Нова Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio со 510 КС за италијанските Карабинери - Alfa Romeo Makedonija

NEWS

Нова Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio со 510 КС за италијанските Карабинери

12 May 2016

Consegna di nuovi modelli Alfa Romeo all'Arma dei Carabinieri

Утрово во Рим во Командниот центар на Карабинерите, во присуство на Министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано, Министерот за одбрана Роберта Пиноти, Главниот командант Тулио Дел Сете, претседателот на групацијата FCA Џон Елкан, Овластениот администратор Серџо Марконе, COO за регионот EMEA Алфредо Алтавила, како и високи претставници од карабинерите беа испорачани два нови модели на Alfa Romeo Нова Giulia Quadrifoglio.

Двете нови возила ќе се користат во Рим и во Милано за специјални настани, за превоз на органи и крв, за придружба како и за официјални церемонии.

Новата Giulia, верзија од највисоката гама препознатлива по легендарниот Quadrifoglio, ги поседува сите гени на Alfa Romeo: чистокрвен италијански дизајн иновативни мотори со високи перформанси беспрекорен сооднос тежина/моќност и уникатни и ексклузивни технички солуции.

Опремен со новиот мотор 2.9 BiTurbo бензин со 510 КС – алуминиумски дизајнирн според технологијата и техничките карактеристики на Ferrari – Новата Giulia Quadrifoglio гарантира одлични перформанси: максимална брзина од 307 km/h, забрзување од 0 – 100 km/h за помалку од 3,9 секунди и максимален вртежен момент од 600 Nm.

На официјалната церемонија, заедно со Новата Giulia Quadrifoglio, се изложени и други модели од гамата на FCA – Alfa Romeo Giulietta, Jeep Renegade – кои ќе бидат испорачани (800 примероци) во текот на 2016 та кои ќе бидат конфигурирани според потребите на Армијата за контрола на територијата.

Соработката меѓу Карабинерите и Alfa Romeo трае многу години наназад и тоа секокаш со моќни и сигурни автомобили од примерот на: ‘Alfa Romeo Alfetta, Alfa Romeo 90, Alfa Romeo 75, Alfa Romeo 155, Alfa Romeo 156, Alfa Romeo 159, и денес новата Giulia Quadrifoglio, симбол на одличен технолошки know-how и најдоброто од креативниот дух на итилијанската марка.

Foto Fabio Cimaglia / LaPresse 05-05-2016 Roma Politica Consegna di nuovi modelli Alfa Romeo all'Arma dei Carabinieri Nella foto Roberta Pinotti, Angelino Alfano, Sergio Marchionne Photo Fabio Cimaglia / LaPresse 05-05-2016 Rome (Italy) Politic Delivery of new models Alfa Romeo to the CarabinieriIn the pic Roberta Pinotti, Angelino Alfano, Sergio Marchionne

Foto Fabio Cimaglia / LaPresse 05-05-2016 Roma Politica Consegna di nuovi modelli Alfa Romeo all'Arma dei Carabinieri Nella foto vetture dei Carabinieri Photo Fabio Cimaglia / LaPresse 05-05-2016 Rome (Italy) Politic Delivery of new models Alfa Romeo to the Carabinieri In the pic Carabinieri's cars

Foto Fabio Cimaglia / LaPresse 05-05-2016 Roma Politica Consegna di nuovi modelli Alfa Romeo all'Arma dei Carabinieri Nella foto la macchina Photo Fabio Cimaglia / LaPresse 05-05-2016 Rome (Italy) Politic Delivery of new models Alfa Romeo to the CarabinieriIn the pic the car

Foto Fabio Cimaglia / LaPresse 05-05-2016 Roma Politica Consegna di nuovi modelli Alfa Romeo all'Arma dei Carabinieri Nella foto foto di gruppo Photo Fabio Cimaglia / LaPresse 05-05-2016 Rome (Italy) Politic Delivery of new models Alfa Romeo to the CarabinieriIn the pic a group photo

Foto Fabio Cimaglia / LaPresse 05-05-2016 Roma Politica Consegna di nuovi modelli Alfa Romeo all'Arma dei Carabinieri Nella foto la macchina Photo Fabio Cimaglia / LaPresse 05-05-2016 Rome (Italy) Politic Delivery of new models Alfa Romeo to the CarabinieriIn the pic the car

Најново од Alfa Romeo