Alfa Romeo Logo

Модели

Новите  Giulia и Stelvio Quadrifoglio MY2020: убавина со бескрајна моќ


Со новите  Quadrifoglio, Alfa Romeo уште еднаш покажува храброст и сила да оди секогаш напред, во битка за постојано подобрување, која трае веќе 110 години.
Топ верзиите на Giulia и Stelvio на веќе докажаните перформанси им придодаваат нови содржини и неколкукратни новитети во однос на технологија, поврзаност и безбедност.
Максимален израз на техничкото наследство на Марката, информирањето и забавата се обновуваат нов екран на допир, чијшто посредник е редизајниран за да може да ги прими и прикаже  менијата наменети на перформансите, автономното возење од 2-ро ниво, новите специфични детали за ентериерот и екстериерот.
Претставувањето се одвива на нов начин: преку разговор на неколку учесници кои биле дел од создавањето и развивањето на проектот, којшто може да се види на следниов линк.

Динамичниот дух останува таков дури и во моментот кога фактите наметнуваат пауза во однос на вообичаените поврзани ритми, и токму поради Марката Alfa Romeo никогаш не се откажува да продолжи со претставување на своите најмоќни модели без разлика дали се оддалечува од дома. Парадокс кој реално најдобро ја искажува виталноста и страста на оние кои ја сакаат Марката, заедно со желбата да се вклучат Алфистите и сите вљубеници во убави автомобили во едно ново поглавје кое се надоврзува на чистата перформанса од новитетите во стилот и технологијата: најдобриот начин за да се издигне до едно ново ниво во перфектна хармонија со историските вредности на Alfa Romeo. Марката, која годинава прославува 110 години од нејзиното основање, уште од самите почетоци се издвојува  по единствената способност да биде истовремено прва  на тркачката патека и на модната писта.
Денес, 510 коњси сили на 2.9 V6 Bi-Turbo на Alfa Romeo Giulia и Stelvio Quadrifoglio чекорат по модната писта за да го покажат  својот нов изглед кој ја збогатува перформансата на суперавтомобилот со нови наменски содржини и неколкукратни надополнувања на полето на технологијата, поврзаноста и безбедноста.
Во исчекување да се седне зад воланот на автомобилите проектирани тргнувајќи од возачкото седиште и за уживање при возењето, Брендот реши да ги раскаже сите новитети преку виртуелна конфернеција за печат. Незамисливо е да се заменат со зборови чувствата кои се доживуваат само зад воланот, кои само една Quadrifoglio може да ги пружи, но секако дека е интересно да се влезе во работната реалност на Марката, која се отвора за јавноста исто како да ја отворила вратата од салата за состаноци, и како да сте се нашле на една од масите на и околу кои е создаден извонредниот проект Quadrifoglio, единствена платформа создадена буквално од бел лист хартија.

Уште еден чекор напред во идентитетот на Alfa Romeo

Иако моторот е сè уште згаснат, и во изданието 2020, подновените Giulia и Stelvio Quadrifoglio се приказ на извонредноста на Alfa Romeo и искажуваат уште повеќе перформанси, победничката ДНК и незаменливиот италијански стил. Подновувањето на гамата се комплетира со овој концентрат од технички и решенија за перформанисте, автомобилите кои го претставуваат најпрефинетиот израз на функционален дизајн, типично италијански, во полн стил на Alfa Romeo. Перформансите, на врвот во категоријата, се обезбедени од моќниот агрегат 2.9 V6 Bi-Turbo, изведен целосно во алуминиум и способен да испорача добри  510 КС и 600 Nm на максимален вртежен момент при 2.500 вртежи/минута, спуштени на тлото благодарение на системот AlfaTM Active Torque Vectoring потпомогнат, на Stelvio Quadrifoglio, од иновативниот систем за интегрален погон Q4. Автоматскиот менувач со 8 степени е калибриран за да го подобри протокот, комфорот и леснотијата во возењето во сите услови на користење, но во начинот на возење RACE се искажува сиот негов потенцијал, со изменета молскавичност во само 150 милисекунди. Вградени се бројни функционални системи за уживање во возењето на секој примерок Quadrifoglio за да понуди автентично искуство зад воланот: активни суспензии Alfa TM Active Suspension, селектор AlfaTM DNA Pro со начин на возење RACE, l’AlfaTM Active Aero splitter на Giulia, координирани и адаптирани во реално време од единицата за контрола AlfaTM Chassis Domain Control, кој му овозможува како на автомобилот така и на возачот постојано да биде во идеални услови за целосно да ги искористи извонредните перформанси на Giulia и Stelvio Quadrifoglio.
Звучниот ефект кој го придружува доживувањето на секој што ќе се најде во Quadrifoglio е обезбеден преку издувниот систем Dual mode со четири излеза кои во начинот Race станува поагресивен. Понувајќи од моделската година 20, купувачите ќе имаат можност да го опремат својот автомобил Giulia и Stelvio Quadrifoglio со нов систем на издув Akrapovič, и понатаму dual mode, изведен во титаниум со карбонски завршетоци кој се карактеризира со уште поспецифична боја на звукот.

Квалитет и стил

Италијанскиот стил на Alfa Romeo се искажува преку едноставност која соединува комплексен креативен процес на проектирање: да се добие ергономичен и хармоничен збир од линии и инструменти, габарит и простор околу возачот, што е комплексна и префинета работа, но да се подобри амбиентот дизајниран по мерка на оние кои се во него е уште потежок дел од работата. Во внатрешноста  новиот дизајн на централната конзола е со големо допирно и визуелно влијание и нуди простор за одложување на предмети. Нови се и воланот, рачката на менувачот обложена во кожа, сигурносните појаси кои ги има на располагање не само во црна туку и во црвена или зелена боја. За кратно време на располагање ќе бидат и новата опција за пресвлеки на спортските седишта со електрично подесување и со богата содржина, во перфорирана кожа. Оваа нова опција ги проширува можностите за персонализација на моделите Giulia и Stelvio Quadrifoglio, кои и понатаму се опремуваат со спортски седишта со богата содржина во кожа и во Alcantara, кои отсекогаш биле првобитна опрема на овие верзии. И пнатаму се на располагање спортски седишта со карбонска школка by Sparco. Ттехнологијата на инструмент таблата предвидува и нов систем за информирање и забава со комплетно подновен централен екран на допир од 8,8”, опремен со поврзани услуги и со редизајниран кориснички посредник. Помеѓу ексклузивните новитети на Quadrifoglio се и Performance Pages, визуелизации на екранот кои се наменети за да овозможат приказ на состојбата на автомобилот во реално време – температурите на главните механички органи, дистрибуција на моќноста , притисок на турбото и моќноста која се користи во реално време, како и дигитални хронометри за мерење на перформансите за забрзување и максималната брзина. Што се однесува до новитетите на екстериерот, Giulia и Stelvio Quadrifoglio имаат нова задна оптичка група со LED со засенчена леќа и нова обработка во црна сјајна боја за триаголникот напред и задните ознаки.
На Stelvio се истакнуваат новите тркала од 21”, за верзијата Quadrifoglio.

Чувство како на тркачка патека, а леснотија во управувањето при секојдневно возење: ADAS од второ ниво

Со MY2020, на Giulia и Stelvio Quadrifoglio се воведуваат и новите системи ADAS (Advanced Driver Assistance Systems) за автономно возење од 2 ниво развиени во соработка со Bosch, кои го оставаат недопрено уживањето да се најдете зад воланот и интервенираат само за да гарантираат целосна безбедност за да го зголемат комфорот при подолги патувања. Тоа е највисоко ниво на автономно возење во совршена рамнотежа помеѓу уживањето при возење и системите за асистенција: станува збор за 2 ниво кое по дефиниција се достигнува кога возачот може да ја препушти на автомобилот контролата врз гасот, кочниците и воланот, во одредени услови, преку електронските системи кои бараат постојано надгледување  од страна на возачот, но го поддржуваат за да му понудат поголем комфор при долги патувања. Во секој случај, возачот треба да врши постојана контрола држејќи ги рацете на воланот.

Во продолжение главните технологии присутни на Quadrifoglio MY2020:
Lane Keeping Assist: јавува ако автомобилот излегува од коловозната лента без да даде знак (трепкач) и го известува возачот преку визуелни и соодветни сигнали, активно интервенирајќи за да го врати автомобилот на коловозната лента.
Active Blind Spot Assist: ги опфаќа слепите агли одзади и сигнализира доколку се доближува некое возило и преку корекција на воланот се избегнува судар.
Active Cruise Control: автоматски ја регулира брзината на возилото за да одржи растојание со возилото пред него. Заедно со системот за препознавање на патните знаци овозможува да се регулира поставената брзина во наведените ограничувања за поудобно возење.
Traffic Sign Recognition и Intelligent Speed Control: системот користи телекамера на таблата и ги препознава патните знаци, ги прикажува на екранот и го предупредува возачот за ограничувањето на брзината. Системот му предлага на возачот прилагодување на брзината споредено со актуелната: доколку возачот го прифати предлогот,  cruise control автоматски се поставува врз основа на новите ограничувања.
Traffic Jam Assist и Highway Assist: како надополнување на Active Cruise Control, овие системи  надгледуваат и возење на страничните возила, одржувајќи го автомобилот во центарот на коловозната лента во услови на густ сообраќај (Traffic Jam Assistant) или пак на автопат (Highway Assist), регулирајќи ја брзината врз основа на поставените ограичувања на брзината.
Driver Attention Assist: ја контролира будноста на возачот и го предупредува во случај на потреба.

Боите помеѓу традицијата и комуникацијата

Уште во текот на интернационалното возење преку медиумите при лансирањето на новите  Giulia и Stelvio MY2020, покрај многубројните претставени новитети за производот, беше илустрирана и логичната еволуција на боите. Дизајнерите на Alfa Romeo одбраа крајно емоционален пристап, групирајќи ги боите на каросерија по “класи”, а не по технологии. Има четири категории: Competizione, која припаѓа на спортската традиција на Брендот; Metal, која ја истакнува динамичната душа на автомобилот; Solid, посветена на оние кои сакаат конкретност; Oldtimer, која се инспирира од наследството на Alfa Romeo.
Новите бои Oldtimer се префинетата црвена 6C Villa d’Este, емоционалната окер GT Junior, новата надворешна зелена боја Montreal, која блеска на Quadrifoglio MY20. Оваа боја е омаж на иконата на Марката, на онаа Alfa Romeo Montreal која дебитираше пред предесет години. Изборот на хромираните елементи е секогаш една од посебните одлики на Alfa Romeo, со детални студии  до иновативни резултати: гамата Oldtimer е создадена од скапоценото наследство во комбинација со технолошката иновација. Во лабораториите на Alfa Romeo постојано се експериментира со нови ефекти, нови пигменти, нови техники на апликација кои овозможуваат да се истакне ефектот на скулптура на линиите на Giulia и Stelvio. Инаку, боите бидејќи се поврзани со културнотот и историско наследство на Марката, силно се врзани со Италија. Затоа и совршено се вклопуваат во архитектонскиот контекст на некои совршености од италијанската територија, во еден визуелен дијалог италијански автомобил-територија  кој станува и протагонист на скорешната кампања за комуникација развиена со AD Italia, месечникот Condé Nast којшто е авторитетен гласник на светот на архитектурата, дизајнот, уметноста и стилот. Свет на дизајн поврзан со свет на автомобили преку фотографски расказ за Giulia и Stelvio во комбинација со дворови и престижни ентериери на домување грижливо избрани заедно со партнерот AD Italia. Италија е непресушен извор како што се гледа преку креативните гестови на извонредните личности, но истовремено и преку скриените и невообичаени места во градовите со единствена атмосфера. Преку овој проект AD Italia раскажува за Alfa Romeo како вистинско ремек дело и врвен израз на италијанската убавина преку патувањето. Стилот претставува лично изразување, исто како и бојата , кој не е само естетски туку е и стратешки елемент преку кој се разликуваат автомобилите на Alfa Romeo, основен водич кон изборот на некои места, протагонисти во овој проект. Поради ова, а и поради сè останато, Alfa Romeo претставува безвременска италијанска икона. И не само тоа: кампањата се соочува со актуелниот аргумент синтетизиран во #stayathome, со допир на елеганција и иронија, потребна како никогаш до сега.

Спортски карактеристики на максимално ниво за новата и ексклузивна Quadrifoglio со додатоци од каталогот на Mopar®

За да се истакне спортскиот карактер на моделите Alfa Romeo Giulia и Alfa Romeo Stelvio Брендот Mopar® реализира нова и ексклузивна линија на додатоци Quadrifoglio Accessories Line, која ги воодушевува посетителите со ексклузивен систем на издув реализиран во соработка со Akrapovič, комплет на задни засенчени фарови и ексклузивна каросерија. Распространетата употреба на карбон, технички материјал, лесен и сигурен кој ја подобрува аеродинамичноста, перформансите и соодносот тежина/моќност, покрај другото ја истакнува и агресивноста на естетската елеганција на двете икони Alfa Romeo. Поради тоа Mopar става на располагање во ексклузивната линија на додатоци Quadrifoglio Accessories Line и предна маска со инсерт “V” и карбонски задни делови од надворешните ретровизори и задниот спојлер.

e5d46be6304be4b4c6f057fd2ef22049f7c2d0a7