Alfa Romeo Logo

Модели

Во Барселона претставена Alfa Romeo Racing ORLEN C39


Тимот на Формула 1 Alfa Romeo Racing ORLEN ја претстави C39, болидот за 2020, пред почетокот на
зимските тестови кои ќе се одржат во Барселона. Претставувањето на автомобилот ја комплетира
стартната мрежа; Alfa Romeo Racing ORLEN е всушност тимот кој недостасуваше во новата сезона.
Возачите Кими Раиконен и Антонио Џовинаци, заедно со третиот возач Роберт Кубика и тест
возачот Татјана Калдерон, ја открија C39 за време на презентацијата на пит линијата на стазата во
Каталонија.
Надворешниот изглед на автомобилот од 2020 означува уште еден чекор напред во однос на
претходните години. Иако ги задржува темите и поставеноста на класичните бои на тркачката Alfa
Romeo, сепак има сосем нов изглед во поглед на графичките ефекти. Темата се разликува по
новиот надворешен изглед, создаден од страна на Стилскиот центар и е наречен “Speed-Pixel”:
графичко евоцирање на брзината и на времето во годината во која изминува сто и десетиот
роденден на марката, кој се огледува и во напредната технологија на колата. Споредувајќи ја со
минатото, се забележува навраќање на поедноставениот дизајн на Quadrifoglio; инаку, на капакот
на моторот стои зголемен натпис Alfa Romeo кој е поставен над главното лого. Почесното место е
секако зачувано за античкиот грб на Милано и семејниот грб на Висконти кои заедно ги
претставуваат 110-те години на слва и победи, со поглед кој е постојано вперен кон иднината.
Проектирана и развиена во соработка со техничкиот директор Јан Моншо, C39 претставува лесен
налик со претходниот автомобил. Се работи всушност за комплетно нов концепт, кој треба да му
овозможи на тимот да ги консолидира сите значајни и исполнети напредувања во последните две
години и постепено да се доближи до пул позицијата.
Сега вниманието е насочено кон двете најзначајни недели кога ќе се одвиваат тестовите во
Барселона. Со само шест дена на располагање пред почетокот на сезоната во Мелбурн,
Австралија, секој активен час на патеката во Каталонија ќе биде од фундаментално значење за да
се набљудува однесувањето на автомобилот и да се доведат до оптимум неговите потенцијали.
Во моментов единствено што останува е да се ужива во убавината на новиот болид на Alfa Romeo
Racing ORLEN C39 кој, со добра основа, може да се дефинира како шлаг на тортата.
Фредерик Васер, главниот во тимот на Alfa Romeo Racing ORLEN и директор на Sauber Motorsport
AG, вели: “C39-ката е резултат на залагање и на визијата на една група личности, вовлечени во
проектот, како и демонстрација на квалитет на секој член на нашиот тим. Со овој автомобил се
надеваме дека ќе ги оствариме нашите амбиции да направиме неколку чекори напред. Целта не е
променета: нашите идни перформанси треба постојано да се подобруваат во однос на минатите.
Ние сме тим кој расте и сè уште треба да се подобриме во секој поглед. Се работи за отворен
проект, без рок на траење кој бара посветеност и залагање од сите нас. Правиме напредок, веќе
направивме огромен чекор напред во однос на тоа каде бевме на почетокот на 2018, и затоа
треба одлучно да чекориме по овој пат”.
Jaн Моншо, технички дриректор на Alfa Romeo Racing ORLEN: “C39-ката е природна еволуција на
минатогодишниот автомобил, иако нема неколку допирни точки со претходната верзија.
Направивме многу подобрувања на автомобилот, но на страна тркалата и гумите и некои
внатрешни компоненти, сите останати видливи елементи се променети. Станува збор за

вообичаен процес кон постојано подобрување, но резултатот е целосно нова кола. Очекуваме да
добиеме подобри резултати во однос на минатата сезона, да направиме чекор напред и се
надеваме да освоиме доминантна позиција на половина од распоредувањето”.

988d2c9698424bb171eb515bf28c9f0870b95ea7
Ви треба информација? Разговарајте со нас