NEWS

Во Велика Британија Alfa Romeo Giulia триумфира на наградите “Driver Power Awards 2019”

03 May 2019

190418_Alfa_Romeo_Giulia

  • Alfa Romeo Giulia го освои златниот медал за Динамика на возење”, една од вредностите на кои се темели ДНК-та на италијанската марка која секое патување го претвора во посебно.
  • На следниов линк новата секција на страната на Alfa Romeo прес ќе ги најдете сите награди освоени на интернационално ниво, од 2016 до денес.

Alfa Romeo Giulia е повторно на подиумот на престижните награди “Driver Power Awards” на Auto Express, и го освои златниот медал во категоријата “Динамика на возење”. Награден е фамозниот динамизам на пат на италијанската марка која го исполнува со воодушевеност секое патување и постојано е во служба на комфорот и сигурноста. Всушност, тоа е основата на новата генерација од Бишоне, како и гласник на “Механика на чувствата”, го содржи во себе автентичниот дух на Alfa Romeo изразен низ петте елементи кои го прават една од најпосакуваните автомобилски марки на светот: италијански дизајн кој се издвојува; авангардни и иновативни мотори; совршена дистрибуција на тежините; единствени технички решенија; извонреден сооднос тежина/моќност.

Driver Power е најширока и најкомплетна анкета во Велика Британија меѓу оние кои го мерат задоволството на клиентите: ги користи податоците од илјадниците сопственици, од довербата преку  перформансите до практичноста. Анкетата на Driver Power, која се врши по седумнаесетти пат, е веродостојно и реално мислење на сопствениците на новите автомобили.

Ендрју Трејси маркетинг директор на Alfa Romeo во Велика Британија, прокоментира: “Наградите “Driver Power Awards” на Auto Express се огледало на сè она што го мислат англиските возачи. Оваа година, резултатите покажуваат дека Alfa Romeo Giulia е еден од најдобрите нови автообили кои може да се купат. Фактот дека оценките се базирани на мислењето на реалните клиенти ѝ дава на анкетата исклучително доверливо и веродостојно значење”.

Најново од Alfa Romeo