Alfa Romeo Logo

Модели

Алфа Ромео учествува на австралиската трка Тарга Флорио Аустралиан трибјут


  • Започна на 28 ноември, во државата Викторија, трката која ја слави сицилијанската автомобилска трка, каде за прв пат се појави фамозниот симбол на
  • Настанот го означува дебито во Австралија на Stelvio Quadrifoglio, којшто ќе ги предводи автомобилите во сите пет фази на настанот на кој ќе се појават преку 50 историски автомобили.

Алфа Ромео Австралија е горда што ќе соработува со Тарга Флорио Аустралиан Трибјут, оддавање почит на Тарга Флорио, легендарната сицилијанска автомобилска трка, таму каде што за прв пат се појави фамозниот симбол на Quadrifoglio.

Тарга Флорио Аустралиан Трибјут е етапна трка која е поделена во три категории: историски автомобили произведени во периодот од 1906 до 1976, Ferrari конструирани од 1977 до денес, и суперавтомобилите произведени од 1990 до денес. Втор пат настанот ќе се одржи надвор од Италија за да помине низ питорескните улички низ државата Викторија, во периодот од 28 ноември до 2 декември 2018.

Алфа Ромео предначи со долгата историја на учество на историската Тарга Флорио, каде нејзиниот прв успех е од 1923, кога познатиот Уго Сивочи го наврта знакот на четирилисната детелинка на неговата Алфа Ромео RL Targa Florio, со надеж дека ќе стави крај на долгата серија од освојување на второто место.

Возачот од Салерно ја оствари првата победа на една италијанска марка на трката и го означи почетокот на една легенда која продолжува да живее веќе 95 години и која денес ги краси моделите на Алфа Ромео, Giulia Quadrifoglio, спортска лимузина со високи перформанси и новиот SUV на Алфа Ромео, Stelvio Quadrifoglio. E sarà proprio il Targa Florio Australian Tribute a segnare il debutto in Australia della Stelvio Quadrifoglio, којшто ќе ги предводи автомобилите во сите пет етапи на настанот на кој ќе се соберат преку 50 историски автомобили.

181127_AR_Targa-Florio_01_HP
Ви треба информација? Разговарајте со нас