+zoom1
Ви треба информација? Разговарајте со нас