Алфа Ромео и Заубер под називот “Алфа Ромео Рејсинг” ќе продолжат заедно во борбата за остварување на амбициозни резултати
На Светскиот шампионат во Формула 1 2019 ќе настапат двете историски марки во светот на спортските трки – Алфа Ромео и Заубер – кои се враќаат на интернационалните патеки со возачи како што се Кими Раиконен, светскиот шампион од 2007 и младиот Италијанец Антонио Џовинаци, во заедничкиот тим кој го носи името “Алфа Ромео Рејсинг”, наместо ланското “Алфа Ромео Заубер Ф1 Тим”.
Само една година по неговото основање, 24 јуни 1910, тимот на Алфа Ромео го имаше своето официјално деби на трките, победувајќи на првата редовна трка во Модена. Оттогаш, спортската легенда се збогати со победи и места на подиумот на најразлични интернационални шампионати , вклучувајќи ја и Ф1. Во 2019 автомобилите на “Алфа Ромео Рејсинг” ќе се натпреваруваат под знамето на Квадрифољо “Quadrifoglio”, симболот кој од 1923 година ги одликува најмоќните Алфа Ромео автомобили.
Соединувањето на Алфа Ромео и Заубер започна во 2018, co Алфа Ромео како Title Sponsor и во текот на истата година, тимот постојано напредуваше достигнувајќи го осмото место на крајот од Шампионатот. Траењето на соработката се продолжува со задржување на вработените и на сопственоста, како и на раководењето од страна на Заубер. Како “Алфа Ромео Рејсинг”, двете друштва ја споделуваат истата цел: да се достигнат амбициозни резултати и да се освои врвот на спортските натпреварувања.
Фредерик Фасер, директор на тимот Алфа Ромео Рејсинг:
“Co големо задоволство го објавуваме нашето учество на Светскиот Шампионат во Формула 1 2019 co ново име “Алфа Ромео Рејсинг”. Од почетокот на соработката со нашиот Title Sponsor Алфа Ромео во 2018, постигнавме значаен технички, комерцијален и спортски напредок. Резултатите се плод на нашето огромно залагање, а истите станаа голема мотивација за сите членови на нашиот тим, како на патеката, така и во главното седиште во Швајцарија. Имаме намера да продолжиме со развивање на секое поле на тимот, носејќи ја напред нашата страст за трки, технологија и дизајн”.
Мајк Менли, директор на ФКА:
“Алфа Ромео Рејсинг е ново име, со богата историја на успеси во Формула 1. Горди сме на соработката со Заубер и на залагањето да се понесе традицијата на извонредност во техниката и италијанскиот стил, кои ја карактеризираат марката Алфа Ромео, во врвот во автомобилските трки. Нема сомневање: co Кими Раиконен и Антонио Џиовинаци зад воланот и искуството на Алфа Ромео и Заубер, ќе се натпреваруваме за да го кажеме нашето”.
