Извонреден роденден на марката Alfa Romeo
- На 24 јуни брендот полни 108 години: посебна пригода во 2018, преполна со настани.
- Излегоа специјалните серии Nürburgring Edition Giulia Quadrifoglio и Stelvio Quadrifoglio “NRING”, во 108 примероци по модел
- Во “Салата Giulia” на Историскиот музеј во Арезе се вршеше директен пренос од трката на која учествуваше Alfa Romeo Sauber F1 Team во Франција.
- Во Музејот ќе биде изложен престижниот “Златен компас на ADI”, најценетата награда во светот на полето на дизајнот, која ѝ беше доделена на Alfa Romeo Giulia.
На 24 јуни брендот од Бишоне полни 108 години: првиот автомобил на кој беше ставен знакот на марката A.L.F.A., 24 HP, беше проектиран уште пред официјалното основање на Анонимната Ломбардиска фабрика, на 24 јуни 1910, и неговата верзија “Corsa” веднаш оствари извонредни резлутати на неколку трки.
108 години историја на Alfa Romeo кои се карактеризираат со ДНК составена од трки и натпреварувања, а која денес се огледува во специјалните серии во ограничено издание Nürburgring Edition Giulia Quadrifoglio “NRING” и Stelvio Quadrifoglio “NRING”. Тоа се два извонредни автомобили, произведени во 108 примероци по модел, за да се нагласат 108 години на Alfa Romeo, кои претставуваат извонредност на брендот во поглед на техничките содржини, перформансите и стилот. На овие елементи се придодава и едно customer experience бесценето и ексклузивно за колекционерите и најпосветените колекционери кои ќе ги возат овие концентрати од скапоцени перформанси и технологија. На карактеристиките на верзиите Quadrifoglio, “NRING” се придодава опрема full specs и еден посебен кит “Welcome kit”.
Моторот 2.9 V6 Bi-Turbo со 510 КС кој е вграден на Giulia и Stelvio Quadrifoglio денес е најмоќниот мотор на Alfa Romeo на располагање за патничките верзии на автомобилите, кои и на писта одлично се покажува: не случајно Stelvio Quadrifoglio е најбрзиот SUV на светот и го држи приматот во категоријата на колото во Нирбургринг, каде Alfa Romeo испиша неизбришливи страници во својата долга и славна историја. Stelvio ги искористи 600 Nm на максимален вртежен момент , забрзувањето од 0 до 100 km/h за 3,8 секунди и максимална брзина од 283 km/h за да помине 20,832 km на Nordschleife за 7 минути, 51 секунда и 7 десетинки.
И не само Нирбургринг: оваа сезона го одбележа враќањето на Alfa Romeo на пистите на Formula 1, и прославите кои ги организираше Историскиот музеј во Арезе. За својот роденден предвиде и една посвета на “спортското срце”. Во таа прилика, во “Временската машина”, ќе се наоѓа изложбениот автомобил C37 Alfa Romeo Sauber F1 Team, кој ќе ја претставува врската помеѓу сегашноста и и днината на брендот. Во Арезе, ќе бидат постојано изложени “Alfetta” 158 co која Нино Фарина во 1950 година го освои првиот Шампионат во Формула 1 и 159 со која следната година Хуан Мануел Фанџо го повтори успехот.
Ова место, богато со историја, еден ден беше претворено во трибина од која љубителите навиваа за својот пулен кој настапи на трката за Големата награда на Формула 1 “Pirelli” во Франција, во соработка со Sky Sport. Атмосферата ја подгреаја, не само прекрасната C37, туку и оригиналните комбинезони со кои официјалните возачи на Alfa Romeo Sauber F1 Team, Шарл Леклерк и Маркус Ериксон, настапија на првите трки од Шампионатот F1 2018, поптишани од возачите.
Giulia, како и секоја Alfa Romeo, е создадена од совршената распределба на наследството, брзината и убавината која претставува уште повисок израз на италијанскиот стил на автомобилското поле. ВО себе ги собира каноните кои го одликуваат италијанскит стил и единствениот јазик преку кој Alfa Romeo ја искажува високата еволутивна истрајност од цели 108 години: чувство за пропорции, едноставност и грижа за квалитетот на површините, за иновативниот дизајн, верен на традицијата која се цени низ целиот свет.
