Alfa Romeo Logo

Модели

Антонио Џовинаци зад воланот на Alfa Romeo Sauber F1 Team


Италијанскиот возач станува дел од Формула Еден со една од италијанските марки кои ја направија историјата на автомобилизмот

Хинвил, 254 септември 2018 – Alfa Romeo и Alfa Romeo Sauber F1 Team имаат чест да објават дека Антонио Џовинаци ќе го комплетира тимот на коњаницата во сезоната 2019 и ќе му се придружи на светскиот шампион од 2007 Кими Раиконен

Во традиционалната улога на пронаѓач на млади таленти кои треба да се поддржат Alfa Romeo Sauber F1 Team избра италијански возач којшто работеше за коњаницата во изминатите две години и кој ќе го замени Шарл Леклерк

Одлуката да се избере токму Антонио Џовинаци е особено значајна во рамките на проектот за оваа сезона, враќање на Alfa Romeo во категоријата Крал на автомобилскиот спорт по отсуство од преку 30 годиниСоработката помеѓу Alfa Romeo и италијанскиот возач е природен чекор, имајќи го предвид дека  солидниот однос на Џовинаци кон марката уште од времето кога тој беше навистина млад и е причина за национална гордост затоа што изминаа повеќе години од кога еден италијански возач седна зад воланот  на еден Формула 1 автомобил

Антонио Џовинаци дебитираше во Формула 1 со Саубер на Големата награда на Австралија 2017, а се тркаше за тимот и во една друга прилика (Големата награда на Кина 2017). Инаку, за швајцарскиот тим направи и неколку пробни возења, како и неколку сесии на слободни возењаМошне талентиран, возачот ја споделува целта, да се достигнат амбициозни резултати со Alfa Romeo Sauber F1 Team. 

Антонио ЏовинациПресреќен сум што ќе возам за Alfa Romeo Sauber F1 Team. Тоа е остварување на мојот сон и ми претставува неизмерна радост што ќе имам можност да се натпреварувам за овој тим. Како Италијанец, за мене е голема чест да претставувам марка како што е Alfa Romeo, која со своите успеси стана икона во овој спорт. Би сакал да се заблагодарам на тимот на Ferrari и Alfa Romeo Sauber F1 Team што ми ја дадода оваа огромна можност. Многу сум мотивиран и едвај чекам да започнам со работа за да остварам големи резултати заедно со целиот тим.”

Фредерик Васер, директор на Sauber Motorsport и Team Principal на Alfa Romeo Sauber F1 Team:

“Пресреќни сме што можеме да претставиме нов возач во тимот за сезоната 2019. Прв нѝ се придружи Кими Раиконен, возач со долгогодишно искуство кој придонесе за развој на автомобилот и на целиот тим.
Заедно со Alfa Romeo имаме чест да му посакаме добредојде и на Антонио Џовинаци кој ќе го заземе местото на Шарл Леклерк. Имавме можност да работиме со него во минатото кога покажа дека има голем потенцијал. Решени сме и мотивирани. Сакаме да продолжиме да растеме и заеднички да се бориме да достигнуваме значајни позиции.”

Hungarian Grand Prix Preparations
Ви треба информација? Разговарајте со нас