Alfa Romeo Logo

Модели

“Приказни Alfa Romeo” е новата веб-серија која Alfa Romeo ја подарува на сите вљубеници во автомобилите и автомобилизмот


110те години на Брендот се преточени во неконвенционална приказна раскажана низ ретросцена и епизодиво кои се зборува за автомобилите и се испреплетуваат италијанските култура и општество.
Секако, тука се и најпознатите модели и оние кои се вистински икони, co необјавени архивски фотографии и слики на возилата кои се наоѓаат во Историскиот мусеј на Alfa Romeo во Арезе.

Прва епизода: патување зад воланот на 24 HP од 1910, првиот главен лик на Alfa Romeo.
Убавите приказни возбудуваат и се пресретнуваат, и во најсложените моменти претставуваат ударен миг на бегство. Убаво раскажана приказна за тоа како е направен автомобилот кој има моќ да плени и да побуди страст: овозможува да се отпатува далеку, барем преку фантазијата, и да се ужива во глетката која се пружа од прозорецот. Особено во оваа одломка на тешки денови кога желбата за приказни е голема, а Alfa Romeo има многу за раскажување.

“Приказни АLfa Romeo”: план за прослава на 110-те години историја

На 24 јуни 2020, Марката ќе достигне уште еден значаен дострел: Бишоне ќе прослави 110 години одбележани со технолошки иновации, спортски успеси и креации на четири тркала за паметење, и за прославата на еден навистина значаен роденден создаде веб-серија, “Приказни Аlfa Romeo”, наменета за за сите вљубеници во автомобилите. Секако дека не може да се помисли на историјата на автомобилизмот, а да не се спомене Аlfa Romeo: Бишоне е навистина срцето, не само на Алфистите, туку и на сите љубители на убавото. Историјата на Аlfa Romeo се испреплетува со најдоброто од италијанската генијалност, го вметнува во својот карактер, исто како и познатото техничко и уметничко наследство и допира до области кои се далеку од светот на автомобилите.

Страста во центарот: Аlfa Romeo раскажува за Аlfa Romeo

“Приказните Аlfa Romeo” ќе раскажат за љубопитноста, обичаите, фактите врзани за развојот на Марката и за историскиот и општествен развој на Италија преку нејзините најпознати модели, придружени со архивски фотографии и со слики на автомобилите кои се наоѓаат во Историскиот музеј на Alfa Romeo во Арезе.

Како и секоја креација потпишана од Бишоне и “Приказните Alfa Romeo” во центарот на вниманието го ставаат тој што седи зад воланот, но не само него. Од епизода во епизода, “Приказните Аlfa Romeo” овозможуваат средби со возачите и ѕвездите, инженерите и стилистите, славните лица и непознатите вљубеници: протагонисти на легендата Аlfa Romeo.

Од улицата Капучо до глобалната димензија

Co “Приказните Аlfa Romeo” ќе биде дадена можност да се откријат корените на Аlfa Romeo, и на испреплетувањето на врските со Лондон, Бордо, Неапол кои на Марката ѝ дадоа интернационална димензија уште на самиот почеток. За почеток, ќе стане збор за првиот произведен автомобил, 24 HP, проектиран од Џузепе Мерози во Куќата во Милано на улица Капучо уште пред да биде регистрирана фирмата на 24 јуни 1910, во Милано, под називот A.L.F.A. (Anonima Lombarda Fabbrica Automobili – Анонимна Ломбардиска Фабрика за Автомобили). И секако, ќе се даде прилика повторно да се проживеат почетоците на спортскиот мит Alfa Romeo: од почетокот на трките во 1911 од првата победа на трката Тарга Флорио, мигот на раѓањето на легендарната Quadrifoglio – Четирилисна детелина.

ce667e6a855bf7b32aa6ecdb37b229666039a435
Ви треба информација? Разговарајте со нас