Alfa Romeo Logo

Модели

Алфа Ромео на Mille Miglia (Илјада милји) 2018


Идната година ќе се реализира 36-ото потсетување на историската “најубава трка на светот “, како што сакаше да ја нарекува Енцо Ферари. Средба што не смее да се пропушти, на која ќе учествуваат моделите на Алфа Ромео, како во својство на Automotive Sponsor, така и како “славеник” бидејќи изданието 2018 се совпаѓа со 90-иот роденден на нејзината прва победа на легендарната трка која се одвиваше од 1927 до 1957.

Така, на 1-ви април 1928, Џузепе Кампари и Џулио Рампони се искачија на највисокото место на  подиумот со 6C 1500 Super Sport, апсолутното ремек дело на Виторио Јано, кое се наметна со неговата револуционерна механичка архитектура, со фиксна глава. Извонредниот автомобил помина 1.618 km од патеката со просечна брзина од 84 km/h, постигнувајќи го првиот од 11 успеси на Алфа Ромео, од кои 7 последователни, од 1932 до 1938: рекорд, кој никогаш нема да биде урнат.

Блескавиот роденден ќе биде прославен од страна на марката со серија на специјални иницијативи. Инаку на кермесот на бреша ќе бидат присутни и некои од скапоцените епохални автомобили кои припаѓаат на колекцијата на FCA Heritage, оддел на Групацијата наменет за грижа, чување и промоција на историското наследство на италијанските брендови на Групацијата Фиат. И покрај овие раритети ќе продефилираат 30 примероци, меѓу кои Giulia и Stelvio, кои марката ќе ги отстапи на органзацијата, како официјални возила на трката Mille Miglia (Илјада милји) 2018. Тоа е најдобриот приказ колку е уште силен и влијателен оној fil rouge – црвен низ  кој ги поврзува автомобилите од минатото и оние од сегашноста.

Да се ужива во автомобилите од времето, кои ја создадоа спортската легенда Алфа Ромео, може да помогне во сфаќањето како се формираше низ годините и колку се ангажираше на спортските трки, ова непроценливо богатсво на стил и техника кој доведе до сегашните автомобили. Меѓи нив и најновата Алфа Ромео Stelvio Quadrifoglio која пред некој ден, на фамозниот ринг во Нирбургринг, беше крунисана со титулата “набрзиот СУВ на светот” поставувајќи нов рекорд во категоријата: 7 минути, 51 секунда и 7 десетинки, подобрувајќи го за 8 секунди претходниот примат во категоријата СУВ. На истата писта минатата година Алфа Ромео Giulia Quadrifoglio го постави и рекордот на кругот во категорија лимузини со 4 врати со време од 7 минути и 32 секунди. Алфа Ромео Stelvio Quadrifoglio, за кратко време ќе се најде и на пазарот.

Легендата Алфа Ромео продолжува со овие два примати кои ќе постават уште еден камен во зданието што се вика спортска традиција на Quadrifoglio у повеќевековна историја на италијанската марка.

171009_Heritage_NL
Ви треба информација? Разговарајте со нас