Приказни Alfa Romeo 10
“Приказни Alfa Romeo”, десетта епизода – во Giulia и Stelvio се собрани 110 години на италијанска извонредност
Во неделата на стоидесеттиот роденден се затвора и серијата “Приказни Alfa Romeo”, со автомобилите кои денес ги претставуваат 110-те години на стилска и технолошка извонредност Made in Italy.
Giulia и Stelvio се врвниот израз на “Механиката на чувствата”: проект кој го постави возачот на прво место, во центарот, за да му овозможи возбудливо возење.
Тop-down пристапот овозможи да се развие гамата на Giulia и онаа на Stelvio тргнувајќи од извонредните верзии Quadrifoglio (Четирилисна детелина). Извонредните перформанси се дел од DNA и на двата модела кои во верзиите Quadrifoglio постигнаа рекорди за почит во категоријата во Нирбургринг.
Првиот SUV кој е и Alfa Romeo, меѓудругото, уште на неговото лансирање ја освои титулата најбрз SUV на сите времиња.
И не само со рекорди на тркачката патека: Giulia и Stelvio се најнаградуваните автомобили на Alfa Romeo од кога и да е.
Alfa Romeo се враќа во Нирбургринг
Денот е од оние кога небото над Нордшлајфе е како насликана позадина. Величенствените обласи се надвиваат над зелениот венец на патеката. Воздухот е свеж и сув, идеален за да се седне зад волан. Два месеци по претставувањето, Giulia Quadrifoglio е повикана да ги покаже своите квалитети на пистата, на која којзнае колку пати Алфа Ромео победила: “Grüne Hölle”, “зелениот пекол“ на Нирбургринг.
Се чини како прекаророт да е измислен за Сер Џеки Стјуарт од шеесетите години, не може да му прилега повеќе отколку сега. Патеката се чини како да ја исцртал лично ѓаволот: преку 70 остри кривини кои наизменично се менуваат и угорнини и удолнини, со 300 метри нерамнини.
Во зоната на старт, подготвено чека Giulia Quadrifoglio. Не е специјално подготвена, нема гуми “slick”, нема сигурносен ролбар: а, е токму онаков автомобил кој може да купи секој. Не случајно и возачот – облечен во фармерки и џемпер – изгледа како и секој друг. Нема зелено светло за да го означи почетокот ниту пак на крајот има знаменце со црно-бели коцки за да го означи крајот на кругот, но адреналинот е ист како и во самата трка: треба да се урне рекорд.
Возачот ја става ДНК-та на Алфата во начинот “Race” и притиска на гасот. Го отпушта после 7 минути и 32 секунди. Времето е неверојатно: дури седум секунди под претходнот рекорд од 2015.
Една година и нешто малку потоа, Stelvio оди понатаму: на крајот од кругот, хронометарот запира 8 секунди под претходниот рекорд во категоријата.
Giulia и Stelvio се најбрзи лимузина и SUV на сите времиња, на една од најтешките патеки на светот. Рекорд кој тешко да ќе може да се изедначи.
Кој е Џорџо?
Се наоѓаме во 2013 година кога името Џорџо за прв пат се појавува во печатот на овој сектор: се создава нова генерација на Alfa Romeo, се чита, и Џорџо е платформата врз која оваа генерација се создава. Там-там на социјалните мрежи. Многумина се прашуваат од каде доаѓа името. Најромантичните претпоставуваат дека е во чест на Тацио Џорџо Нуволари. Останатите сметаат дека е тоа личен избор на маркионе. Никој никогаш нема да го соопшти вистинскиот мотив. Она што е сигурно е тоа дека Џорџо ќе има заден и интегрален погон и дека има многу амбициозни цели.
Куќата планира големи инвестиции во платформата и во фабриката во касино, наменета да го пречека производството на новите модели. Најнапред ги организира најдобрите технички ресурси во наменските “think thank” (Група експерти вклучени во анализа и решавање на комплексни проблеми, особено во областа на економската, политичката или воената област). Од проектантите се бара да се тргнат на страна старите правила и навики, да се размислува надвор од шемата, да се “верува, да се сонува и да се создава”.
Кои се Skunks – Сканкси
Припадниците на тимот Џорџо се изолираат од останaтиот дел од Куќата за да се сконцентрираат само на новата платформа. Во меѓусебниот разговор во Куќата добиваат посебен прекар, кој го прифаќаат со гордост. За да дознаеме што се крие зад ова име треба да се вратиме кон неговото потекло, да направи чекор наназад во шеесетите години.
Кларенс Леонард “Кели” Џонсон не е проектант на Alfa Romeo, но неговото минато подеднакво нè интересира. Кели е аеронаутички инженер на Lockheed Martin, и во 1943 е поставен за шеф на еден специјален проект: да почне од нула и за шест месеци да проектира ловец, кој ќе направи разлика на небото после Втората светска војна. Делува невозможно да се одговори на предизвикот: но тој прифаќа по услов да добие зелен картон за сè што следи. На крајот од преодреденот период – дури една недела порано – го испораува “XP-80 Shooting Star”, првиот американски ловец. Неговиот тим се вика “Skunk Works”.
Затоа, за себе и за останатиот дел од Куќата, групите кои го работат Џорџо стануваат “skunks”. И тие поаѓаат “од бел лист хартија”, имаат многу кратко време и многу амбициозна задача: да го постават возачот во центарот и да понудат возачко искуство, достојно на вредностите и традицијата на Alfa Romeo. На нивната работа се заснова новата генерација на производи на Марката.
Лансирањето на Giulia во новиот музеј на Alfa Romeo
Верзијата која до максимум ги искажува квалитетите на платформата Џорџо и е апсолутно најспортска е Giulia Quadrifoglio. Куќата решава да го присвои пристапот top-down, и прва да го претстави.
Лансирањето е нестрпливо исчекувано, а се одвива во најголема тајност: ниту во печатот не се појавуваат какви и да се фотографии или пак технички карактеристики. Ниту пак името.
Новата Giulia е откриена на светот на 24 јуни 2015: специјален ден од многу причини. Роденден е на Марката, 105-ти. Создаден е автомобил кој обожавателите со нетрпение го очекуваа и Alfa Romeo повторно има дом: на нотите на “Nessun dorma” (Никој не спие) на Пучини, маестро Андреа Бочели ја поздравува Giulia во салите на обновениот Историски музеј во Арезе. Минатото и иднината се сретнуваат.
Новата Giulia
Целите на производот се впишани во историјата на Марката: авангардни и иновативни мотори, совршена дистрибуција на тежините, единствени технички решенија, најдобар сооднос тежина/моќност во категоријата – и природно, извонреден дизајн со единствен италијански печат.
Агрегатите на Giulia се сите нови и целосно изработени во алуминиум. 6-те цилиндри во би-турбо бензинецот на Quadrifoglio испорачува 510 коњски сили по 600 њутни/метар, сензационални вредности за лимузина со средна големина со четири врати. Масите и материјалите се проектирани така да гарантираат совршена распределба на тежините: 50/50 помеѓу двете осовини.
Има многу иновативни технички решенија: целиот автомобил е нов проект. Предното потпирање е со двојни вилушки и семи-виртуелна оска на воланот за подобро да се контролира аголот на суспензија и да се добие оптимално прилепување до тлото: двете двојни долни вилушки создаваат движење “како ножички” што создава чувство на линеарност во какви и да е услови со рекорден сооднос на вртење (помал од 12:1). За задната сузпензија/потпирање се воведува новата шема Alfalink™, multilink систем со четири вилушки и половина: многу тврдо на кривина и истоврменео многу флексибилно на „прав пат“. И двете решенија се “made in Alfa Romeo”.
Лесна и секогаш под контрола
За да ѝ обезбеди на Giulia најдобар сооднос тежина/моќност, се користат ултралесни материјали во сите делови на автомобилот: алуминиум (за основата и главата на моторот, делови на каросеријата и за суспензиите); композит од алуминиум и пластичен материјал (за задната трансверза); карбонски влакна (за преносната осовина, капакот на моторот, кровот, но и за структурата на предните седишта). Целото “body-in-white” („голо тело“) тежи само 322 kg. Од електрониката се бара само да се зголеми сигурноста и уживањето во возењето, но без да го замени тој што вози. За ова, тимот Џорџо развива специфични системи со јасна конотација Алфа Ромео: од интегралниот погон Q4 (кој интервенира автономно и само кога е потребно) до Integrated Brake System (кој ги управува уредите за кочење и контрола на стбилноста), од диференцијалот со линеарно пролизгување (кој го подобрува одговорот на кривина) до Torque Vectoring (кој на програмиран начин ја програмира моќноста на задните тркала, подобрувајќи го погонот и одговорот на воланот). За да ги координира функциите, тука е “супермозокот” претставен од ексклузивниот Chassis Domain Control.
Извонредните динамички особености на автомобилот се издигнати благодарение на суштински и напнат дизајн кој го истакнува својот италијанизам преку елегантната хармонија на на волуменот и техничката извонредност на исклучителните аеродинамички резултати (0,25 di Cx).
Што имаат заедничко Giulia и Quadrifoglio
За да ги создадат нивните ултраспортски верзии, речиси сите Куќи на производители ги збогатуваат основните модели, често менувајќи ги структурните елементи за да ги подобрат тежините и перформансите. Овие „макини“ се произведуваат на посебни производни ленти и во многу случаи се од трети добавувачи. Спротивно на ова, Giulia произлегува од Quadrifoglio – и тоа не само естетски: двете возила ја споделуваат архитектурата, употребата на лесни материјали, најголемиот дел од механиката, сè до монтажната лента во Касино. Резултат е единствен на пазарот: секоја Giulia, поаѓајќи од моторите, ја има истата распределба на тежините помеѓу предната и задната осовина, истата торзиона тврдост, истите шеми на воланот и суспензии на “врвот во спортската гама”.
Stelvio: првата Alfa Romeo која е и SUV
Платформата Џорџо не е создадена само за Giulia. Дојде моментот и за Alfa Romeo да се зацементира во сегментот на Utility Vehicles, најдинамичниот и најотворен за новитети. Така во февруари 2017 е создаден Stelvio, првиот SUV во историјата на Брендот. Предизвикот не е едноставен: да се направи возило кое ќе се движи подеднакво добро на снег и на терени, без да изгуби што и да е во поглед на перформанси, управување и контрола на пат. Со други зборови: SUV кој се вози како спортска лимузина. Во однос на Giulia, подот е повисок, со поиздигната позиција за возење. Зголемен е просторот кој е на располагање за патниците и за багажот. Зголемено е движењето на суспензиите, за да ја гарантира точната висина од земја на терените каде нема асфалт. И растојанието помеѓу тркалата е малку пошироко, за да се зголеми стабилноста. Но архитектурата и механиката остануваат непроменети, исто како и гамата на мотори и електронски системи. резултатот е автомобил кој ја има „душата“ на Alfa Romeo во телото на SUV”. Комбинација која ги изненадува сите и подарува единствени емоции при возење.
Спортска елеганција
Giulia и Stelvio го претставуваат врвот во своите сегменти во однос на перформансите и динамичкиот одговор. Основниот технички уред е – и останува – aвангарден. Затоа моделските години на двете возила и проектантите на Alfa Romeo го пренасочуваат своето внимание кон доживувањето зад воланот кое е и понатаму пријатно, сигурно и поврзано. Марката се упатува ко повтрорно освојување на нејзината традиционална територија: “спортската елеганција”. Концепт кој се провелкува низ годините на историјата на Alfa Romeo во секоја епоха: нема “premiumness” за оној кој поседува богатство без душа – туку идеална рамнотежа помеѓу формата, функцијата и забавата во возење. Лансирањето на Giulia и Stelvio MY20 озанува нов чекор во оваа насока.
Giulia и Stelvio Model Year 2020
На новите Giulia и Stelvio, најнапредните решенија се ставаат во служба на комфорот и задоволството да се живее типично италијански. Ентериерот на двете возила се редизајнира за уште повеќе да се подобрат квалитетот и елеганцијата. Поврзувањето станува главн протагонист, благодарение на системот за забава и информирање преку екранот на допир од 8,8 инчи и леснотијата на неговото користење. Телематската понуда е комплетирана од цела свита услуги на Mopar за управување на автомобилот на оддалеченост. Новите ADAS (Advanced Driving Assistance Systems – напредни системи за асистенција при возење) означуваат премин од прво на второ ниво автомномија: системите не се ограничени во известувањето на возачот, активни се и во случај на потреба, издигнувајќи ја на тој начин безбедноста на автомобилот.
Најнаградувани автомобили на Alfa Romeo од кога и да е
Во текот на петте години постоење, Giulia и Stelvio стануваат најнаградуваните Alfa Romeo од кога и да е: 170 интернационални признанија – доделени од најзначајните списанија и менидуми, изглассани од експерти или од директни клиенти, посветени на иновацијата или на стило. Поаѓајќи од “Eurocarbody of the Year” 2016, доделена за најдобар проект за архитектура на возило, за да продолжи со бројните награди за стил и дизајн. Ѕидот е полн со признанија и награди кои продолжуваат да пристигнуваат. Тука се и „Car of the Year 2020”, која експертското жири на “What Car?” го додели на Giulia Quadrifoglio трета година по ред, откако ја спореди со сите останати спортски лимузини на пазарот. Мотивацијата е и вистинската причќина за гордост на проектантите на Alfa Romeo: “автомобил со високи перформанси кој може да се вози секојдневно”.
