Алфа Ромео слави 112 години со обожавателите од целиот свет
На 24 јуни се одбележува денот на создавањето на Марката, ден за прослава за сите клубови кои од сите континенти ја искажуваат својата страст за Алфа Ромео.
- Музејот во Арезе го прославува овој значаен настан преку целиот викенд токму онака како што му прилега на племето обожаватели.
- Во знак на почит Алфа Ромео на сопствените клубови расеани низ целиот свет им посветува една постојаната поставка во Музејот и една во надворешниот дел.
- Во недела, на 26 јуни ќе биде прославен и 60-иот роденде на Џулија со еден флешмоб на историските автомобили и конференција за печат.
- Комплетната програма за викендот посветен на роденденот (24-26 јуни) во Музејот Алфа Ромеоможе да се најде на www.museoalfaromeo.com
За алфистите, 24 јуни е посебен ден: ден кога е создадена – во Милано, во 1910 година – Анонимната Ломбардиска Фабрика за Автомобили, друштво кое набрзо ќе стане Алфа Ромео и ќе ги освои срцата на многу генерации автомобилисти. Во сите краишта низ светот ќе се одвиваат активности со кои ќе се прославува овој настан.
Во Музејот Алфа Ромео од петок 24 до недела 26 на програмата е викенд со настани посветени на сите обожаватели на Марката. Сè е подготвено за да се пречекаат алфистите, кои секоја година доаѓаат од сите краишта на светот на средба во Арезе, за да ја споделат гордоста и страста за Марката.
Гордост, што се вози сопствената Алфа на внатрешната писта во Музејот, на парадата која се одвива на почетокот и на крајот од секој ден на прославата. Страс, која се споделува со сите клубови, автентичните амбасадори на Марката.
Во рамките на прославата на 112-иот роденден, Алфа Ромео им оддава почит на сопствените клубови, посветувајќи им посебен дел во внатрешноста на Mузејот: постојана поставка која, на две паноа, на кои се прераскажани животот и страста на алфистите преку серија на видео-клипови снимени од самите клубови. Слики кои доаѓаат од сите континенти, од Кина до Латинска Амеерика, од Нов Зеланд до Јужна Африка, кои раскажуваат за постојаната заложба за истакнување на вредноста, на пат околу светот, не само на Марката, туку и на Made in Italy.
Надвор, во делот пред влезот на Музејот, се инаугурира Trees4Clubs: секое дрво ќе означува дострел остварен од еден од клубовите, со поставување на табличка, вржувајќи така длабока поврзаност – корени – со Марката. Доделувањето на табличките ќе се врши на 25 јуни, сабота, во 11:00 часот, па сè до 15:00 часот, кога во салата Џулија ќе се одржи состанок на клубовите, годишно собрание на клубовите Алфа Ромео на кој своето присуство го потврдија по десетина клубови од секоја страна на светот.
Денот недела, 26 јуни ќе биде посветен на една значајна прослава, 60-иот роденден на Џулија. Во семејството, на писта и во униформа, Џулија е еден од симболите на Алфа Ромео и икона на една епоха. Десетина автомобили од ’60 и ’70 години ќе продефилираат на пистата во Музејот и ќе бидат дел од еден флешмоб.
Потоа, во салата Џулија ќе се одржи конференција од циклусот “Backstage”, во текот на која ќе се појават различни верзии и варијанти на овој легендарен автомобил. Ќе има и една полициска Џулија, која доаѓа од Автоцентарот во Торино, која соврѓшено се вклопува во оваа поставка на Музејот во секцијата “Алфа во униформа”.
За време на целиот викенд ќе бидат изложени и два примерока на камиони Алфа Ромео од ’50 години: еден “455” и еден “Mille” кои припаѓаат на колекцијата на историски возила Марацато ди Стропиана (Верчели), која брои повеќе од двесте возила, најголемиот дел камиони и автбуси од времето.
