Нова Алфа Ромео Џулиета
За да продолжи да ја игра главната улога во нејзиниот сегмент, Алфа Ромео Џулиета се подновува преку поистакнати спортски карактеристики, благодарение на новите елементи како и на еден истакнат family feeling co прекрасната Џулија (Giulia), новата парадигма на Алфа Ромео и максималниот израз на “Механиката на чувства”.
Новата Џулиета предлага и други битни новитети како новиот турбодизел мотор 1.6 JTDm со 120 КС со менувач Алфа TCT, и многу корисните услуги Live на системот Uconnect што се на располагање на целата гама. Инаку, понудата се подобрува – четири нивоа на опременост (Џулиета (Giulietta), Супер (Super), Велоче (Veloce) и Бизнис (Business)), два пакети (Велоче и Лусо (Lusso)) и 9 различни мотори (бензинци, дизел и GPL) – му овозможуваат на клиентот на наједноставен начин да ја одбере верзијата што најмногу му одговара на вкусот и потребите којашто потоа може да ја збогати со опционали и додатоци.
Подготвена да се соочи со идните предизвици, Новата Џулиета го отелотворува неспоредливиот “Алфа дух” кој преку еден век го среќаваме на сите производи од Бишоне: тоа се всушност, “лесни и ефикасни” автомобили – благодарение на изборот на материјали и на соодносот тежина-моќност – и ја истакнуваат грижата посветена на секој детаљ,типична за високата школа на италијанскиот дизајн. Инаку, тоа се автомобили агилни на пат, благодарение на директниот волан, развиените суспензии и урамнотежената распределеност на тежините.
На крајот ќе се запомни дека Новата Џулиета присвојува бројни содржини развиени во соработка со Мањети Марели – од уредите за осветлување па сè до powertrain, од суспензиите па сè до системите за издув – што ја потврдуваат долгата и плодна соработка помеѓу марката Алфа Ромео и познатата интернационална групација која работи на полето на проектирање и производство на системи и делови од високата технологија за автомобили.
Подновен стил и поистакнат спортски карактер
Денес новата Џулиета го воздигнува семејниот филинг со Џулија, новата парадигма на Алфа Ромео, која се збогатува со надворешни стилски одбележја, како маската со решетка во форма на пчелино саќе и новите предни браници кои потсетуваат на легендарниот преден триаголник, која е можеби најпозната и најпрепознатлива во светот на автомобилите. На ист начин, начинот на кој е напишашано името “Џулиета” и неговата поставеност на задниот дел од автомобилот, заменувајќи го она што досега се користеше со “Џулија”, исто како што на новиот модел дебитира обновеното лого на марката што е модернизирано, но ги има зачувано стилските обележја што го прават сакан симбол на светско ниво: само оној што има големо минато може да се соочи со предизвиците на иднината!
Засенчени фарови, повторно вградени во браникот, новите лиени бандажи, накосените цевки на издув ги комплетираат естетските новини. Верзијата Џулиета Велоче (Giulietta Veloce), најспортската верзија во гамата, претставува уште поистакната естетска карактеристика, благодарение на новите спортски браници со профили во црвена Алфа боја, на новите фарови со carbon look, антрацит сјајната обработка на задниот дел од ретровизорите, рачките и рамката на светлата, како и на светлата за магла.
На ексклузивната спортска „облека“ одговара и грижливо уреден амбиент до најмал детаљ и збогатен со квалитетни материјали: новата Џулиета е израз на најразвиениот стил Made in Italy. Тоа го покажуваат и внатрешните елементи на најпосртската верзија Џулиета Велоче каде се истакнуваат новите спортски седишта со вграден потпирач за глава и обложени во кожа Алкантара, збогатени со црвените опшивки во контраст и натписот “Алфа Ромео” на потпирачите за глава. Во серија е и пресечениот спортски волан во кожа со црвени опшивки во контраст, како и рамката на таблата и тапацирот на вратата кои се одликуваат со carbon look, како и специфичните инсерти во засенчена сива боја.
Спортски печат на верзиите Џулиета и Џулиета Супер (Giulietta Super) кај првата се: новите седишта во сиво/црн штоф, новиот инсерт на таблта во црна мат боја, волан во кожа и новите црни инсерти за тунелот и рачката за отворање на вратата. Уште посилна персонализација на нивото на опременост Super што ја издвојува се новите седишта во сиво/црн штоф со цевчест штеп типичен за седиштата на Алфа Ромео. По барање, и двете нивоа на опременост може да бидат збогатени со седишта во пресувана кожа.
Нов мотор 1.6 JTDm со 120 КС TCT
На новата Џулиета дебитира 1.6 JTDm со 120 КС прилагоден на автоматски менувач Алфа TCT што поседува многу типични предности турбодизел моторите како што е комфорот кој само автоматската трансмисија може да го среди и да го подари и на брзината својствена на менувач со двојно квачило: ефикасност и задоволство при возење.
Така опремениот нов автомобил забележува и одлични перформанси – 195 km/h максимална брзина, 10,2 секунди на забрзување со 0 со 100km/h – наспроти ниските потрошувачки во однос на загадувањето на околината: 3,9 l/100 Km и само 103 g/km на CO2 во комбиниран циклус на возење за моторот 1.6 JTDm 120КС.
Моторот со 1,6 litri на новата Џулиета припаѓа на втората генерација на турбодизел мотори Multijet, кој произведува максимална моќост од 120 КС при 3.750 вртежи/минута и поседува турбокомпресор со мали димензии што му овозможуваат да ги искаже при ниските режими на работа кои се на врвот во категоријата (320 Nm при 1.750 вртежи/минута) нудејќи така максимална еластиќност на движење. Особеност на 1.6 JTDm без сомнение е системот за вбризгување Common Rail од третата генерација, што користи иновативни бризгалки кои можат да ја контролираат со голема прецизност, благодарение на хидрауличниот урамнотежен сервовентил, количината на нафта вбригана во комората за согорување со секвенца на вбризгување која е особено брза и флексибилна.
Трансмисијата Алфа TCT, сега споена на моторот 1.6 JTDm со 120 КС, функционира на како на комплетно автоматски начин, така и на секвенцијален. Позициите “up and down” (горе и долу) на рачката на менувачот, која е прецизна и ергономска, се управуваат рачно од страна на возачот, кој може да одбере и да ги прилагоди “shift paddles” (рачките) на воланот. Благодарение на слекторот за избор Алфа DNA, можно е д а се избере динамично однесување на автомобилот, со што се дејствува врз максималниот вртежен момент на моторот, на кочниците преку уредот Pre-Fill, на логиките на менување на менувачот TCT, на одговорот на педалата за гас, на системот за контрола ESC, на автоблокирачкиот електронски диференцијал Алфа Q2 и на контролата на погонот ASR. Возаќот може да активира три начини на возење во зависност од условите на патот и од сопствениот стил на возење.
На ововј начи се комплетира гамата на различни мотори на новата Џулиета која денес предлага 4 турбо мотори на бензин (1.4 Турбо Бензин со 120 КС, 1.4 Турбо Multiair со 150 КС, 1.4 Турбо Multiair со 170 КС TCT и 1750 Турбо бензин со 240 КС TCT) и 4 турбодизел мотор: 1.6 JTDm 120 КС, со мануелен или автоматски менувач TCT, 2.0 JTDm со 150 КС и 2.0 JTDm со 175 КС TCT. И не само тоа, 1.4 TB 120 КС е на располагање и со двојно напојување (GPL и бензин).
Систем Uconnect со нови услуги Live
На средина на таблата на новата Џулиета е поставен унивативниот мултимедијален уред Uconnect со екран на допир (од 5″ или 6,5″) заедно со Bluetooth поврзување со гласовни команди и streaming audio, конектор Aux-in, приклучок за USB, гласовни команди, SMS Reader и уред DAB за да се слуша радио со дигитален квалитет. И двата системи се развиени во соработка со извонредно квалитетни партнери како што се Harman и Here Auto за Uconnect со 6,5″ и Continental за Uconnect 5″.
Новитет кој воведен кај новата Џулиета е почетокот на услугите UconnectTM LIVE што овозможуваат преку сопствениот смартфон постојано да бидете поврзани додека возите. Со симнување на бесплатната апликација од App Store или од Google Play Store на смартфонот Uconnect LIVE нуди музика во со Deezer и TuneIn, news благодарение на Reuters, навигација поврзана преку TomTom LIVE и дава можност постојано да се биде поврзан со пријателите преку Facebook Check-In и Twitter. Со новата Џулиета се заштедува, се почитува екологијата и се има контрола каде и да се оди преку eco:Drive и my:Car. На Џулиета дебитира ексклузивната услуга Алфа Performance, осмислена токму за да се издигне искуството во возење. Благодарение на цела серија дигитални инструменти за мерење, возачот може да ги контролира главните параметри на автомобилот, да ги мери сопствените перформанси благодарение на соодветен тајмер и да ја провери статистиката преку смартфонот, како и да добива совети за возењето во реално време. Услугата е на располагање на Uconnect 6.5″ Radio Nav LIVE. И понатаму на Uconnect LIVE со 6,5″ постои функцијата за сателистка навигација со мапи во 3D од високо, прогресивни индикации за изминувањето со функцијата ‘One Step Voice entry Destination’ за внесување на адресата со гласовни команди.
Комплетна и рационална гама за избор без размислување
Во Италија гамата на новата Џулиета се состои од четири нивоа на опременост (Џулиета , Џулиета Супер, Џулиета Велоче и Џулиета Бизнис), два специфични пакети (Велоче и Лусо) и 9 различни мотори, меѓу кои новиот турбодизел мотор 1.6 JTDm 120 КС TCT што ќе биде особено ценет од бизнис клиентелата. Инаку, клиентот ќе може да избере меѓу 11 бои на каросеријата вклучувајќи ги и новите Бела Алфа и сива Липари, 12 различни алуминиумски бандажи (од кои и еден нов дизајн за секоја големина) и дополнителни 2 пакети (комфорт и Визибилити) за да се задоволи секоја од потребите на клиентот.
Основното ниво на опременост на Џулиета се одликува со нов изглед на предницата – составен од нова маска со решетка во форма на саќеи нови инсерти на браниците – збогатена со засенчени фарови, матирани рачки и нови накосени цевки на издув. Однатре, нови штофени седишта сиво/црни со лого Алфа Ромео на потпирачот за глава, нов инсерт на таблата во црна мат боја и патосници од велур. Стилските новитети се придружени со богата сериска опрема која вклучува волан во кожа, клима уред, систем Uconnect со 5″ со услуги U-Connect Live, селектор Алфа DNA (co електронски диференцијал Q2 и DST), иновативниот ESC (кој вклучува ASR и Hill Holder), 6 воздушни перничиња и електрични подигнувачи на стаклата напред и назад. Купувачот на оваа верзија на Џулиета може да избере од следниве различни мотори: 1.4 Турбо Бензин со 120 КС, 1.4 Турбо Бензин со 150 КС, 1.6 JTDm 120 КС, со рачен или автоматски менувач TCT, 2.0 JTDm со 150 КС и 1.4 TB со 120 КС со двојно напојување (GPL и бензин).
На располагање со сите различни мотори во гамата (освен 1750 Турбо бензин со 240 КС TCT), нивото на опременост Џулиета Супер додава во однос на претходното, неколку содржини од голем интерес (двозонски автоматски клима уред, cruise control, преден потпирач за рака), додека естетски се разликува по алуминиумските бандажи од 17″, светлата за магла, хромираните детали и новите сицо/црни штофени седишта со лого Алфа Ромео на потпирачот за глава. Инаку, клиентот на новата Џулиета Супер може дополнително да го пероснализира својот автомобил со избор на еден од пакетите Велоче и Лусо што го истакнуваат неговиот елегантен или спортски изглед. Пакетот Лусо вклучува седишта во кожа и висинско прилагодување на возачкото седиште, потпирач за рака напред и назад, алуминиумски потпирач за нога до педалите и Uconnect 6.5″ Radio Nav. Пакетот Велоче, пак, предвидува неколку естетски содржини на верзијата Џулиета Велоче како што е подолу опишано.
Комплетната гама на нивото на опременост Џулиета Велоче – максимален израз на спортскиот изглед на новата Џулиета – кој нуди во серија специфични естетски елементи за уште поагресивен изглед, како во поглед на техничко-спортските содржини, така и за однесување на пат без компромиси. Меѓу нив се спортските суспензии со специфична поставеност, калниците, спортските браници со ексклузивен црвен Алфа профил, алуминиумски бандаж со 18”, појачан систем за кочење Брембо со црвени вилушки и 4 клипчиња, како и зголемени цевки на издув.
Се истакнува и ексклузивниот беџ “Veloce”, затемнетите стакла, предните фарови со carbon look обработка и антрацит сјајна обработка на задниот дел од ретровизорите, рачките, маската и рамките на светлата за магла. Однатре, спортската вокација на новата Џулиета Велоче се потврдува преку новите седишта во кожа и Алкантара со опшивки во контраст и потпирач за глава со натпис Alfa Romeo, од педалите во алуминиум, рамките во мат сива боја до спортскиот волан со црвени опшивки и од carbon look ефектот за ивиците на таблата и панелите на вратите. Oчигледно, оваа верзија на новата Џулиета е опремена ексклузивно со оќниот 1750 Турбо Бензин мотор со директно вбризгување и основа во алуминиум што испорачува 240 КС при 5.750 вртежи/минута.
