Alfa Romeo Logo

Модели

Приказни Alfa Romeo седма епизода – Револуција на формите и боите: 33 Stradale, Carabo и Montreal


Автомобил: фотографија на епохата
“Очи” за фаровите, “уста” за маската, “лице” за предниот дел – и, природно, “тело” на автомобилот, co “плеќи” и “страници” дизајнирани од поткрилата. Ваквите споредби со деловите од човечкото тело се користат и денес. Како и зошто се создадени? Првите автомобили биле буквално “кочии (carozze) без коњи”, без посебни декорации. Од триесетите години “каросеристите” (името останало непроменето) стануваат многу добри во обработката на металот: рачно го обработуваат лимот, директно го поврзуваат со еден “мутер” во дрвото и, така му даваат живот на автомобилот со автентични и единствени делови – co заоблени и сензуални линии кои се чини дека следат еден замислен орган. Co равојот на индустриското производство, формите тежнеат кон поедноставување, затоа што алатките за обработка од тоа време не овозможувале префинетост и тродимензионалност. Во одреден момент од шеесетите години, две стилски инспирации јасно се издвојуваат. Разликата помеѓу “антропоморфен автомобил” и “автомобил на иднината” на пластичен начин е претставена со моделите 33 Stradale и Carabo – двата модели на Alfa Romeo кои се развиени на истата техничка основа.
Создадени на иста платформа
33 Stradale и Carabo не може да бидат поразлични. Едниот модел е мускулест, како портрет на спортист во полна снага; другиот со прави агли и линии, тежнее кон прифаќање на суштината за мобилност и кон проектирање во иднината. Тие се многу повеќе од две интерпретации: два различни света.
Заедничката техничка основа на овие два автомобила претставува синтеза на педестгодишното искуство на Alfa Romeo на трките. Генијален и цврст проект, снаодливост и храброст во изборот на материјалите, стил кој ги спојува технолошката иновација и креативноста: состојки за изработка на проектот Tipo 33.
Волја за тркање
Сè се раѓа од волјата за тркање – волја која никогаш не згаснува.
Во 1964 претседателот Лураги чувствува дека е момент за официјално враќање. За да се обнови тркачкиот тим придонесува и Аутоделта, фирма од Удине која е веќе привилегиран партнер за производство на TZ. Co Аутоделта, во Alfa Romeo се враќа и Карло Кити, кој веќе работел во Портело од 1952 до 1957 и сега ја зазема улогата на шеф на официјалниот тим.
Истата година започнува и проектот 33. Лураги бара од својот тим автомобил кој ќе може да се натпреварува во “категориите на моментот” за успех кај јавноста и медиумско внимание: за светскиот куп на спортски прототипи и за хронометарот.
Аутоделта
На средината од шеесетите, Аутоделта станува Сетимо Миланезе – најблиската фабрика на Alfa Romeo, но стигнува и до патеката за проби во Балоко.
Првата шасија на Tipo 33 проектирана од Alfa Romeo влегува во работилниците на Аутоделта во  1965. Тоа е цевчеста структура во форма на “H”, асиметрична, изведена од алуминиумска легура која во својата внатрешност ги опфаќа и резервоарите за гориво. Во предниот дел, магнезиумската структура на оптимален начин ги држи предната суспензија, ладилникот, управувачката летва и педалите. Групата мотор/менувач е монтирана надолжно во централна задна позиција. Каросеријата е од стаклена волна, а тоа овозможува ограничување на вкупната маса на автомобилот на 600 килограми, коишто претставуваат минимум според правилникот. Уште еднаш леснотијата е тајното оружје на Alfa Romeo.
Победа на светските шампионати по Марки во 1975 и во 1977
Толку амбициозен проект (и иновативен) не е за краток период. Пред да биде спремна за трки 33-ојката, поминуваат речиси две години. За првите тестирања, автомобилот има мотор TZ2 со 4 цилиндри и работна зафатнина од 1.570 cm³; во меѓувреме, се развива целосно нов мотор, со кој се преоѓа на една сосем нова конфигурација со 8 цилиндри поставени во форма “V”, co два литри зафатнина и моќност од 230 коњски сили на дебито.
Првата 33-ојка за трки веднаш го добива прекарот “Перископска” поради отворот за воздух кој се наоѓа над roll-bar-от. За хронометарот се бира патеката во Флерон, блиску до Лиеж; автомобилот го вози ни помалку ни повеќе туку главниот тестатор на Аутоделта, Теодоро Ѕеколи. По исцрпна подготовка од две години, на 12 март 1967 година, 33-ојката влегува во светот на трките. И веднаш победува!
Тоа е првиот од една долга низа успеси на најпрестижните патеки. Пат кој ќе ја доведе 33-ојката на врвот на светот, со неприкосновени победи на Шампионатот на марките во 1975 и во 1977.
 Благородникот од Фиренца кој сакаше да биде дизајнер
Кога Alfa Romeo решава да ја произведува 33-ојката во ограничена серија и за приватни лица, сфаќа дека има поттреба од нова „облека“ која ќе ја пренесе потребата од самодокажување на патничките автомобили. Проектот е доделен на Франко Скаљоне.
Роден во Фиренца, во старо благородничко семејство, Скаљоне студира за да стане аеронаутички инженер сè до моментот кога треба да оди на отслужување на воениот рок; потоа заминува на либискиот фронт каде станува заробеник во Тобрук. Се враќа во Италија кон крајот на 1946, решава да продолжи со студиите, и избира да стане стилист за автомобили: отпрвин со Пинин Фарина, потоа со Бертоне, а потоа како независен дизајнер.
Скаљоне во проектот за 33 Stradale ја внесува сета своја техничка вештина и креативна смелост, создавајќчи ремек-дело во кое иновацијата на стилост се заснова на истражувањата за аеродинамиката и функционалноста.
33 Stradale
Капакот на моторот на 33 Stradale се отвора целосно за да овозможи пристап до механичките делови, и – за прв пат на еден автомобил “street-legal” – вратите се отвораат “како крилјa”, угоре, со цел да се олесни влегувањето и излегувањето во автомобил кој е висок помалку од еден метар. Разликите во однос на тркачката верзија се: 10 сантиметри подолгото меѓуоскино растојание и челична, наместо алуминиумска школка. Моторот е ист како кај Tipo 33, целосно изработен од алуминиумска легура и магнезиум, co индиректно механичко врбизгување и подмачкување со сув картер. Дистрибуцијата се врши преку двојна брегаста осовина, со два вентила и две свеќички по цилиндар. На еден толку лесен автообил, 230-те коњски сили му овозможуваат дa достигне максимална брзина од 260 km/h, и 100 km/h од место за 5,5 секунди.
Деби во Монца
Автомобилот официјално за прв пат е претставен на Саемот за автомобили во Торино во 1967, но откриена е една недела порано пред страсна и стручна публика. Датумот е 10 септември 1967, и во Монца се одвива Големата награда на Италија, деветта трка од светскиот шампионат во Формула 1. Трка за ГН која влегува во историјата поради епското враќање на Џим Кларк во Jack Brabham – и која го означува стапувањето на сцена на еден од најубавите спортски автомобили воопшто! Тоа е време кога 33 Stradale е најскапиот спортски автомобил на пазарот, и се продава за речиси десет милиони тогашни лири, наспроти 6/7 на најпрестижните ривали. Има само 12 примероците изведени со каросеријата на Скаљоне. Оној што купува таков примерок, прави животна инвестиција: денес се бесценети!
Авто-вселенски брод
33 Stradale претставува кулминација на концептот за “aнтропоморфен автомобил”. Но стилското истражување на Alfa Romeo оди и во други насоки. Идејата за “автомобил на иднината”, сличен на вселенски брод, провејува уште од педесетите години со “Disco Volante” дизајнирана за Touring: spider плод на напредни аеродинамички студии, co буквално бомбастични поткрила собрани во ниското и издолжено тело на автомобилот.
На Саемот на автомобили во Париз во 1968 година, претставен е “dream car” – автомобилот од соништата, кој претставува еволуција на екстремна идеја: тоа е моделот Carabo дизајнирана од триесетгодишниот Марчело Гандини за Бертоне.
Поинаква близначка:  Carabo
Carabo е развиена врз механиката на 33 Stradale – која во тие години се користи и од страна на други дизајнери за вежби one-off како Iguana на Џорџето Џуџаро, 33 Coupé Speciale и Cuneo на Пининфарина, Navajo на Бертоне. Дури и висината е иста, помалку од еден метар, но комплетно се исчезнати меките и заоблени линии: сè на Carabo е остро, од профилот во форма на конус до вратите кои се отвораат “на макази”. Името Carabo е инспирирано од “Carabus auratus”, бумбар со метална и сјајна боја која се пренесува и на самиот автомобил: светлечка зелена до детали во портокалова боја. Од овој миг, Alfa Romeo започнува да обрнува внимание на необичните бои и специјалните техники на фарбање, елементи кои можат да ја истакнат уште повеќе уникатноста на Марката. Истражување низ спектарот на бои кое ќе продолжи со Montreal.
 Montreal
Во 1967 сите нации на светот учествуваат на Универзалната изложба во Монтреал со нивните тенички и научни достигнувања. Од Alfa Romeo е побарано да создаде технолошки симбол за Експо – модел кој ќее претставува “максималан аспирација на човекот во однос на автомобилите”. Сата Пулига и Бусо бараат соработка од Бертоне, и Гандини добива задача да ја дизајнира каросеријата и ентериерот. Резултатот е огромен успех. Северноамериканските посетители се вљубуваат во елеганцијата и содржините на автомобилот. По бранот задовоство кај јавноста, се развива сериска верзија, претставена на Саемот во Женева во 1970. За разлика од оригиналниот концепт автомобил, овој сериски модел, наречен Montreal има мотор V8 кој доаѓа од Tipo 33, но сега со 2.6 литри работна зафатнина и ограничен на 200 коњски сили. Моделот располага со исклучителна гама на бои, како пастелни, така и метализирани: од зелената (веќе употребена за изложбениот примерок на Експо) до сребрена, од портокалова до златна. Истражувањето во боите е традиција на Alfa Romeo која ќе ја сретнеме и во наредните приказни – а, продолжува до ден денес, co предлог за нова палета на бои на каросеријата: Црвена Villa d’Este, Окер жолта GT Junior и зелена Montreal. Бои инспирирани од 110-те години живот на Марката и посветени на некои од нејзините најславни модели.

AR
Ви треба информација? Разговарајте со нас