Alfa Romeo Logo

Модели

“Приказни Alfa Romeo”, втора епизода: иконата 6C 1750 ја навестува иднината и е главен лик во нејзиното време.


6C 1750 во ‘30-те години најдобро изразуваше една од карактеристиките кои и понатаму ги издвојуваат сите креации на Аlfa Romeo: неспоредливата способност да победува на тркачките и модните писти.
Беше предводник на една нова генерација на Alfa Romeo и воведе традиција на техника и проектирање која продолжува до ден денес, со исклучителниот сооднос тежина-моќност и соврешена рамнотежа.
Летечкиот мантованец
13 април 1930, нешто после пет часот наутро. Тишината на езерото Гарда ја нарушува брчењето на една Alfa Romeo 6C 1750 Gran Sport spider Zagato која оди 150 километри на час со згасати фарови. Зад воланот е Тацио Нуволари од Мантова, го викаат “Нивола”. До него е Џан Батиста Гвидоти, шеф на контролниот тим на Alfa Romeo во Портело.
Трката е миткста Миле Миља (Илјада Милји). На чело е Акиле Варци. Се чини дека ја добива трката. Но, на неколку километри пред езерото, во Верона, Нуволари и Гвидоти добија луда идеја: да ги згаснат светлата. За да го победа ривалот, единствен начин е да му приредат изненадување.
Речиси е зора. По езерото има едно село кое води до целта во Бреша. И токму таму Варци и вториот возач Канавези го слушаат ехото на еден друг мотор. Нема време ни да сфатат што им се случува и дека автомобил идентичен со нивниот ги поминува.
Победува Нуволари со просечна брзина од 100,45 km/h. За прв пат во оваа трка е надминат ѕидот од просечна брзина 100 km/h – рекорд на кој печатот од тоа време му дава големо значење. Варци, не верувајќи, пристигнува втор на целта, дури по десетина минути. Третопласиран е Џузепе Кампари, а четврт Пиетро Герси. Многу различни возачи со една заедничка особина: сите четворица возат ист модел на автомобил, Аlfa Romeo 6C 1750. И не се единствените. Останатите 6C ќе пристигнат во наредниот час и половина – за на крај да бидат 8-мина еден по друг пласирани од вкупно 11.
Апсолутна надмоќ, која продолжува таа година со освојување на првите три места на трката 24 Часа во Спа, Белгија и на Турист Трофи во Белфаст. Моделот 6C 1750 е најбрзиот автомобил во тоа време.
Семејството 6C
6C е првиот автомобил на Виторио Јано, кој од 1926 го презема водството на проектантскиот тим на Alfa Romeo. Намерата беше да се создаде “лесен автомобил со извонредни перформанси” – кој ќе стигне прв на целта на трките, но и ќе воодушевува со изгледот и ќе освојува нови пазари.
6C ги соединува чистотата на структурата и префинетоста на механиката – квалитети типични за автомобилите на Јано. Но, има и нешто повеќе, нешто што ќе стане главна карактеристика на Аlfa Romeo: висока специфична моќност. Јано знае како да извлече коњски сили од мали мотори и тоа го носи да дојде до замисла на она што ние денес го нарекуваме “downsizing”: создава агрегати кои се сместуваат на средината помеѓу работна зафатнина од литро, типична за корисните и два или три литри на луксузните автомобили. Уште тогаш автомобилите Alfa Romeo одат посилно од останатите благодарение на најдобриот сооднос тежина/моќност.
Технолошка иновација
Поаѓајќи од проектната интуиција, се раѓаат модели кои ќе испишат историја.
Веќе за Големата награда GP 1914 (која подоцна ќе биде блокирана поради Првата светска војна), Мерози имаше развиено нови мотористички решенија кои ќе ја одбележат идната проектна историја на Alfa Romeo: две брегасти осовини по глава, четири вентили по цилиндар и двојно палење. На 6C 1900 GT (а потоа и на 6C 2300 и 6C 2500) се воведуваат и други новитети: суспензии на четири независни тркала и нова шасија со заварени делови (наместо приковани) за да се зголеми тврдоста.
Управливоста и држењето на пат на автообилите Alfa Romeo стануваат легендарни: “handling”-от влегува во ДНК-та на Брендот.

6C 1750
Моделот 6C 1750 за прв пат е претставен во јануари 1929 на Саемот за автомобили во Рим. Со него веројатно е претставена и целосната зрелост на формулата 6C. Моторот е еволуција на неговиот претходник 1500 со шест цилиндри во линија. Се произведува во различни верзии – со една брегаста и со две брегасти осовини, co волуметрички компресор и без – а, моќноста се движи од 46 коњски сили на верзијата Turismo до 102 коњски сили на Gran Sport “Testa Fissa”. Последниов е “специјална верзија” произведен во мал број примероци: главата е излеана во блок со основа за цилиндрите за да се елиминираат спојки (и ризик од горење на истите), тежината е само 840 kg и максималната брзина е 170 km/h.
Но, не е само моторот врвно достигнување на 6C 1750 на полето на иновацијата во автомобилизмот. Системот за кочење е механички, со барабани со големи димензии командувани од од систем на препраќање. Шасијата е од запечатен челик, идеално е урамнотежена и екстремно цврста, со појачани осовини. „Роговите“ се монтирани однадвор на телото на автомобилот: тежиштето на автомобилот е пониско што го зголемува држењето на кривина на автомобилот. Резервоарот за гориво е повлечен за да се добие поголемо оптоварување на задните тркала и да се подобри рамнотежата помеѓу осовините. Сето тоа се авангардни решенија што – во линија со филозофијата на Куќата – се применуваат на тркачките автомобили како и на патничките.
Победите на трките стануваат редовна појава и оддек на надмоќ на техниката на моделот. Уште при самото појавување, 6C 1750 има огромен комерцијален успех. Од 1929 до 1933 од Портело излегуваат дури 2.579 примероци, продадени како на домашниот, така и на странските пазари – пред сè во Обединетото Кралство и земјите на Комонвелтот. Значајна бројка, имајќи предвид дека се работи за еден навистина автомобил “на елитата”. Во Италија, продажната цена се движела од 40 до 60 илјади лири: отприлика седумгодишна просечна плата.

Ера на каросеристи
6C не е само брз автомобил, туку и многу убав. Голем дел од неговиот успех се должи на каросеристите кои го “облекле”: мајстори на занаетот, способни да го соединат занаетот на мајсторите за седишта, за лимарските делови, за фарбањето и за обложувањето – но пред сè вистински креативци и стилисти кои имале моќ да остават белег на нивното време.
Сè до триесетите госини било нормално од производните линии на фабриките да излегуваат „голи“ шасии, опремени со мотор, менувач и суспензии. Клиентот го купувал автомобилот, а потоа се обраќал до опремувач кој го давал крајниот изглед на автомобилот, по негова желба – практично, секој имал единствен автомобил на светот. Дури во 1933 во Портело е отворен нов оддел за каросерија кој го надополнува (но, не го заменува) производството на механички шасии директно на клиентите и на каросеристите.
6C 1750 покажува голема еластичност во опремувањето. На извонредната механика на Alfa Romeo се надградуваат најелегантните автомобили кои некогаш постоеле – со каросерии од најславните стилисти, а купени од страна на најславните личностина времето.

6C 1750 GS Touring “Flying Star”
“Flying Star” е создаден за да биде убав како и неговата сопственичка: Жозет Поцо, милионерка, модел, и главен лик на тогашните монденски настани. Cоздаден за да биде учесник на Натпреварот за елеганција во Вила д’Есте во 1931, развиена е каросеријата Touring на Феличе Бјанки Андерлони.
6C 1750 spider е “единствен дел”: вистински украс на оригиналноста, елеганција и грижа за секој детаљ. Бел, целосно бел, и потшасијата и зраците на тркалата и воланот и седиштата – co исклучок единствено на на црната инструмент табла.
Co овој модел, Touring му дава на моделот 1750 нови пропорции и воведува серија на естетски детали кои му даваат привлечност “liberty” – како и предниот и заден висечки праг кои се пресретнуваат под вратите без да се допрат.
Во Вила д’Eсте, 6C 1750 GS Touring победува на “Златниот Куп” и ја понесува титулата за најубав автомобил – а, на промоцијата Жозет лично ја управува облечена во бел фустан во совршена хармонија со автомобилот.

2
Ви треба информација? Разговарајте со нас