Алфа Ромео Џулија и трите шампиони на Скудерија Ферари: механика на емоциите во видео
Во рамките на Големата награда на Италија, Алфа Ромео ја слави Скудерија Ферари со емотивно видео на кое се нејзините тројца официјални пилоти – Себастијан Фетел, Кими Раиконен и Антонио Џовинаци – зад воланот на најмоќниот патнички автомобил кој некогаш го создала марката Алфа Ромео, Џулија Квадрифољо Giulia Quadrifoglio.
Осмислен од страна на Агенцијата Армандо Tеста и реализиран од Бади Филм, клипот започува со снимка на автомобилот на пробната писта во Експерименталниот Центар на Балоко (Веричели) пропратен со музика богата полна со напнатост и го носи гледачот во сценарио полно со адреналин.
Пилотите на Скудерија Ферари, секој зад воланот на моќна црвена Џулија Квадрифољо, се соочуваат со пистата преку возбудливо возење кое ја истакнува сета моќ и агилност на автомобилот опремен со моќниот бензински мотор 2.9 BiTurbo со 510 КC -изработен комплетно од алуминиум – кој обезбедува извонредни перформанси: со максимална брзинаод 307 km/h, забрзување од 0 до 100 km/h за само 3,9 секунди и максимален вртежен момент од 600 Nm на 2.500 вртежи/минута.
Новата парадигма на Алфа Ромео е максимален израз на „Механика на емоциите“, извонредната Џуија Квадрифољо, секако, не е нова на пистата: прв пат се појави лани на легендарното коло во Нирнбургринг, познато како „Зелениот пекол“, и постави рекорд во категоријата круг (7 минути и 32 секунди).
