Alfa Romeo Logo

Модели

Нова боја на каросеријата дизајнирана во Стилскиот центар Alfa Romeo: облека по мерка за Giulia GTA (Џулија ГТА)


Проектот “Giulia GTA” е осмислен за да понуди, освен задоволство при возење карактеристично за Alfa Romeo во највисок израз, единствено и ексклузивно ниво на персонализација.
За тоа придонесоа естетското и техничкото искуство на Стилскиот центар Alfa Romeo кој ја создава новата боја на каросеријата на моделот Giulia GTA, која се навраќа на историјата и ги истакнува на најдобар начин победите и иконографијата на Alfa Romeo, единствена и неповторлива.
Со изборот на Giulia GTA се отвораат вратите на едно пособно искуство за клиентите, проект кој ги исполни колекционерските простори.
Giulia GTA и Giulia GTAm во Италија ќе бидат понудени по цена, следствено, почнувајќи од 175.000 € и 180.000 € (22% со вклучен ДДВ).
Претставувањето на Giulia GTA кое се одржа на 2 март, поттикна огромен интерес во јавноста, помеѓу вљубениците во автомобилите. Огромниот ентузијазам, за Alfa Romeo претставува причина за гордост: токму во годината на сто и десет годишнината на Alfa Romeo, која брендот ќе ја прослави заедно со сите љубители на италијанистиката, на достигнувањата, на дизајнот, на “умешноста да се направи” типично италијански. А најдобар начин за да се прослави, доследно на историјата Alfa Romeo, е токму со навраќање кон корените и правејќи повторно да излезе на површина една од легендите на автомобилизмот: токму Giulia GTA.

Сооднос тежина/моќност најдобар во класата за да се продолжи историјата

Новата Giulia GTA, всушност, технички и концептуално се инспирира од Giulia GTA од 1965: “Gran Turismo Alleggerita” развиена од страна на Аутоделта почнувајќи од Giulia Sprint GT која собра спортски успеси насекаде во светот. Потекнува од Giulia Quadrifoglio и е опремена со појачана верзија на моторот Alfa Romeo 2.9 V6 Bi-Turbo, со 540 КС. Благодарение на продолжената примена на ултралесни материјали вкупната тежина ѝ е намалена за 100 kg во однос на Giulia Quadrifoglio, и достигнува исклучителен сооднос тежина/моќност од 2,82 kg/КС којшто ја прави најдобра во класата. Нејзината физиономија, внатре и надвор го искажува концептуалното навраќање на историскиот автомобил од кој го презема изгледот и се конкретизира овој проект, кој во целост ја одразува ДНК-та н марката: техничка извонредност придружена со задоволство при возењето.

500 Giulia GTA и GTAm, скроени по мерка

На 500-те среќници кои поседуваат Giulia GTA и GTAm, Alfa Romeo посака да им намени “проект во проектот” кој ја прави Giulia GTA не само автомобил за купување, туку и искуство за доживување: ако толку многу се мислеше да се даде правата форма на надворешноста и внатрешноста на автомобилот, уште повеќе се мислеше да се направи попривлечен овој проект во духот на историскиот автомобил. И не само тоа, со оглед на тоа дека потребните нешта за автомобил од ваков тип, денес, треба да одговорат на критериуми кои некогаш не беа вообичаени, ниту пак овозможени. Има ли нешто подобро од тоа да се качите во автомобил Alfa Romeo Giulia GTA? Само едно нешто: да се качите во автомобил GTA од ваште соништа, конструиран и способен да одговори на секоја естетска потреба. Ете зошто Alfa Romeo разви цела серија на измени и персонализации кои се однесуваат на надворешниот и на внатрешниот боја на автомобилот и кои овозможуваат да се доживее единствено искуство по автентичен крој.
Историјата и креативноста на располагање на клиентот со каросериски изглед создаден во Стилскиот центар

Креативното и техничко залагање на Стилскиот центар Alfa Romeo во конципирањето на автомобилот предвиде детално истражување свртено кон светот на каросерискиот изглед кој често го придружува и историскиот период како и широката палета на победи на GTA. Анализирани се и уредно реинтерпретирани оние варијанти на каросериски изглед кои ги издвоија GTA и GTAm; предниот дел кој се одликува со историската бела “маска” која е првиот елемент на уникатност и кој заедно со страничните надолжни ленти веднаш ја носи мислата и срцето на трките. На капакот на моторот се наоѓаат иконографските елементи на логото Alfa Romeo како крстот или грбот на Висконти или пак италијанското знаме.
Помеѓу најпретставителните и најевоцирачки се каросеријата во комбинација окер и бела боја и црвена со жолта.
Окер бојата потсетува на 1750 GTAm и на 2000 GTAm co кои Toine Hezemans победи на Европскиот шампионат Turismo во 1970 и 1971 година, а помеѓу останатите елементи кои ја одликуваат GTA се грбот на Висконти – логото на Alfa Romeo на капакот на моторот којшто беше специфичен за GTA 1300 Junior. Надолжните линии пак, беа естетски ознаки на поединечни тркачки возачи.
Што се однесува пак до каросеријата во црвена и жолта боја, изборот на различно обоените предници, кој пак е резултат на потребата да се издвојат поединечните тркачки возачи во иста трка. Во изработката на бојата на каросериите Стилскиот центар Alfa Romeo се наврати кон богатата историја на марката, со усогласеност и креативност. На пример, на Sprint GTA (1965-1968) вообичаено, обоената лента не била симетрична, додека на GTA 1300 Junior била. А жолтата предница е знак на автомобилот кој победи на Европскиот шампионат Turismo во 1971 и 1972: во 1971, на неколку трки Џанлуиџи Пики се тркаше со долниот дел од предницата офарбан во жолто. Во секој случај станува збор за побрзаност со најпрестижните победи на трките на GTA.
Секој клиент поединечно ќе може да побара за својот автомобил една од овие понуди за бојата на каросеријата, со дополнителна можност за избор на број напишан на страничниот дел и церада за покривање на автомобилот Goodwool верен на избраната боја на каросеријата.
Оние пак кои нема да имаат посебна желба, Стилскиот центар за Giulia GTA и GTAm ги нуди следниве опции на бои: црвена GTA, бела Trofeo и зелена Montreal, гама на бои која оддава почест на италијанското знаме. Уште едно, дополнително ниво на персонализација е изборот на боја на клештите на кочниците и во внатрешноста на ролбарот, на сигурносните појаси и на опшивките.
Почнувајќи веќе од денес, на итернет страницата https://gta.alfaromeo.com на располагање е конфигуратор кој му овозможува на клиентот да ги претстави различните комбинации кои се можни на Giulia GTA и GTAm.

Вредноста на единствената можност за клиентот

Истата ексклузивност на Giulia GTA и Giulia GTAm ќе ја карактеризира и единствената и посебно ексклузивна можност за клиентот која е осмислена 500 среќни сопственици да можат да доживеат единствено искуство, 100% Аlfa Romeo.
За оние кои решиле веднаш да влезат во светот на GTA со направената резервација, процесот на продажба ќе биде посебен, придружен со специјалист за производот, амбасадор на Марката кој ќе го следи секој клиент одделно од нарачката до испораката на автомобилот. При купувањето е обезбеден персонализиран пакет кој опфаќа кацига Bell во специјална боја GTA, церада за автомобилот Goodwool, за да ја заштитите сопствената GTA или GTAm во гаражата, како и специфична обука за возење која ја подготви Академијата за возење на Alfa Romeo. За GTAm предвиден е и тркачки комплет Alpinestars (комбинезон, ракавици и обувки), а по барање и на GTA.
И не само тоа: клиентот ќе моќе да побара испорака на неговиот автомобил GTA или GTAm во едно од најзначајните места за Марката, сервисот Аутоделта во Балоко. Единственоста и ексклузивноста се определувачки фактори за секој Алфист и колекционер.
Во Италија вредноста на ваквото искуство започнува за Giulia GTA и GTAm започнува од 175.000 € и 180.000 € (22% со вклучен ДДВ). Со оставање на личните податоци преку формуларот на страницата alfaromeo.com може да бидете контактирани за да ги добиете сите информации за GTA.

eabaad26e3cc186ebb982f719ee64920dd6d23f1
Ви треба информација? Разговарајте со нас