Alfa Romeo Logo

Модели

Кими Раиконен и Антонио Џовинаци на писта со Alfa Romeo Рејсинг ОРЛЕН и во 2021


  • Кими Раиконен и Антонио Џовинаци, потврдија дека и во сезоната 2021 ќе бидат зад воланот на Alfa Romeo Рејсинг ОРЛЕН.
  • Продолжувањето на соработката се случи во текот на Големата Награда на Имола 2020, на која едноседот C39 се појави со славенички изглед, реализиран во Стилскиот Центар на Alfa Romeo.

Alfa Romeo го објави обновувањето на договорите со Кими Раиконен и Антонио Џовинаци во Формула 1 со тимот Alfa Romeo Рејсинг ОРЛЕН за сезоната 2021.

Првиот возач на триколорите, осум години по последната стабилна појава  на италијански возач зад воланот на една una Формула 1, Антонио Џовинаци на решителен начин придонесе за развојот на тимот Alfa Romeo Рејсинг ОРЛЕН. Напредокот и вредностите на Антонио во неговата прва и втора сезона, освен што беа откритие, беа постојани, и токму ваквата постојаност е основниот елемент за успехот во Формула 1. Во текот на оваа сезона, Антонио покажа многу солидни вредности, на највисоко ниво и често со многу освоени позиции во секоја трка. Тимот постојано и со голема решителност го поддржува италијанскиот шампион. Мисијата за Alfa Romeo е да го гледа во постојано издигнување со цел да постигнува сè позначајни резултати, но пред сè е причина за голема гордост.
Меѓу другото, врската помеѓу италијанските возачи и Alfa Romeo е дел од историјата на автомобилизмот уште од времето кога марката на Бишоне го освои првото место на првото издание на најголемиот натпревар, во 1950 со Нино Фарина зад воланот на Alfa Romeo Гран премио Типо 158 “Aлфета”.

Кими Раиконен, возачот со најголемо искуство во Формула 1, ќе продолжи да го дава својот неверојатен микс на способности, итрост и техничките познавања на помошта на тимот со што го направи и своето деби во Формула 1 во 2001, кога сè уште тимот го носеше името Заубер Ф1. Четириесетгодишниот Финец, Светски шампион во 2007, кој и понатаму ја покажува својата посветеност.
Кими е еден од најсаканите возачи на Формула 1 кој може да се пофали со голема група навивачи во секое катче на светот. Кими зборува главно за патеката, но и за инженерите: неговите технички повратни информации и неговата извонредна чувствителност беа исклучително вредни за тимот во последните две сезони.

Специјално издание за значаен настан

Објавувањето за продолжување на договорите пред Големата награда на Имола во 2020 година, е значаен настан за Alfa Romeo и италијанската традиција во автомобилизмот и затоа тркачкиот автомобил С39 на тимот Alfa Romeo ќе има посебен изглед. Изгледот на каросеријата, дизајнирана од Стилскиот центар на Alfa Romeo, ќе го има италијанското знаме надолжно на горниот дел од капакот на моторот и на задната плоча на задниот спојлер, кое се претопува во темата по која се истакнува новото издание за 2020 година,  наречено “speed pixel”, кое се карактеризира со линеарна графичка и динамичка обработка. Исто така, на капакот на моторот, на истакната позиција, се појавува ексклузивното лого на Alfa Romeo за 110-годишнината, придружено со зборовите „Добредојдовте назад, Имола“ што го нагласува значењето на оваа патека, која е една од најважните италијански патеки. Имола беше сцена на значајни победи Alfa Romeo во трите категории Туринг, Спорт и Формула 1.

8f42d7850ee0759af3e69659a4da008a5cf2d347
Ви треба информација? Разговарајте со нас