Приказни Alfa Romeo 3
“Приказни Alfa Romeo”, трета епизода: 6C 2500 Villa d’Este е најелегантната синтеза на начинот како да се направи концепт за автомобил.
Во годините на Втората светска војна се согледува врвот на врвната изработка на една модерна производна организација, а автомобилите Alfa Romeo продолжуваат да бидат главно обележје.
6C Villa d’Este е вистинска лекција за елеганција, технички новитети, перформанси, престиж.
Околу овој автомобил се испреплетуваат сториите на славните личности, икони на своето време, како што се Тајрон Пауер, Евита Перон, Рита Хејворт па сè до Раниери III од Монако така сè до дваесетгодишниот Валентино Мацола кој работел во Портело кога во 1939 е произведен првиот автомобил од новата серија.
Симбол на една епоха
Кога 6C 2500 Touring продефилира на пистата во Чернобио, пролетта 1949, на сите им беше јасно дека ќе го освои златниот Куп. Класата и уникатноста на нејзините линии се такви, што природно беше “ad honorem” да победи на најзначајниот Конкурс за елеганција.
Но, 6C 2500 Villa d’Este не е само врв на стилска убавина. Овој автомобил истовремено е исказ на врвна уметничка изработка и исказ на една најсовремена производна организација.
Дојде од Тревизо и го освои светот
Да се вратиме чекор наназад. Кога во 1939 беше создадена Аlfa 6C 2500, веќе шест години на чело на инженерскиот тим во Портело беше инженерот Уго Гобато. На Alfa Romeo Гобато ѝ донесе багаж со значајно индустриско искуство : по дипломирањето во Германија, управувал со работилниците на Марели и во Лингото во Торино и е меѓу главните уметници во создавањето на проектот “од зелената ливада” на првата, гигантска фабрика за лагер куглички во Советскиот Сојуз.
Човек од работилница, кој можел често да се види меѓу производните линии и имал одлична соработка со луѓето од производството, се обидел да разбере дали работата се управува ефикасно. При неговото доаѓање, првата грижа му била да го издвои сето тоа што не функционирало: “неефикасната машинерија”, “нехармоничен дел од производна линија”, “лажно движење на материјалот”. Тргнувајќи од ваквата анализа Гобато ја започнува неговата операција. Неговата методска лекција е собрана во два прирачника објавени во 1932 под наслов “Организација на факторите на производство”: Гобато пишува теорија и активира една вистинска синтеза помеѓу потребите од современ индустриски систем и традицијата на филигранска прецизнот кои ја издвојуваат Куќата од тој момент.
“Вонсериска производна рационалност”, така се нарекува, а тоа се конкретизира со вклучувањето на млади инженери. Co нив, во фабриката влегуваат и нови норми и современи правила. Оттаму произлегува и јасно определена хиерархија, прецизни задачи и сразмерни плати.
Млади надежи
Во рамките на оваа огромна работа на ревизија во Портело, во близина на фабриката изградено е и фудбалско игралиште, со атлетски патеки и мала трибина.
Во 1938: тимот на доработка, фудбалскиот тим на Alfa Romeo, победува во регионалната лига и се вклучува во серија C (Трета лига). За таа прилика е ангажиран млад надежен фудбалер кој е привлечен со понудата за постојано вработување како механичар во Портело. Станува збор за идниот капитен на националната репрезентација, големиот од Торино, Валентино Мацола.
Којзнае дали големиот Валентино некогаш и почнал да работи како механичар на една 6C 2500? Единствено што е сигурно е дека бил вработен во времето кога во Портело во 1939 бил произведен првиот автомобил од новата серија.
6C 2500
Директна еволуција на 6C 2300 и 2300 B кои ѝ претходеа, Аlfa 6C 2500 наследува неколку значајни технички новитети како што се задно потпирање со торзиони шипки со телескопски амортизери и веќе не механички, туку хидраулични кочници.
Перформансите стануваат сјајни: нивото на моќност се искачува до 110 коњски сили на Super Sport, која развива брзина и до 170 километри на час. Автомобилот дебитира на трките со победа на трката Тобрук-Триполи во 1939 co каросерија “со широки крила”, каде се интегрирани браниците во школката.
Уште еднаш, техничката уникатност на моделот и спортските успеси стануваат клуч за привлекување на клиентите од елитата. Производството започнува со верзиите Turismo со пет или седум седишта, па Sport и Super Sport co кратко меѓуоскино растојание со кои се укажува доверба на надворешни каросеристи. И покрај цената (од 62 до 96 илјади лири), приемот од страна на купувачите е повеќе од позитивен. Постигнува огромен успех на продажба: 159 продадени автомобили кои вредат колку 1.200 автомобили Fiat 508 Balilla.
Враќањето на 6C
По Втората светска војна потребно е да се пренаменат фабриките од воено во цивилно производство. Портело е бомбардирана во 1943 и 1944 и плаќа висока цена. Да се почне одново со произведување на автомобили не е лесно и потребни се огромни напори да се почне од последниот модел на Куќата, 6C 2500, за кој се сочувани на лагер неколку механички делови.
Во 1945 произведени се само неколку примероци на 6C 2500 Sport. Техничките лица и работниците ги гледале како остварување на сонот. Надвор од Портело, Милано како и многу други градови во Италија се делумно разрушени, а економијата е на колена: сепак, претпријатијата треба да започнат со работа и се обраќаат на црниот пазар за да ги обезбедат потребните материјали и горива за функционирање на фабричките оддели.
6C 2500 Cabriolet, специјалитет на Пинин Фарина
Во 1946 производството се искачува на 146 примероци, меѓу кои автомобили и само шасии испорачани до каросеристите. Една од шасиите се опремува во верзија кабриолет, и се носи на Саемот за автомобили во Париз. Италија, како поразена земја е исклучена од манифестацијата – затоа, каросеристот, претприемач, решава да ги постави на самиот влез на Гран Пале, за вечерта да ги постави на самиот плоштад Опера. Ова е доволно да се зачне успехот на моделот и на негоиот креатор, Батиста “Пинин” Фарина.
Во Портело, и понатаму сме во 1946, се раѓа шасија за верзијата Sport на оригиналниот модел Freccia d’Oro (Златна стрела), co заоблен заден дел којшто го интерпретира последното постигнување на аеродинамиката. Почнувајќи од овој модел започнуваат остварувања со висок дострел. Пинин Фарина потпишува едно елегантно coupè (двосед), чии линии претставуваат предавање за останатите како и една лимузина наградена на натпреварот во Чернобио. Возачот Акиле Кастолди купува едно coupè Touring и на Саемот во Женева го повторува она што го направи Фарина во Париз.
Автомобил на “убавиот свет”
Тајрон Пауер поминува низ Рим со својата Аlfa Romeo 6C 2500, Хуан Перон и неговата жена Евита ја сакаат за да се провозат низ Милано. Ја купуваат и личности како кралот Фарук од Египет, принцот Рение III од Монако. Кога на 27 мај 1949 Рита Хејворт доаѓа кај принцот Али Кан во Кан за нивната свадба, доаѓа со 6C 2500 кабриолет на Пинин Фарина која штотуку ја има добиено како негов подарок за свадбата. Моделот има елегантна каросерија во сива боја со кров и внатрешност во сина боја кои совршено се вклопуваат со фустанот на невестата.
Отпрвин, свадбата е предвидена за почетокот на месецот, но се поместува поради трагедијата во Суперга, како израз на волјата на Принцот – роден во Торино – и голем љубител на фудбалот. Така се затвора кругот кој започна 1939 co раѓањето на првата 6C 2500, кога во Портело започна да тренира тогаш уште непознатиот Валентино Мацола.
6C 2500 SS Coupé Villa d’Este
Стигнавме до двоседот Villa d’Este, кој можеби претставува синтеза на сè убаво направено дотогаш за и во автомобилите.
6C 2500 SS “Villa d’Este” е еден од последните модели на Alfa Romeo кои се реализираат со носечка шасија, одвоена од каросеријата. Произведена е во само 36 примероци, сите различни помеѓу нив, зависно од желбите на клиентите и инспирацијата на каросеристите.
Поаѓајќи од двоседот 6C 2500 SS Coupé, реализиран од верзијата Touring, Бианки Андерлони воведува значајни промени: го реизајнира предниот дел, четирите фарови подобро се вклопуваат во каросеријата, се појавуваат два исдолжени отвори за воздух поставени одозгора. Поткрилата се интегрирани во страницата, но доволно се евидентни. Предното стало е двоено и наведнато. Одзади, многу ниско и истакнато се поставени два мали и елегантни, тркалезни фарови.
Создадено е ремек-дело на автомобилската уметност на дваесетиот век.
Во изданието од 1949 на натпреварот за елеганција, Villa d’Este ја добива главната награда “Gran Premio Referendum”, наградата од публиката – и нејзиното име станува поим со кој се идентификува овој настан.
