Големата награда на Монтре: изданието 2018 сјае од страста на Alfa Romeo
Од 13 до 16 септември, во Швајцарија ќе се одржи трката за Големата награда на Монтре, настан за потсетување на историската трка која се одржа во 1934 и која ја полни со страст Ривиерата Водуаз, прекрасниот регион покрај езерото Леман. Од Плоштадот Марше па сè до височините на кои се наоѓа селото Ко, патеката поминува низ свиоците на езерото Леман кое ја дели Швајцарија од Франција. Изданието на Големата награда на Монтре отсекогаш било посебен настан за вљубениците во автомобилизмот на регионот преку Алпите. Оваа година повторно ќе ги соедини познатите возачи од минатото и ќе ја прославува трката на која за прв пат победи грофот Карло Феличе Троси, со автомобилот Alfa Romeo GP Tipo B P3 пред осумдесет и четири години. Со учеството на годинешното издание на трката, историското одделение на Групацијата Фиат Крајслер Автомобили создава мост кон минатото и во Монтре ќе се претстави со големата историска слава на Alfa Romeo преку нејзините модели од поново производство: освен Giulia и Stelvio, претставени со моќните верзии Quadrifoglio, ќе биде можно да се ужива во двете 4C, еднoCoupé и еден Spider, во специјалните серии “ Competizione ” и “ Italia “. Coupé има крајно спортски изглед со силна инспирација од светот на трките, додека пак Spider, која е во можност да даде извонредни перформанси е со поелегантен и попрефинет изглед. Во Швајцарија ќе се појават Alfa Romeo GP Tipo B P3 од 1932 и со Alfa Romeo Giulietta SZ со скратена опашка.
