Моделите Quadrifoglio Alfa Romeo наградени со Car of the Year 2019 од списанието “What Car?”
- Алфа Ромео Giulia Quadrifoglio ја доби наградата Car of the Year 2019 во категоријата “Performance Car of the Year” на списанието “What Car?” во категоријата на награди за “Sports Car” минатата година
- Алфа Ромео Stelvio Quadrifoglio е избарана за “Best Sports SUV со почетна цена од 000 £”
Симболот на Quadrifoglio уште еднаш го оправдува своето име така што и Алфа Ромео Giulia и Stelvio добија награди во рамките на годишното издание на наградите Car of the Year 2019 на списанието What Car?
Откако беше оценувана од експертскиот тим на “What Car?”, Алфа Ромео Giulia Quadrifoglio ја доби титулата “Performance Car of the Year” во категоријата “Sports Car” за 2018. Stelvio Quadrifoglio, пак, цврсто се бореше за титулата “Best Sports SUV со почетна цена од 60.000 £”.
Стив Хантингфорд, директорот на “What Car?” ја опиша Giulia Quadrifoglio со зборовите: “Да се достигне врвот е полесно , отколку таму да се остане, или барем така се вели. Можеби токму затоа втората победа во категоријата ‘Car of the Year’ на Giulia Quadrifoglio е многу поголем успех од првата. Сепак, не е некакво изненадување; сепак зборуваме за автомобил удобен, просторен, добро опремен и најзабавен за возење во однос на останатите модели кои чинат десетици илјади повеќе”.
Што се однесува до Алфа Ромео Stelvio Quadrifoglio, Хантингфорд изјави: “Алфа Роемо Stelvio е неверојатно брз SUV иако е елесен и брзо одговара на побарувањата благодарение на ултрабрзиот волан што гарантира пофлуидно возење. Грандиозната контрола на држење и интегралниот погон, го туркаат возачот на Stelvio Quadrifoglio постојано да ги искористува до максимум неговите перформанси”.
Арно Леклерк, директорот на FCA во Велика Британија, прокоментира: “Алфа Ромео секогаш успеваше да зборува во срцето на луѓето благодарение на нејзината страст, нејзиниот изглед и нејзината динамичност коишто се типично италијански, а последниве награди само докажуваат дека тоа се одлични производи кои ја надминуваат страста. Со оглед на тоа дека експертите на What Car? проценија дека нема кој да ги надмине производите од новата гама на Алфа Ромео, оваа победа е уште повредна”.
