Alfa Romeo Logo

Модели

Дизајнот на Alfa Romeo и Abarth награден од auto, motor und sport


• Повеќе од 18,000 читатели на познатиот германски маrазин гласаа за наградата “Autonis”.

• Alfa Romeo ја доби наградата за “Design Brand 2016” во две категории со Giulia и Mito.

• Abarth 595 ја доби наградата “Minicar”.

Италијанскиот дизајн ги воодушеви читателите на германскиот авто магазин auto, motor und sport кои им доделија четири награди “Autonis 2016” во 11 категории на  возилата од марката Alfa Romeo и  Abarth.

Во детали, Alfa Romeo е избран за “Design Brand of the Year” со добиени 24.7 проценти од гласовите и победи во две категории. Новиот спортски автомобил Giulia во својата категорија освои повеќе од половина гласови (54.3 проценти), додека пак компактниот MiTo освои неверојатни 59.3 проценти во категорија на мали автомобили.  Alfa Romeo веќе ја има добиено наградата “Autonis” во 2010 кога читателие на auto, motor und sport ја избраа Giulietta за “Best Car” во категорија на автомобили “Mid-size”. 

Голем успех постигна и марката чие лого е шкорпион со добивање на  награда во категорија “Minicar”. Моделот 595 го повтори успехот од 2008година. Оваа година, Abarth 595 освои повеќе од половина од гласовите 56.5% за новиот редизајниран модел.  

На располагање во две верзии, 595 Abarth и три нивоа на опременост (595, 595 Turismo и 595 Competizione) како и моќните мотори (145 КС, 165 КС и 180 КС) за задоволување на пребирливите и секогаш добро информирани купувачи.

160916_FCA_Autonis_003
Ви треба информација? Разговарајте со нас