Alfa Romeo Logo

Модели

Кими Раиконен и неговата сопруга, протагонисти на мини серија од пет спотови


  • За време на конференцијата за печат во Историскиот Музеј во Арезе, брендот ја објави иновативната комуникациска активност за лансирање на Model Year 2020 на Stelvio и Giulia каде главни протагонисти се Кими Раиконен и неговата сопруга Минту Раиконен.
  • Вo истата пригода беше претставен и едноседот C38 кој ќе учествува на трката во Монц за Големата награда на Италија со изглед на каросеријата токму за таа намена.
  • На настанот беа присутни Кими Раиконен и Антонио Џовинаци заедно со Главниот на тимот Фредерик Васеркако и преку 120 медиуми од целиот свет и посебни гости.
  • Раиконен и Џовинаци на осум среќни купувачи им ги предадоа нивните нови автомобили Алфа Ромео и беа протагонисти на единствена активност со историските автомобили од колекцијата FCA Heritage.
  • Преку целата недела пред одржувањето на трката за Големата награда на Италија во Милано и во Монца се одржаа низа настани.

Брендот Алфа Ромео синоќа ја објави веста за единствениот вид на ваква активност. За лансирањето на Model Year 2020 на Giulia и Stelvio, предвидено за крајот на годинава, Кими Раиконен и неговата сопруга Минту Раиконен ќе бидат протагонисти во мини серија од 5 спота. Станува збор за иновативен проект кој, благодарение на филмските способности на двајцата протагонисти ќе ги истакне новитетите на двата модели. Уште во текот на презентацијата на специјалните серии на Алфа Ромео Racing на Giulia и Stelvio, Кими Раиконен и Антонио Џовинаци беа протагонисти на прекрасни спотови од патеката Proving Ground во Балоко. Успешното искуство кое наиде на позитивен одзив кај јавноста низ светот, доби свое продолжение со оваа нова активност која дополнително ги истакнува актерските способности на Кими, овој пат придружуван од неговата сопруга.

Специјално издание на каросеријата  за Големата награда на Италија
Во истата прилика за прв пат беше претставен и болидот C38 на тимот “Алфа Ромео Racing” кој ќе излезе на патеката во Монца во недела. Автомобилот се разликува по многу специјалниот изглед на каросеријата наменет токму за оваа пригода, осмислен во Центарот за стил на Алфа Ромео за да се прослави токму Големата награда на Италија, со извонреден и многу чист изглед на болидот кој го возат Антонио Џовинаци и Кими Раиконен. Најистакнатиот аспект е сместен во триколорниот дел на спојлерите и го нагласува чувството на национална припадност на марката Алфа Ромео.

Исклучителна вечер во местото каде се чува историјата на брендот
Сцената на овие објави можеше да биде единствено во Музејот во Арезе во “Временската машина”, во еден единствен момент во текот на неделата исполнета со напнатост пред одржувањето на трката за Големата награда на Италија во Монца  каде марката Алфа Ромео е протагонист низ долга серија иницијативи. На настанот учествуваа преку 120 медиуми од целиот свет како и посебни гости од светот на Формула 1, како што е главниот на тимот “Алфа Ромео Racing” Фредерик Васер, возачката Микела Черути како и Чезаре Фиорио, а беше отворен со возачите Кими Раиконен и Антонио Џовинаци кои доделија 8 автомобили Алфа Ромео на нивните купувачи.

190905_Alfa-Romeo_Racing-C38-Monza-Livery_01
Ви треба информација? Разговарајте со нас