“Приказни Alfa Romeo”, деветта епизода – 8C Competizione: супер автомобил доследен на традицијата со поглед кон иднината
За Марката, моделот 8C е враќање на корените и лабораторија за иднината, кој го дефинира идентитетот, вредностите и стилските и технички карактеристики: соодносот тежина/моќност е оптимален, совршена рамнотежа, прецизно возење.
Светот на автомобилите кој се подготвува да влезе во новиот милениум запира за да ужива во новата креација на Alfa Romeo: “Се вика 8C, и едноставно, верувам дека е најубавиот автомобил кој некогаш е создаден” – вели елоквентниот Џереми Кларксон на ББС.
Ја обединува суштината на Alfa Romeo поаѓајќи од името кое ги наведува “oсумте цилиндри” од триесетите години и се навраќа на “Competizione” од педесетите, кои трумфираа на трките Ле Ман и Илјада милји.
Историјата на Брендот станува и и стилска инспирација: 8C го слави богатството на волуменот, чистотата на линиите и сите обележја кои ја издвојуваат Марката, и се збогатува со прекрасни коментари.
Природно, станува референтна точка за сите модели кои следат, и за оние од големата серија како што се MiTo и Giulietta, и е многу блиска со 4C, малечок технолошки и сензуален суперавтомобил.
Накратко, успехот е зацементиран: 8C собира вкупно 1.400 нарачки од целиот свет за само неколку недели од претставувањето, а петстотини нумерирани примероци се продадени уште пред да се произведат.
Помеѓу минатото и иднината
8C Competizione: враќање на корените и лабораторија за иднината. Доаѓа за време на длабок процес на преиспитување во светот на автомобилите, кој се подготвува да влезе во новиот милениум, и е знаме околу кое Alfa Romeo го редефинира сопствениот идентитет и вистинските вредности – референтна точка за стил и техника за планирање на идниот производ.
На почетокот на 2006, Серџо Маркионе ја започнува индустријализацијата и сериското производство на еден “концепт автомобил” којшто предизвика одушевување на Саемот во Франкфурт во 2003. Стилскиот центар Alfa Romeo на Волфганг Егер и проектантите, успеваат да го редефинираат проектот за само осум месеци. Претставен во својата дефинитивна верзија на Саемот за автомобили во Париз, 8C собира 1.400 нарачки од целиот свет за само неколку недели: 500 нарачани примероци (нумерирани) се продадени уште пред да се произведат.
Суштината на Alfa Romeo
8C Competizione зборува сама за себе, поаѓајќи од името. “8C” беа осумте цилиндри кои ги проектираше Виторио Јано, кои во триесетите години победуваа на тркачките патеки низ светот (четири последователни први места на Ле Ман, три на Илјада Милји). “Competizione” беше името на 6C 2500 која Хуан Мануел Фанџо ја возеше на Илјада Милји во 1950.
Создадена за да да ја обедини и повторно да ја вивне суштината на Alfa Romeo, 8C ги презема техничките шеми кои Марката отсекогаш ги претпочита. Како што се леснотијата, издигната од шасијата на “dual frame” (двојната рамка) и употребата на алуминиум, титаниум, карбонски и композитни материјали. Како што е рамнотежата на тежините напред и позади добиена со шемата “transaxle” (надолжно поставен мотор напред и менувач на задниот погон). Како што е прецизното возење, благодарение на поставувањето на суспензии со двојни трансверзални вилушки на двете осовини.
На 8C е вграден дарежлив агрегат (V8 со 4.7 литри кој испорачува 450 коњски сили) – но, пред сè, означува враќање на задниот погон, којшто недостасуваше кај патничките модели во почетокот на деведесетите. Резултатот е автомобил со оптимален сооднос тежина/моќност, кој достигнува 100 km/h за само 4”2.
Чествување на традицијата на автомобилскиот дизајн
А, тука е и стилот. “Се вика 8C, и едноставно вервам дека е најубавиот автомобил на светот кој е некогаш создаден”: вака ја претстави на ББС, водителот на “Top Gear”. Се чини како широкиот капак на моторот да го голта асфалтот. Профилот е нежен и заоблен. Еден хоризонтален пресек ги соединува поткрилата, па се соединува со “мускулестиот” заден калник. Задното стакло „е прегрнато“ од рамките кои се издолжуваат кон задниот дел каде што се спојува со „опашката“.
Многу навраќања кон историјата на Марката. “Очите” се оние од 33 Stradale, малку повисоко поставени во однос на линијата на капакот на моторот; задниот дел потсетува на Giulietta SZ од ‘61, првата со “пресечена опашка” во историјата на автомобилите; тркалезните задни фарови се чествување на Giulia TZ, уште една кралица на тркачките патеки. 8C изобилува со фасцинантни цитати, и оддава почит на Стилскиот центар на Alfa Romeo, на цела една историска етапа на автомобилскиот дизајн.
Помеѓу креативноста и науката
Почнувајќи од триесетите години дизајнерите и каросеристите почнуваат да ја подобруваат аеродинамичката пенетрација, обидувајќи се да ги направат автомобилите поконкурентни во трките. Отпрвин во профилот на каросеријата вградуваат надворешни елементи како поткрила и фарови; и почнувајќи оттаму развиваат меки и издолжени споени линии.
Тоа е предизвик којшто ги поттикнува големите дизајнери – убедени како што се, дека сè што е убаво има обврска да биде и ефикасно. Ја ослободуваат својата креативност и во оваа врменска рамка создаваат некои од најубавите (и победнички) автомобили кои воопшто некогаш се произведени. И многу од нив за токму Alfa Romeo.
8C Competizione ги зема како референтна точка автомобилите од тоа време за да
биде создадена со дарежлив волумен, чистота на линиитеи особено внимание посветено на обележјата на Марката.
„Триаголникот“ на Alfa Romeo
Еден автомобил на Alfa Romeo кога се гледа однапред, не може да не се препознае веднаш: секој го препознава „триаголникот“ на централната маска со двата странични хоризонтални отвори за воздух. Ваквата комбинација (најпознатото „лице“ на светот) се нарекува “trilobo” – триаголник, и е создаден во триесетите години. Претходно немаше доволно простор за стилот: “предницата” на автомобилите беше составена од ладилникот придружен со светлосната група (понекогаш) заштитена со маска од калта на патиштата. Но, откако формите почнале да омекнуваат, се појавува маската на Alfa Romeo – и кога станува премногу мала за да ги лади сè помоќните мотори, се појавуваат и двата странични отвори за воздух кои, љубителите на марката веднаш ги нарекуваат “бркови”.
Заоблениот триаголник отпрвин само скициран, се појавува како официјален симбол на Марката почнувајќи од 6C 2500 Freccia d’Oro (Златната стрела).
Како и секој симбол, со текот на времето се развива во склад со вкусовите и модата – но, секогаш останува посебен и единствен. Заоблен и моќен на 1900, понежен на Giulietta. Аеродинамичен и издолжен на Giulia, изострени речиси рамностран во седумдесетите и осумдесетите години. ВО деведесетите е минималистички, но на 156 и 8C ја враќа својата природна улога на протагонист и се задржува како таков на сите наредни модели.
Наследството на 8C Competizione
8C Competizione ги обединува најкласичните правила на Alfa Romeo, и природно, станува референца з а сите наредни модели, и за оние од големата серија како MiTo и Giulietta. Но, има и многу блиска сродничка: “помалата сестра“ 4C, мал технолошки и сензуален суперавтомобил – јасно инспириран од 8C, но без ограничување во производството.
Co 4C Alfa Romeo се враќа на пазарот на компактни спортски автомобили и нуди авангардни технолошки решенија соединети со максимална леснотија и извноредни динамички квалитети.
4C
Проектантите на Alfa Romeo се одлучуваат да не одат во крајност со силината, туку да ја намалат тежината: нешто над 1.000 килограми, со сооднос тежина/моќност понизок од 4 kg/КС. Две вредности кои гарантираат максимална агилност и перформанси од кои се наежува кожата.
За да се дојде до саканата леснотија се користат материјали и елементи од полиестер и стаклена волна. Но, најнов, најиновативен елемент е јадрото на шасијата, моношколка, изработена комплетно од карбонски влакна со технологија која произлегува од Формула 1. Материјалот, составен од еднонасочни влакна, прво се импрегнира со специјална смола пред да се подложи на обработка која се нарекува “cocura”: co ваквата постапка, јадрото може да се изведе во еден дел, без лемење и е во состојба совршено да ја врши својата структурна улога, со тежина од само 65 килограми.
И моторот на 4C е ултралесен: 1750 cм3 со четири цилиндри во линија, целосно изработен од алуминиум, кој испорачува 240 коњски сили максимална моќност. За да се гарантра оптимална дистрибуција на тежината, сместен е на задна трансверзална позиција. Менувачот е со двојно суво квачило.
Шемата на суспензиите е од спортски тип: двоен триаголник поставен напред, со група пружина-амортизер фиксиран директно на моношколката, што е еволуција на класичниот систем McPherson на задната осовина. 4C достигнува преку 255 km/h максимална брзина и постигнува изненадувачко забрзување: од 0 до 100 km/h за 4,5”.
