Alfa Romeo Logo

Модели

Аlfa Romeo прославува 111 години заедно со своите обожаватели


  • На 24-ти јуни Аlfa Romeo полни 111 години, значаен дострел за марката која ја напиша историјата на автомобилите.
  • Годишнината беше одбележана во Музејот Аlfa Romeo во Арезе, каде се сместени скапоцените сведоштва за патот на марката.
  • Паради, Формула 1 во живо, конференции, игри: од 24-ти до 27-ми јуни беше во знакот на настаните наменети за обожавателите на марката.
  • За да биде годишнината уште поинтересна, се организираа и испораки на првите автомобили Giulia GTA/GTAm, новиот суперавтомобил од Аlfa Romeo произведени во само 500 ексклузивни единици.

Четврток, 24-ти јуни Аlfa Romeo наполни 111 години: на овој ден 1910 година, во Милано е родена Анонима Ломбарда Фабрика ди Аутомобили (А.Л.Ф.А.), која стана Аlfa Romeo во 1918 година по превземањето од страна на инженерот и претприемач Никола Ромео од Кампанија.

Аlfa Romeo е марка која силно ја влијае на историјата на автомобилите и  собра околу себе големи групи ентузијасти кои постојано ја следат нејзината еволуција: токму за да ги вклучи и обожавателите и да им даде можност да ја запознаат и живеат нивната страст кон Куќата на Бишоне, Аlfa Romeo организираше четиридневни настани во Историскиот музеј во Арезе во кој се сместени најзначајните модели на марката.

Манифестацијата започна во четврток на 24-ти, во 10.00 часот со традиционалното дефиле на отворено за сите приватни сопственици на Аlfa Romeo, од кој било модел и старост, кои парадираа со своите автомобили на внатрешната патека на комплексот. Темата на парадата (и на сите четири дена) беше оддавање почит на црвената Алфа, бојата којашто отсекогаш ги издвојува автомобилите Аlfa Romeo до тој степен да стане составен дел на ДНК-та на Аlfa Romeo: посетителите беа поканети да носат нешто црвено. Исто така, црвени беа и маските што се делеа бесплатно на влезот, за уживањето во текот на овие посебни денови биде потполно сигурно.

Посебен ден беше 24-ти-ти, којшто, со посебна емоција ќе го паметат првите купувачи на ексклузивните Giulia GTA и GTAm: им беа испорачани првите примероци на овие извонредни автомобили, произведени во само 500 нумерирани единици. Среќните сопственици на тој начин ги направија првите чекори од ексклузивното доживување посветено само на нив на роденденот на Аlfa Romeo. Нема подобар начин за прослава од тоа да седите на возачкото седиште на овие суперавтомобили опремени со подобрена верзија на 540 КС 2.9 V6 Bi-Turbo мотор, чија специфична моќност од 187КС/литар е најдобар во класата, што претставува максимален израз на уникатна способност на марката да комбинира стил и спортски карактер. На настанот присуствуваа раководителите на Марката, одговорните за дизајн и инженерство, кои ги придружуваа купувачите во ова ексклузивно доживување, илустрирајќи ги деталите и позадината на уникатниот проект. купувачите можеа, во 12.00 часот, со својот автомобил да одат директно на патеката на ексклузивното дефиле и да учествуваат во ексклузивна тематска посета на специјално подготвениот музеј: патека резервирана за потрага по леснотија, меѓу автомобилите на Музејот и со материјалите на Центарот за документирање, за подобрување на перформансите на трките и уживањето при возење на патот.

Мит со длабоки корени

Проучување на нови материјали, искуство во светот на аеронаутиката, но исто така и на специјалните верзии „Pronto corsa“, од предвоениот 8C 2300 Monza до легендарните „олеснети“ GT автомобили од 1950-тите и 1960-тите: Giulietta Sprint Veloce и Giulia Sprint GTA, чие „А“ на името навистина значи „Олеснетна“(Alleggerita) . Приказната продолжува со 75 Turbo Evoluzione до денес со новите Giulia GTA и GTAm.

Дефиле наменето за Клубовите и на обожавателите

Следеа, дефиле резервирано за клубовите „Аlfa Romeo“ во 15,30 часот, кои исто така беа поканети да учествуваат во 15,30 часот на состанок посветен на презентацијата на календарот на активности на Музејот и споделување на предлозите од оние кои ја живеат страста кон марката на посебен начин. Треба да се нагласи дека две дефилеа се одржуваа секој ден (во 10,00 и 17,00 часот).

Од сериските модели до тркачките патеки низ целиот свет: Аlfa Romeo е и во Формула 1. А, за оние кои ги сакаат тркачките автомобили во Формула 1, во Музејот можеше да се доживее пристигнувањето на патеката на Големата награда на Австрија, на тренинзите, квалификации и трката што се емитуваше во живо на големиот екран. Ревијалниот автомобил на едноседот Alfa Romeo Racing Orlen беше изложен во текот на целиот настан, а во петокот на 25-ти имаше ексклузивен момент, со ограничени места, за време на кој гостите можеа да ја искусат патеката Спилберг, возбудата од средбата со возачите на тимот, Кими Раиконен и Антонио Џовинаци, да ги откријат тајните на paddock и garage преку виртуелна турнеја.

Историски навраќања

Од актуелни настани до славното минато. Две конференции на кои се зборуваше за историјата на марката се одржаа во саботата, 26-ти и неделата, 27-ми: на првата се зборуваше за годишнината од првата A.L.F.A. (Модела, 1911, Regularity Competition), додека на втората беа опишани карактеристиките на Concept 4C, прототип на суперавтомобилот дизајниран од Центарот за стил Аlfa Romeo во 2011 година. На крајот на конференцијата, сопствениците на 4C беа поканети да продефилираат со својот автомобил на внатрешната патека.

Сè уште на историска тема, беа организирани посети на изложбата „Морски коњи“, која истражува едно фасцинантно и помалку познато поглавје во историјата на Аlfa Romeo, употребата на моторите од Бишоне во пловидбата: од трки до транспорт, од воени до риболовни пловни средства. Секој ден од 10 до 18 часот – во текот на работното време на Музејот – исто така  можеше да се изврши „зад сцената“, со резервација, обиколка на Колекцијата, две нивоа на кои се наоѓаат автомобили, мотори, трофеи, шасии и останати материјали кои вообичаено не се изложени пред јавноста.

Активности за групи и семејства

За време на викендот имаше и активности  за групи и семејства: од креативната работилница за деца закажана за саботата, 26-ти-ти во 15 часот, до Потрага по богатство во неделата на 27-ми-ми јуни во 16,30 часот.

395e00cb9659db74636161832d937556b3439dde
Ви треба информација? Разговарајте со нас