Alfa Romeo Logo

Модели

Аlfa Romeo по четврти пат победник на “Motor Klassik Awards”


Читателите на германското специјализирано списание уште еднаш прогласија победа на Alfa Romeo, за денешницата и за минатото *.

Аlfa Romeo 1900C Super Sprint од 1955 година триумфираше во категоријата „Класично купе“.

Аlfa Romeo Spider од 1966 година победи во категоријата „Класичен кабриолет“.

Аlfa Romeo Giulia Sprint GT од 1965 година го повтори успехот во 2020 година како  најпосакуван „популарен спортски автомобил“.

Новата Аlfa Romeo Tonale е избрана за кралица меѓу теренските возила.

Аlfa Romeo освои четири награди на изданието „Motor Klassik Awards“ во 2021 година. Читателите на добро познатото германско списание посветено на автомобилите од минатото ги крунисаа Аlfa Romeo 1900C Super Sprint, Аlfa Romeo Spider, Аlfa Romeo Giulia Sprint GT и Аlfa Romeo Tonale во 1950-тите како победници, секоја во својата категорија. Како и во изданијата од претходните години, класичната италијанска марка е повторно една од најомилените меѓу читателите на „Motor Klassik“.

Во категоријата „Класично купе“, Аlfa Romeo 1900С Super Sprint го освои првото место со 25,4% од гласовите. Со две врати, базирана на верзијата со кратка шасија на седанот Alfa Romeo 1900, опремена со дволитарски четирицилиндричен мотор со типична за марката двојна брегаста оска и моќност од 85 kW (115 КС), за спортски перформанси, кои и денес претставуваат референца. Во педесеттите години од минатиот век вообичаено беше големите италијански дизајнери да ја купуваат механизираната шасија од Аlfa Romeo и да ја комплетираат со каросерија дизајнирана и произведена во куќата. Најуспешен модел беше оној на миланската компанија Touring, чија верзија на АLfa Romeo 1900C Super Sprint сè уште се смета за едно од најбалансираните и најпрефинетите купеа меѓу оние произведени за Куќата на Бишоне. Скоро 300 автомобили се конструирани во периодот меѓу 1954 и 1955 година.

Слично ремек-дело е првата генерација на Аlfa Romeo Spider, сега позната како „пајак со тркалезна опашка“ или „Duetto“. Кабриолетот е конструирано во ателјето Пининфарина на кратката шасија на Аlfa Romeo Giulia и е претставен на Меѓународниот саем за автомобили во Женева во 1966 година. Аlfa Romeo Spider стана интернационална ѕвезда благодарение на нејзината појава во филмот “Дипломец” co Дастин Хофман и Ана Банкрофт (1967). Покрај 1.6-литарскиот мотор (80 kW / 109 КС) што беше вграден на автомобилот на неговото деби, следствено беше понуден и со 1.3-литарски мотор (65 kW / 88 ks) и со четирицилиндричен мотор од приближно 1.750 кубни сантиметри работна зафатнина (87 kW/119 КС). На „Motor Klassik Awards 2021“, Аlfa Romeo Spider доби повеќе од една третина од гласовите на читателите (точно 35,3%) во категоријата „Класични кабриолети“.

Како и минатата година, Аlfa Romeo Giulia Sprint GT беше избрана за победник во категоријата „Популарен спортски автомобил“, со импресивна предност од 31,9%. Странските љубители на автомобили од минатото го паметат смелото купе со името на „ Bertone“, омаж на славната торинска каросерија која му даде живот на неговиот безвременски изглед. Помеѓу 1963 и 1976 година, Аlfa Romeo Giulia Sprint GT беше продадена во приближно 225,000 автомобили со мотори со различна зафатнина помеѓу 1,3 и 2,0 литри (од 65 kW / 88 КС до 96 kW / 131 КС). Дури и денес, Giulia Sprint GT е еден од бројно најпопуларните италијански автомобили во Германија. Најпозната спортска варијанта е Аlfa Romeo Giulia Sprint GTA со алуминиумско тело и 1,6-литарски мотор со двојно палење. Во различни варијанти, помеѓу доцните 1960-ти и раните 1970-ти, GTА победи на безброј трки и освои неколку титули на Европското првенство за автомобили Turismo.

Аlfa Romeo Tonale сè уште не е лансиранa на пазарот, но читателите на „Motor Klassik“ веќе го изгласаа компактниот џип како еден од нивните омилени во категоријата џипови и теренски возила (со 27,0% од гласовите). Аlfa Romeo Tonale, кое го носи своето име од добро познатиот италијански алпски премин, веќе има добиено разни награди за дизајн, а ќе биде достапнa и со хибриден мотор.

Списанието “Motor Klassik” се објавува од 1984. На последното издание на годишниот конкурс “Motor Klassik Awards” учествуваа 14.778 читатели. Поради пандемијата, церемонијата на доделување на наградите беше одржана онлајн.

290451c5d8a761fc800a12a27aeafd53ec769542
Ви треба информација? Разговарајте со нас