Alfa Romeo Logo

Модели

Нов идентитет: Alfa Romeo F1 Team ORLEN


Нов идентитет за соочување со новата ера во Формула 1: Alfa Romeo F1 Team ORLEN официјално го открива новото име и новото лого и се подготвува за впечатлив деби на првите проби во сезоната кои ќе се одржат во Барселона во месец февруари.

Формула 1 влегува во нова ентузијаскичка ера, која се издвојува со нови правила, што претставува чекор нанапред кон иднината задржувајќи ја цврстата поврзаност со минатото: промената на името на тимот го нагласува новиот пристап и силниот наговест за намерата на Аlfa Romeo, решително да го поддржува тимот и страстните предизвици кои доаѓаат.

Да се цитира “F1 Team” во името е силна причина за городост, бидејќи ја нагласува припадноста на најексклузивниот моторспорт клуб на светот. Само десет тимови можат да си дозволат ваков престижен цитат. Од друга страна, силната поврзаност со трките и на двете марки Заубер и Аlfa Romeo е врежано во нивната ДНК и во нивната историја обележана со страст кон перформансите.

На ФИА ќе ѝ биде претставена и новата шасија која ќе има ново име: ќе се промени од Alfa Romeo Racing во Alfa Romeo, како манифест на сè поцврстата врска помеѓу тимот и Alfa Romeo, марка која во моторспортот испиша страници за паметење.

Жан Филип Импарато, директорот на Аlfa Romeo изјави: “Внеусвајќи го цитатот F1 Team во името на нашиот тим за нас е многу значаен елемент и нè прави навистина горди: сведочи за обновувањето на обврската од страна на Аlfa Romeo во најексклузивната од мотористичките трки, во чија историја оваа марка испиша неизбришливи страници. Исто така го претставува и сплотениот дух на тимот, во кој Аlfa Romeo има намера да игра главна улога. Со нов идентитет, ново лого, обновен состав на возачи и нов автомобил кој наскоро ќе биде откриен, подготвени сме за нова ентузијастичка сезона”.

afd38d88b5b35e032b2977642c5fb1868d9483c4
Ви треба информација? Разговарајте со нас